fbpx

„Тајм“: Македонија и Косово меѓу десетте земји со најниски трошоци на живот

-

Американскиот магазин „Тајм“ направи листа со земји во кои е најевтино да се живее, во кои Косово е на четврто место, а Македонија на десетто.

Србија е на 18. место, Црна Гора на 26. позиција на ранг-листата, а од регионот во листата најдоа место и Босна и Херцеговина, на 11. место,  Словенија на 36. позиција и Хрватска на 47. место.

Десетте земји најевтини за живот се Јужна Африка, Индија, Косово, Саудиска Арабија, Казахстан, Замбија, Оман, Парагвај, Чешка и Македонија.

При составувањето на листата, земјите биле рангирани според индексот на локалната куповна моќ, висината на закуп на недвижностите, цената на продуктите и индексот на малопродажните цени, а резултатите се споредувани со стандардот на животот и со цените во Њујорк.

За Македонија се вели дека локалната куповна моќ е за 49 отсто пониска, киријата е 94 проценти поевтина, продуктите се за 73,3 отсто поевтини, а локалните добра и услуги исто така се поевтини за 68,6 отсто во однос на тие во Њујорк.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ЕИБ: Нема доволно податоци од регионалните претпријатија за да се процени нивниот импакт на околината

Според ново истражување на Европската инвестициска банка (ЕИБ), малите и средните претпријатија во Централна, Источна и Југоисточна Европа (ЦИЈИЕ) не објавуваат доволно информации во однос на ЕСГ, мерка со...