fbpx

Заев најави помош за малите бизниси погодени од ланските поплави

-

Премиерот Зоран Заев денеска со претставниците на координативното тело на оштетените правни субјекти од поплавите во скопската населба Ченто и во околните населби разговараше за проблемите со кои граѓаните се соочуваат по минатогодишните поплави.

Како што соопштија од владината прес-служба, од координативното тело оцениле дека институциите на државата не покажале никаков интерес за ефикасно решение, потенцирајќи ги штетите кои ги претрпеле локалните мали бизниси. Поради тоа, тие побарале од владата да најде начин да се решат економските проблеми на оваа категорија граѓани предизвикани од поплавите.

Заев ги информирал дека веќе се работи на утврдување на првите чекори за да се најде решение за нивните проблеми, кои досега, како што рече, биле неправедно игнорирани.

– Моја волја и на мнозинството е да ја исправиме и оваа неправда. Ќе ги најдеме сите можни правни мерки за да покажеме дека државата може и треба да биде мајка за сите – рече премиерот во текот на средбата.

Премиерот истакнал дека во соработка со комисијата за проценка на штети и координативното тело ќе бидат земени предвид сите докази и записници со кои располагаат стопанствениците за претрпената штета за конечно проблемот на оштетените да премине во фаза на решавање.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...