fbpx
Таг: Скопје

таг: Скопје

Ограбени три момчиња под закана со пиштол

Тројца тинејџери околу 1.30 часот синоќа биле ограбени во центарот на Скопје од три непознати лица, информираа од МВР. Според полицијата, непознатите машки лица со закана со пиштол извршиле разбојништво над Н.С. (17) , Б.Д. (18) и Д.И. (18), сите од Скопје, при што им одзеле 1.240 денари.

Момче нападнато и ограбено во Жена-парк

Дваесет и едногодишниот скопјанец Д.П. вчера, околу 19:50 часот, бил физички нападнат и ограбен во паркот Жена-борец. Како што соопшти МВР, десетина непознати лица извршиле насилство над момчето, при што физички го нападнале, удирајќи го со тупаници и со клоци, по што побегнале, а Д.П. забележал дека му го нема и рачниот часовник. За настанот известени се инспектори од Единицата за...

Заев најави помош за малите бизниси погодени од ланските поплави

Премиерот Зоран Заев денеска со претставниците на координативното тело на оштетените правни субјекти од поплавите во скопската населба Ченто и во околните населби разговараше за проблемите со кои граѓаните се соочуваат по минатогодишните поплави. Како што соопштија од владината прес-служба, од координативното тело оцениле дека институциите на државата не покажале никаков интерес за ефикасно решение, потенцирајќи ги штетите кои ги...

СДСМ: Погрешните политики на Трајановски се причината за загадениот воздух во Скопје

Коце Трајановски ја продолжува практиката на неговиот шеф, Никола Груевски, и лицемерно се однесува кон граѓаните на Скопје, реагираат од СДСМ, на најавата на актуелниот градоначалник дека ако добие уште еден мандат, ќе набави 20 нови двојни електрични автобуси што не го загадуваат воздухот „Човекот кој ги исече дрвјата во Скопје и придонесе градот да стане најзагаден град во Европа,...

Директорот на Државен студентски дом вели дека сите сметки за вода се платени

Невистина се тврдењата на ЈП „Водовод и канализација“ - Скопје дека Државниот студентски дом „Скопје“ (ДСД) или Министерството за образование и наука не ги плаќале сметките за вода, реагираше Атанас Бојчев, директор на ДСД. Јавното претпријатие, откако вчера Бојчев обвини дека неосновано ја сопрело водата во студентскиот дом „Кузман Јосифовски – Питу“, реагираше и порача дека тоа се случилоа поради неплаќање...

„Водовод и канализација“ демантира: Многу сметки на студентскиот дом не се платени

ЈП Водовод и канализација- Скопје ја демантираше изјавата на директорот на Државниот студентски дом „Скопје“, дека претпријатието без предупредување ја сопрело водата во студентскиот дом „Кузман Јосифовски - Питу“ денеска, велејќи дека тоа се случува поради неплаќање сметки во последните пет месеци и поради неподмирување на долгот од претходно. „Министерката уште во јуни месец вети дека Владата ќе ги подмири...

Поради неплатен долг сопрена водата во студентскиот дом „Кузман“

Водата во студентскиот дом „Кузман Јосифовски - Питу“ во Скопје била сопрена утрово од ЈП „Водовод и канализација“, иако на претпријатието му било кажано дека е најдено решение за да се покрие долгот за вода, соопшти Државен студентски дом „Скопје“. Според в.д. директорот Атанас Бојчев, водата била сопрена без предупредување. - Постапката на ова јавно претпријатие е без оправдување, со оглед...

ДУИ и Беса изборната кампања ја почнаа од Скопје и од Тетово

Албанските политички партии ДУИ и Беса денеска, на првиот ден на изборната кампања, во Скопје и во Тетово ги промовираа кандидатите за градоначалници на престојаните локални избори закажани за 15 октомври. ДУИ во Скопје одржа партиска конвенција, на која се обрати лидерот Али Ахмети. Тој ги повика кандидатите да водат достоинствена кампања, да имаат конкретни ветувања и да се залагаат...

Шилегов: Ќе ставиме крај на градежното дивеење во Скопје

Граѓаните на Скопје не заслужуваат арогантни градоначалници кои не мислат на потребите на граѓаните. По промените на локалните избори, новата градска власт заедно со граѓаните ќе работи напорно за Скопје да стане гордост за идните генерации, порача потпретседателот на СДСМ, Петре Шилегов, во своето обраќање по повод 8 Септември, на одбележувањето на големиот државен празник што во местото Три...

Скопјанец загинал во пожар, кочанец се удавил во канал за наводнување

Две жртви на несреќи регистрирала полицијата во изминатото деноноќие, од кои едната се случила во Скопје, а втората во Кочани. Вчера, во 16.50 часот, во атарот на селото Грдовци, С.Ј.(42) од Кочани го пронашол својот татко  Д.Ј. (70) удавен во канал за наводнување. Смртта била констатирана од лекар од итна медицинска помош, а притоа не биле забележани видливи траги на насилство. Увид...

