fbpx
Таг: загадување

таг: загадување

Скопје се задушува во загаден воздух

Големо загадување на воздухот и високо ниво на канцерогените ПМ10-честички во 13 часот е забележано на сите мерни станици во Скопје, каде количеството на овие честички изнесува 465 микрограми на еден кубен метар, што е за повеќе од деветпати од дозволените 50 микрограми. Многу високо ниво на ПМ10-честичките, освен во скопските општини Центар, Лисиче, Гази Баба и на мерната станица...

Сите мерни станици покажуваат многу високо ниво на загаденост

Во 18 часот, сите мерни единици низ Македонија покажуваа многу високо ниво на загаденост на воздухот. Во Скопје количеството на ПМ10-честички изнесува 257 микрограми на еден кубен метар, што е повеќе од петпати над дозвелените 50 микрограми. Голема концентрација со овие честички има во скопските општини Центар, Лисиче, Гази Баба, како и на мерната станица Ректорат. На страницата за мерење...

Дождот го намали загадувањето, Скопје дише послободно

Дождот, кој денеска претпладне паѓаше во Скопје, го намали загадувањето на градот. Ако вчера загадувањето со ПМ10-честички изнесуваше 372 микрограми на еден кубен метар, што беше речиси седумпати повеќе од дозвелените 50 микрограми, денеска изнесува 150, што е трипати повеќе. Моментално, според податоците од страницата на Министерството за животна средина и просторно планирање, високо ниво на ПМ10-честичките е забележано само во скопските...

Скопје, Кичево и Тетово утрово дишат отров

Загадувањето во Скопје измерено во 10 часот утринава изнесува 319,69 микрограми на еден кубен метар, што е речиси седумпати повеќе од дозвелените 50 микрограми. Нивото на загаденост во Скопје од неделата во континуитет е многу високо. Ако загадувањето продолжи и во наредните четири дена, тогаш од Град Скопје треба да ги прскаат улиците со калциум-магнезум ацетат, Јавното сообраќајно претпријатие треба да воведе бесплатен...

Скопје се задушува: За пет дена пар-непар и бесплатен јавен превоз?

Загадувањето во Скопје измерено во 10 часот утринава изнесува 311,20 микрограми на еден кубен метар, што е речиси седумпати над дозвелените 50 микрограми. Високо ниво на загаденост во Скопје трае од неделата. Ако загадувањето продолжи и во наредните пет дена, тогаш од Град Скопје треба да ги прскаат улиците со калциум-магнезум ацетат, Јавното сообраќајно претпријатие треба да воведе бесплатен јавен превоз,...

Сите нè трујат, за мерките ќе почекаме

Загадувањето во Скопје измерено во 13 часот изнесува 161,83 микрограми на еден кубен метар, што е за трипати повеќе од дозвелените 50 микрограми. Моментално, според податоците од страницата на Министерството за животна средина и просторно планирање, стои дека многу високо ниво на ПМ10-честичките е забележано во скопските населби Центар, Гази Баба и на мерната единица Ректорат, како и во општина Тетово....

Тетовци протестираа против загадувањето од „Југохром“

Околу 200 граѓани, со заштитни маси на лицата и со пароли „Стоп за еколошкиот геноцид“, денеска протестираа пред комбинатот „Југохром“, објави „Нова ТВ“. Организатор на протестот е движењето „Еко герила“, чии членови уште еднаш побараа од раководството на комбинатот да постави филтри на оџаците. - Протестираме против загадувањето на воздухот во Тетово од страна на комбинатот „Југохром“, кој секојдневно ги труе...

Под лупа загадувањето и климатските промени во Источна Македонија

Присуството на фосфор и на нитрити во реките во Источна Македонија, останува да биде главен проблем. Во водите на реката Брегалница има повеќе од дозволеното присуство на кадмиум, манган, олово и на бакар. Поради тоа, состојбата со водите не може да се оцени како добра. Ова е заклучокот од анализите во рамките на обемниот Проект за управување на речниот...

Тркалезна маса „Интегрирано спречување и контрола на загадувањето во Македонија“

Tркалезна маса во рамки на проектот „Интегрирано спречување и контрола на загадувањето во Македонија“, ќе се одржи денеска во Стопанска комора на Македонија. На настанот ќе присуствува и министерот за животна средина, Нурхан Изаири.

СКУП: Секоја година, нови 4.500 случаи на заболени од рак

Во Македонија секоја година се појавуваат нови 4.500 случаи на карцином од различен вид, иако светските стручњаци тврдат дека оваа бројка е многу поголема, односно дека се работи за дури 7.000 случаи, објави во истражување СКУП-Македонија. Сепак, во моментов, државните институции не водат евиденција дали карциномот го добиваат претежно пациенти кои живеат покрај фабрики и топлани, а кои се сметаат за...

Повеќе од 1.000 битолчани маршираа за чист воздух

„Воздухот е живот, воздухот е право“ и „Ставете ги маските“ се само дел од пораките што ги скандираа битолчани на вечерашниот протест на кој побараа здрава животна средина и чист воздух. На Широк сокак се собраа повеќе од 1.000 граѓани, а меѓу нив и мали деца и старци, упатувајќи силна порака до надлежните дека „Битола сака чист воздух“. Учесниците на протестот своите...

СДСМ: Долго време требаше ВМРО-ДПМНЕ да го признае загадувањето во Битола

ВМРО-ДПМНЕ го призна загадувањето на воздухот во Битола, по многу алармирања од  СДСМ, изјави денеска претседателот на Општинската организација (ОО) на СДСМ во Битола, Васко Ковачевски. Тој посочи дека освен признанието, не е преземена сериозна мерка, туку само комичен обид. - ВМРО-ДПМНЕ го призна проблемот со загадувањето на воздухот во Битола. Но, наместо да преземе контретни мерки и да се...

„Југохром“ ќе нè труе уште две години

Од еколошкото здружение „Еко Герила“ се разочарани од владината одлука
„Југохром“ доби нов рок од две години и ќе продолжи да работи без обезбедена А-интегрирана еколошка дозвола. „Макстил“ соопшти дека донеле одлука за прекин на производството во погонот „Челичарница“ сè додека не ја инсталираат опремата. Партијата на зелените ДОМ е разочарана од одлуката на Владата да му дозволи на „Југохром“ да работи без да ги воведе потребните филтри и да...

(ВИДЕО) СДСМ: Владата е виновна за големото загадување

Македонската влада дозволи енормно повисоко загадување на воздухот, над максимално дозволените граници, со години. И покрај бројните апели за ризични последици, Владата не спроведе никаква заштита за здравјето на граѓаните и е директно одговорна затоа што секоја година се регистрираат нови 4.500 заболени од рак, од кои најголемиот број се од Скопје и од Полог, вели Пеце Мирчевски, претседател на...

„Макстил“ затвора, „Југохром“ бара ново продолжување на рокот

Во согласност со предвиддените обврски за реализација на оперативниот план за воведување еколошки стандарди, „Макстил“ од денеска го прекинува производството во погонот „Челичарница“. Како што информираат од компанијата, производството ќе биде прекинато во погонот сè до ставање во целосна функција на новата филтерска постројка. - Во претстојниот период, од ноември 2014 до јануари 2015 година, следува завршната фаза од реализацијата на...

ОБСЕ/ОДИХР: Одредени портали се создаваат само за да добиваат државни пари за изборите

Изборите во Македонија беа добро организирани, но имаше остра реторика, а недостига и регулација во сферата на онлајн порталите. Ова е генерално оценката на набљудувачите на ОБСЕ/ОДИХР и на...