fbpx
Таг: Скопје

таг: Скопје

За едно деноноќие гореле два автомобили во Скопје

Два автомобили гореле вчера и ноќеска во Скопје, извести полицијата. Првиот случај бил пријавен во полиција од скопските пожарникари, кои вчераутро известиле дека изгаснале пожар на автомобил на паркиралиштето до Меѓуградска автобуска станица. Пожарникарите ги известила скопјанка која управувала со автомобилот „бе-ем-ве“ со скопски таблички. Кажала дека штом го паркирала автомобилот, од кај моторот почнал да излегува чад. Вториот случај е...

Пронајдени двајца мртви мажи во Скопје, едниот бил во трафостаница

Две мртви машки тела се пронајдени вчера во Скопје, од кои едното е на засега непознато лице, а било пронајдено во трафостаница, извести СВР Скопје. Имено, вчера вработен во „ЕВН Македонија“ пријавил во полиција дека во подземна вклучена 10-киловолтна трафостаница, лоцирана во непосредна близина на Македонска опера и балет, пронашол безживотно тело на непознато машко лице. Екипа на брза помош констатирала...

„Гранит“, „Бетон“ и италијанска компанија ќе го градат новиот клинички центар во Скопје

Новиот клинички центар во Скопје во вредност од 72 милиони евра ќе го градат двете најголеми македонски градежни компании, „Гранит“ и „Бетон“, во соработка со една италијанска компанија, информираше денеска на прес-конференција министерот за здравство Никола Тодоров. – Оваа понуда е избрана како најприфатлива за доделување на договорот за изведба, а истовремено ги исполнува сите услови што се предвидени за изградба...

Дачиќ одговори на амбасадорите на САД: Дали ќе реагиравте вака ако го споменаа Скопје?

Како опасни, а не „невнимателни“ ги оквалификува денеска министерот за надворешни работи на Србија, Ивица Дачиќ, изјавите на премиерот на Албанија, Еди Рама, претседателот на Косово, Хашим Тачи, и на Јонуз Муслиу, градоначалникот на општина Бујановац, за обединување на сите Албанци и за создавање на „голема Албанија“. Со тоа тој одговори на амбасадорите на САД во Белград, Приштина и во...

Голем пожар во бараките кај ГУЦ на Партизанска

Голем пожар избил во бараките кај скопското училиште „Здравко Цветковски“, во близина на бензинската пумпа на „Макпетрол“ на булеварот Партизански одреди. Противпожарни екипи се на терен и се обидуваат да го изгасат огнот, кој целосно ги зафатил бараките. Нема информации за повредени, но поради густиот чад што се издига и е видлив на булеварот, наводно се евакуирани и учениците од средното...

Карл Билт денеска е во Скопје

Поранешниот шеф на шведската дипломатија, Карл Билт, преку својот твитер-профил најави дека денеска ќе дојде во Скопје. Иако нема објавено детали за посетата, тој на својот твитер-профил исто така напиша: „Нема изгледи за крај на уставната криза во Скопје. Разликите во ставовите помеѓу политичките партии се се подлабоки. Ситуацијата е мошне сериозна.“ https://twitter.com/carlbildt/status/853921883351379968 Неофицијално, Билт ќе се сретне со лидерите на политичките партии...

Кривични пријави за две лица кои извршиле 21 кражба

СВР Скопје поднесе кривична пријава против Б.В. (29) од Дебар и М.Ј. (21) од Скопје поради сомнеж дека извршиле вкупно 21 тешка кражба, со што стекнале противправна имотна корист од 2.763.500 денари и предизвикале материјална штета од 36.000 денари. Според МВР, Б.В. и М.Ј. ги извршиле кражбите во период од средината на ноември до крајот на декември минатата година, на...

Осум лица нападнале и ограбиле скопјанец

Триесет и едногодишниот скопјанец Ј.Ф. доцна синоќа бил физички нападнат од осум лица на улицата Дебарца. Без повод и причина, тие му се нафрлиле и удирајќи го во пределот на главата и по телото, му го одзеле лап-топот што го носел во рака, по што избегале. Како што соопшти полицијата, настанот се случил околу еден часот по полноќ. Се преземаат мерки за...

Малолетник убиен на Матка

Седумнаесет годишниот Х.И. е убиен денеска во скопското село Матка, откако при тепачка со 19-годишниот Е.А. бил прободен со нож. Како што информираат од МВР, инцидентот се случил околу 15 часот на влезот од селото Матка, при што Е.А. го прободел со нож во пределот на градниот кош малолениот Х.И., кој починал на самото место. Лицето можен сторител е приведено во...

Петнаесетгодишник повреден со нож од соученик

Петнаесетгодишен ученик со нож е повреден во пределот на вратот од страна на соученик, во тепачка што се случила вчера изутрина, околу 9 часот во Основното училиште „Петар Здравковски - Пенко“, соопшти денеска Министерството за внатрешни работи. Повредениот веднаш бил пренесен во Клиничкиот центар Скопје, од каде по укажаната лекарска помош бил пуштен на домашно лекување. Полицијата презема мерки за целосно расчистување...