Скопјанец го убил татко си со нож

Четириесет и едногодишниот скопјанец И.Т. синоќа со нож го убил својот татко во нивниот дом во населбата Црниче. Полицијата била повикана од нивна сосетка, на улицата Чедомир Кантарџиев во Скопје, која пријавила дека соседите се тепаат. Кога пристигнале полицајците, на прагот на дневната соба го пронашле избоден Љ.Т. (68), а лекарот од итна медицинска помош констатирал смрт. Како што соопшти СВР...

Пријава за скопјанец што препродавал билети за Супер купот

СВР Скопје извести дека почнала постапка против еден скопјанец за препродажба на билети за Супер купот, по новиот став во Кривичниот законик со кој станува кривично дело препродажбата на билети за спортски и за културни манифестации. Скопската полиција вчера идентификувала еден скопјанец кој на интернет нудел билети за вечерашниот Супер куп на УЕФА, на кој ќе се соочат „Реал Мадрид“...

Скопје се потсетува на жртвите на катастрофалниот земјотрес пред 54 години

Со низа настани, денеска Скопје се потсетува на една од најголемите трагедии во неговата историја - катастрофалниот земјотрес од 26 јули 1963 година. На денешен ден пред 54 години Скопје беше разурнато од земјотрес со сила од 9 степени според Меркалиевата скала (магнитуда од 6,1 степени), во кој загинаа 1.070 луѓе, а околу 4.000 беа повредени. Потресот уништи 15.800...

Нимиц во Скопје од 1 до 4 јули, потоа заминува за Атина

Специјалниот претставник на Обединетите Нации во разговорите меѓу Македонија и Грција за прашањето за името, Метју Нимиц, од 1 до 4 јули ќе го посети Скопје, соопшти канцеларијата на портпаролот на генералниот секретар на ОН. Нимиц, како што се наведува, доаѓа во Скопје на покана на македонската Влада, за да се дискутира за начините за постигнување напредок во разговорите со посредство...

Скопјанка насилно внесена во возило, успеала да побегне во Пинтија

Скопјанката М.С. (41) ноќеска побарала помош од МВР тврдејќи дека била грабната од непознат маж. МВР денеска извести дека додека М.С. била во дневната соба, забележала непознат маж како стои на балконот од нејзината куќа. Кога излегла да види кој е, тој ја фатил за коса, насилно ја одвлечкал и ја внел во патничко возило и тргнал кон манастирот „Св. Еремија“...

Разбојници нападнале скопјанец и му го украле возилото

Две машки лица ноќеска околу 2 часот по полноќ на булеварот „Гоце Делчев“ нападнале возач и му го одзеле возилото, соопшти МВР. Напаѓачите со возило марка „ровер“ со непознати таблички му го попречиле патот на Б.Д. по што го извлекле од неговото возило „даеву рејсер“, физички го нападнале, му го одзеле возилото и побегнале во непознат правец. Полицијата презема мерки за...

Ограбена аптека во Радишани

Вработена во аптека во населба Радишани синоќа во 21 часот пријавила во полиција дека непознат маскиран сторител извршил разбојништво. Сторителот со закана со нож од вработената го одзел дневниот промет и побегнал во непознат правец. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и за целосно расчистување на случајот.

Земјотрес од 4,2 степени ги разбуди скопјани

Земјотрес од 4,2 степени во 4.08 часот утрово ги разбуди скопјани, исплашени дека тоа е можеби почетокот на серија земјотреси слични на тие што од 11 септември минатата година го тресеа подрачјето на главниот град. Земјотресот имал хипоцентар, односно се случил на длабочина од 2 километри, а епицентарот е кај селото Марино, известува Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар.

Лекарка пронајдена мртва со исеченици на рацете и на вратот

Во СВР Скопје, вчера во 21 часот било пријавено дека во нејзиниот дом, на улицата Елисие Поповски во Скопје, била пронајдена мртва Ј.С.М. Полицијата извршила увид, при што било констатирано дека покојната има рани од нож на рацете и на вратот, а лекар од брза помош констатирал смрт. По наредба на јавен обвинител, телото е предадено за обдукција, соопштија...

В недела градските автобуси во Скопје по изменети траси

Поради одржувањето на „Скопски маратон 2017“, в недела, во периодот од 7 до 14 часот, градските автобуси во Скопје, односно тие на ЈСП „Скопје“ и на приватните превозници, ќе сообраќаат по посебни траси, кои ќе отстапуваат од вообичаените линии. Toчниот распоред може да се види на веб-страницата на ЈСП „Скопје“.

Одбележани 121 година од смртта на Гоце Делчев

Претседателските кандидати Стево Пендаровски и Гордана Сиљановска Давкова положија цвеќе на гробот на Гоце Делчев во црквата „Св.Спас“, по повод 121 годишнината од неговото загинување. „Никој нема право да се...