Одбележан денот на раѓањето на Гоце Делчев

Претседателот Стево Пендаровски и делегација на Владата, Собранието и Градот Скопје, денеска со положување на свежо цвеќе на вечното почивалиште во црквата „Св. Спас“-Скопје и пред споменикот во Градскиот парк го одбележаа денот на раѓањето на великанот на македонското револуционерно дело и државност, Гоце Делчев

-

Претседателот Стево Пендаровски и делегација на Владата, Собранието и Градот Скопје, денеска со положување на свежо цвеќе на вечното почивалиште во црквата „Св. Спас“-Скопје и пред споменикот во Градскиот парк го одбележаа денот на раѓањето на великанот на македонското револуционерно дело и државност, Гоце Делчев.

Претседателот Пендаровски, заменик на претседателот на Владата Бојан Маричиќ, министерката Бисера Костадиновска Стојчевска и заменик министерот Беким Реџепи, во чест на 152 годишнината од раѓањето на Гоце Делчев, цвеќе положија на неговиот гроб во цркватата „Св. Спас“.

Делегација составена од министрите Љупчо Николовски и Каја Шукова и  националниот координатор за интеркултурализам Роберт Алаѓозовски, како и градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, положија цвеќе на споменикот на Гоце Делчев во Градскиот парк во Скопје.

Цвеќе положи и делегација на Собранието, предводена од потпретседателот Горан Мисовски, како и поглаварот на МПЦ-ОА, г.г. Стефан и претставници на дипломатскиот кор.

Г.г. Стефан истакна дека споменот за Гоце останува и дека љубовта кон него не се намалува, како и дека не треба да размислуваме само колку се гордееме со Гоце, туку и колку тој се гордее со нас и дали не смета за родољубци подготвени да ги бранат неговите аманети.

Македонскиот револуционер Гоце Делчев е роден на 4 февруари 1872 година во Кукуш, во семејството на Султана и Никола. Се школувал во гимназијата во Солун и на Воената академија во Софија. Учителствувал во Штип, а како член на Централниот комитет на ТМОРО работел на создавање мрежа на бази, комитети и комитски чети на Организацијата. Бил организатор на борбата за слобода на македонскиот народ заради што на 4 мај во 1903 бил убиен од турска војска во селото Баница.

Агенцијата за катастар на недвижности со кампања во борба против корупцијата

Преку превентивната кампања „Не биди соучесник – пријави обид за корупција“, Агенцијата за катастар на недвижности вели дека ќе работи на подигнување на свеста за спречување корупција во институцијата. Од...