fbpx
Таг: Закон за високо образование

таг: Закон за високо образование

Се унифицираат платите на јавните универзитети, изгласани измените на Законот за високо образование

Со законска интервенција во Законот за високо образование, кој по скратена постапка беше изгласан денеска, се изедначи вредноста на коефициентот за исплата на плата на вработените во јавните високообразовни установи од буџетската сметка во државата. Тоа значи дека отсега, ќе биде изедначена платата на вработените во јавните високообразовни установи, која се исплаќа од средствата на буџетската сметка, за иста сложеност,...

Професор Кочов: Ни треба нов ЗВО во кој студентите и научните истражувања поддржани од ЕУ ќе ни бидат приоритет

Во академските кругови сè повеќе се зборува за најавените измени на Законот за високо образование (ЗВО), кои универзитетски професори допрва ќе треба да ги подготвуваат. Изминатиов период има и поединечни реакции од професори дека процесот е нетранспарентен и дека законот се крои зад затворени врати. За тоа што сè е потребно да се менува, во ова интервју за Мета.мк...

НАкС реагира дека измените на Законот за високо образование се вршат нетранспарентно

Независниот академски синдикат (НАкС) реагира дека со голема загриженост ги следи најавите за измена и дополнување на Законот за високото образование. Од НАкС велат дека предмет на измени е законот за високо образование од 2018 година кој беше донесен со широк консензус, додека неговата содржина беше предмет на длабоки консултации со сите чинители. Синдикатот реагира дека останува нејасно како дошло...

Се подготвуваат измени на Законот за високо образование, но нема официјални информации што ќе се менува

Министерот за образование и наука Јетон Шаќири пред неколку месеци покренал иницијатива и повикал професори од високото образование да дадат свои предлози и идеи за измена на Законот за високо образование, потврди Министерството за образование и наука. Засега, оттаму не соопштуваат детали околу тоа што точно ќе се менува иако информираат дека во моментов експертска група ги анализира веќе...

Истражување на НАкС: Студентите бараат практична настава на факултетите

Студентите се задоволни од квалитетот на високото образование во делот на теоретската настава, но и сметаат дека значително треба да се унапреди застапеноста на практичната настава во содржините на студиските и наставните програми и инфраструктурните услови за спроведување ваква настава. Ова го покажа истражувањето спроведено во рамките на проектот „Квалитетот на наставата во високото образование“ раководен од Независниот академски...

Законот за научно истражувачка дејност ќе биде донесен догодина, неопходни се стратегија и финансии

„До крајот на идната година, очекуваме да се донесе Законот за научно истражувачка дејност, но не порано бидејќи до тој момент капацитетот во Министерството за образование и наука е слаб. Дотогаш е предвидено помала група со предлог на професори од сите универзитети да направи драфт верзија за која до март месец ќе можеме транспарентно и отворено да дискутираме. Верувам...

Државата бара институција што по четврти пат ќе ги рангира македонските универзитети

Министерството за образование и наука започнало постапка за избор на институција која по четврти пат ќе ги рангира македонските државни и приватни универзитети, информираат оттаму за „Мета“. Новина е тоа што, согласно новиот Закон за високо образование, наместо на секои две, високообразовните институции ќе се рангираат на секоја трета година. Националната ранг-листа на универзитети, се прави за да придонесе за...

МОН почна со подготовка на новиот закон за високо образование со фокус на реформите

Министерството за образование и наука (МОН) денеска почнува со подготовка на новиот закон за високо образование, кој е дел од реформските процеси на Владата. Како што се наведува во известувањето за почеток на процесот за подготовка на законот за изменување и за дополнување на Законот за високото образование, целта на на овој закон се „суштински реформи во Законот за високото...

Адеми: Нема амбиент да се расправа за новиот закон за образование

Министерот за образование и наука, Абдилаќим Адеми, вели дека сè уште нема амбиент да се расправа во Собранието за новиот закон за образование, затоа што политичките партии, имајќи ја предвид актуелната ситуација во земјава, имаат други приоритети. - Ние пред неколку месеци почнавме со консултации и формиравме заеднички групи со УКИМ, со студентскиот и со професорскиот пленум, меѓутоа по неколку...

„Студентски пленум“ излегува од работните групи со МОН

Апсењето на студeнтите и упадот на полицијата во библиотеката „Браќа Миладиновци“ е причинта поради која студените ќе излезат од работните групи што ги формираа со Министерството за образование и наука, а во кои требаше да го подготват новиот закон за високо образование. - Поради крахирањето на политичките процеси и на демократските вредности, се зголемуваат нашите сомнежи во капацитетот на оваа влада...