Нападната екипата од „А1он“ на протестот „За заедничка Македонија“ во Скопје

Екипата на порталот „А1он“ вечерва била нападната и претепана кај Триумфалната капија за време на протестот на граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“. Петмина учесници на протестот, на крајот на собирот, ги нападнале снимателот Владимир Желчески и новинарот Александар Тодевски додека професионално го следеле настанот. Напаѓачите ја скршиле камерата на „А1он“, а Желчески и Тодевски, поради добиените повреди, се наоѓаат во...

Угина еден од морските лавови во скопската Зоолошка градина

Зоолошката градина во Скопје соопшти дека утринава угинал едниот од двата морски лавови што беа донесени од зоолошката од Загреб, а причината за угинувањето сè уште не е позната. „Ве известуваме дека денеска во утринските часови угина едниот од двата морски лавови, кои се дојдени од зоолошката градина од Загреб. Не знаеме дали ниската температура и временските услови се причината за...

Откажани летови на „Александар Велики“ поради густата магла

Густата магла и попладнево беше причина за откажување на дел од летови на аеродромот „Александар Велики“. Според податоците од интернет страницата на концесионерот на аеродромот ТАВ Македонија, денеска не слетаа авионите кои летаа од Истанбул, Цирих, Братислава и Малме, а не скопскиот аеродром не полетаа ниту авионите за Белград, Истанбул, Цирих и Малме. Откажан е и полноќниот лет од...

Нов пораст на загаденоста на воздухот во Скопје – најмногу ПМ10-честички во Лисиче

Попладнево најзагадена скопска станица е Лисиче. Според податоците на мерните станици на Министерството за животна средина и просторно планирање во 18 часот концентрацијата на ПМ10-честичките во Лисиче била 576,32 микрограми на метар кубен, во Гази Баба 547, кај Ректорат 520,01, во Карпош 379 и во Миладиновци 223,40. Синоќа мерните станици измерија рекордна загаденост во општина Карпош, каде нивото на ПМ10-честичките...

Веднаш да се преземат мерки за намалување на загаденоста на воздухот во Скопје, побара СДСМ

СДСМ денеска побара веднаш да се преземат мерки за намалување на загаденоста на воздухот во Скопје, откако вчера во Скопје беше измерено рекордно ниво на загадувањето на воздухот. - Речиси 25 пати над дозволеното. Загадувањето на воздухот трае многу подолго од законски дозволените 10 дена, по што властите се обврзани да преземат мерки. Ниту градската, ниту централната власт досега немаат...

Ограбен стан во Скопје

Непознат сторител украл 410 евра и накит вчера од стан на улицата Козле во Скопје. - Крадецот влегол во станот, сопственост на Н.Д. (70), со насилно отворање на прозорецот. Одзел 410 евра и накит и го напуштил местото, стекнувајќи противправна имотна корист од околу 60.000 денари - информира денеска Министерството за внатрешни работи. Се работи на откривање и на пронаоѓање на сторителот,...

Откажани летови на скопскиот аеродром поради густата магла

Поради густата магла во Скопје и во околината, отежнат е патниот и авиосообраќајот. На скопскиот аеродром „Александар Велики“, според податоците објавени на интернет-страницата на аеродромот, поради намалената видливост, не се реализирани летовите од и за Истанбул, како и полетувањата за Загреб и за Барселона. Од Автомото-сојузот на Македонија (АМСМ) соопштуваат дека магла со видливост од 50 до 100 метри има...

Скопје се задушува во ПМ10-честички, во Карпош нивото беше 24 пати над дозволеното

Загаденоста на воздухот во Скопје утринава е од четири до седум пати поголема од максимално дозволената граница пропишана во Европската Унија, односно 50милиграми честички на еден кубен метар. Утринава во девет часот, според податоците на мерните станици, нивото на ПМ10-честичките во скопските општини изнесувало: Ректорат 379,41 милиграми на кубен метар, Центар - 323,27 милиграми, Карпош - 305,86 милиграми, Гази Баба -...

СДСМ: Трајановски ќе даде отчет за криминалот

„На граѓаните не им е потребен денешниот отчет на Трајановски. Тие ги живеат последиците од неговото неодговорно владеење“, порача СДСМ, реагирајќи на денешното излагање на градоначалникот на Скопје, Коце Трајановски, за проектите реализирани или почнати во 2016 година. Партијата обвини дека Трајановски не направил ништо за заштита на здравјето на граѓаните, како и дека во многу делови нема елементарни услови...

Пожар во „Супер Тинекс“ кај Расадник

Пожар утрово избувнал во супермаркетот „Супер Тинекс“ на булеварот Борис Трајковски, кај Расадник, информира Противпожарната бригада на Град Скопје. Пожарот набргу бил изгаснат од пожарникарите кои стасале со три возила. Предизвикана е само материјална штета.

ОБСЕ/ОДИХР: Одредени портали се создаваат само за да добиваат државни пари за изборите

Изборите во Македонија беа добро организирани, но имаше остра реторика, а недостига и регулација во сферата на онлајн порталите. Ова е генерално оценката на набљудувачите на ОБСЕ/ОДИХР и на...