fbpx

Тендер за реконструкција на блок А во студентскиот дом „Гоце Делчев“

-

Министерството за образование и за наука објави оглас за санација и за адаптација на блокот А на студентскиот дом „Гоце Делчев“ во Скопје, чија проценета вредност за градежни активности изнесува 80 милиони денари или 1,3 милион евра.

Според електронскиот систем за јавни набавки, понудите на заинтересираните компании треба да се поднесат до 7 декември во 11 часот.

„Предмет на договорот за јавна набавка се санација и адаптација на СД „Гоце Делчев“, блок А, односно ќе се изведуваат градежно-занаетски работи од типот на замена на прозорци, замена на подови, врати, молеро-фарбарски работи, плочки и осветлување во согласност со потребите и други занаетчиски работи, но при тоа не се менува ниту функцијата ни надворешниот изглед на објектот“, се вели во подетален опис на предметот на договорот за јавна набавка.

Премиерот Никола Груевски викендов најави изградба на нови три студентски домови во Македонија. Два од нив ќе бидат изградени во Скопје, а нов студентски дом ќе добие и Тетово.

– Доста работевме на наоѓање локации за студентски домови, баравме локации каде има државно земјиште, каде што мислиме дека може да се изгради студентски дом. Практично, на крајот, излезе дека во Скопје веројатно ќе се градат два студентски дома. Едниот е на местото на сега веќе руинираните бараки во „Медицинар“, кои веќе не се во функција – рече Груевски.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Учениците во Македонија од понеделник за првпат на пролетен распуст

Учениците од основните и средните училишта низ државата од понеделник, 29 април па до 6 мај, ќе бидат на пролетен распуст. Покрај пролетниот распуст кој годинава за првпат се воведе...