Пратениците ги изгласаа измените на Законот за високо образование

Пратениците, кои пред неполн месец во Собранието дискутираа дека Законот за високо образование е добар и дека ваков закон недостигал за да се доведе во ред високото образование, денеска кренаа рака и гласаа да се одложи примената на некои одредби од Законот, со образложение дека недостигала дебата. - Сакам да ја изразам поддршката за одложувањето на Законот. Владата имаше слух...

„Студентски пленум“: Можна е окупација, дијалог или и двете истовремено

Претставниците на „Студентски пленум“ на вечерашниот генерален пленум, кој се одржа на Архитектонскиот факултет, расправаа за следните свои чекори во врска со измените на Законот за високо образование. На дневен ред имаше три предлога: да се оди на работна средба со Министерството за образование и наука и на Сенатот на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, да се „окупираат“ универзитетите...

„Студентски пленум“: Ќе тргнеме на предавања, па ќе одлучуваме за бојкот

Студентите од неформалната студентска организација „Студентски пленум“ велат дека сè уште се во координација и немаат одлучено која е наредната мерка што ќе ја преземат откако Собранието ги усвои, а претседателот Ѓорге Иванов ги потпиша измените на Законот за високо образование. - Деновиве имаме интерни пленуми на факултетите, а во текот на наредната недела ќе одржиме заеднички голем пленум. Засега немаме...

„Студентски пленум“ ја продолжува битката против законите за образование

„Ниту државнички, ниту професорски“ потпис на указите со кои се носат срамните измени во законот за високо образование, напиша „Студентски пленум“ на својата фејсбук-страница, откако претседателот Иванов стави потпиис на законите за високо образование. На социјалната мрежа пленумците ги прашуваат студентите дали се подготвени да покажат револт. - Студенти, спремни ли сме да го покажеме револтот повторно, но и поинаку - прашаа преку „Фејсбук“...

Фејсбук-реакции за донесувањето на Законот за високо образование

Социјалните мрежи се преполни со реакции по усвојувањето на Законот за високото образование. Може да се прочитаат постови за пратениците, за студентите, за претседателот Ѓорге Иванов, но и повици до студентите „да не се откажуваат од борбата“. Професорите и студентите денеска, откако пратениците го изгласаа  законското решение, пред Собранието организираа погреб на високото образование. Еве некои од првичните реакции: „Ружен ви е законот“ „Mилион народ на...

Професорите и студентите „го погребаа“ високото образование

Околу 150 професори, студенти и граѓани кои ги поддржуваат, со свеќи в раце, се собраа вечерва пред Собранието за да го „погребат“ високото образование. Погребот на високото образование почна половина час откако пратениците во Собранието ги усвоија измените во Законот за високо образование. Пленумци велат дека одлуката погребот на високото образование да го одржат пред Собранието има симболика затоа што...

Собранието го усвои Законот за високо образование

По неколкучасовна расправа, пратениците во Собранието  со 67 гласа „за“ и со девет „против“, ги усвоија промените во Законот за високо образование, со кои се предвидува воведување државен испит и се менуваат критериумите за избор во звања. Министерот за образование, Абдилаќим Адеми, рече дека Владата го прифаќа амандманот со кој се предвидува спроведување на пилот-државен испит. Пратеникот Павле Трајанов од Демекратски...

Пратениците расправаа за Законот за високо образование

Пратениците во Собрание расправаа за измените на Законот за високо образование. На самиот почеток на расправата, министерот Абдилаќим Адеми кажа дека ќе има пилот-проект за државниот испит. Пратеникот од ДПА, Беким Фазлиу, рече дека без ДУИ, ВМРО-ДПМНЕ нема да може да ги донесе овие закони. Фазлиу ги праша колегите од ДУИ зашто го поддржуваат овој пакет мерки кога во нив нема ниту...

Почна расправата за измените на законите за образование

Со 64 гласа „за“, двајца воздржани и шест „против“, пратениците во Собранието го изгласаа законот со кој се предвидува воведување академија за наставници. Пратеничката Солза Грчева кажа дека е скептична околу тоа како ќе се употреби и дали ќе се злоупотреби академијата на наставници. - Академија за наставници е познат концепт. Многу европски земји имаат. Никој нема ништо против дополнителни...

„Професорски пленум“ со писмо бара средба со претседателот Иванов

Претставници на „Професорски пленум“ денеска испратија писмо до претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, во кое се бара средба на која претставници на професорскиот и на студентскиот пленум би му ги образложиле своите ставови за предложените измени на Законот за високо образование, кој наскоро ќе се најде во Собранието. Интегрално ви го пренесуваме писмото: „Почитуван Претседателе Иванов, Во пресрет на собраниската седница...

НБО вели дека поскапеното автоосигурување е реално, Битиќи бара повлекување на одлуката

Порастот на цената на полисата на задолжителното автоосигурување се должи на континуираниот раст на цените на реосигурувањето, автомобилите, резервните делови и на порастот на платите и постојаната голема инфлациона...