fbpx

Обама: Копнен напад на ИД би бил грешка

-

Претседателот на САД, Барак Обама, изјави дека испраќање американски копнени сили во борба против Исламска држава во Сирија и во Ирак би било грешка.

Обама на конференцијата за новинари во Анталија, каде што се одржува самитот Г20, рече дека нападите во Париз се ужасен неуспех во борбата против Исламска држава, но истакна и дека САД нема значително да го смени пристапот во соочувањето со таа екстремистичка оргнизација.

– Стратегијата што ја користиме е стратегија која на крајот ќе се исплати – рече Обама, додавајќи дека ќе биде потребно време за тоа.

Обама рече дека испраќањето копнени сили ќе биде грешка и дека нема да успее, освен ако САД не одлучат тоа да биде трајна окупаторска сила во регионот. Тој додаде дека ова не е само негово гледиште, туку дека е став на неговите најблиски воени и цивилни советници.

Американскиот претседател истакна дека Исламска држава е лицето на злото и дека сите држави треба да ги зајакнат своите напори во борбата портив таа закана.

– Треба да направиме сè што можеме за да се заштитиме од нови напади и да ги заштитиме нашите луѓе – изјави Обама.

Тој додаде дека САД ќе ги интензивираат воздушните напади на положбите на ИД, како и обуката и вооружувањето на умерената опозиција во Сирија. Обама наведе дека борбата против ИД бара учество на луѓе од Ирак и од Сирија и одбивање идеолошки екстреми.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Дебар Маало го прослави роденденот на Горан Стефановски

Во чест на роденденот најпознатиот македонски драматург, во Дебар Маало денеска повторно се слушаше гласот на Горан Стефановски преку неговите аудио драми кои ги пушташе платформата „Самоглас“. На настанот организиран...