fbpx
Таг: СЈО

таг: СЈО

СДСМ го замрзна учеството во Собранието

СДСМ и нивните коалициски партнери ја замрзнуваат работата во Собранието додека Уставниот суд не се произнесе за уставноста на Специјалното јавно обвинителство, рече денеска на прес-конференција лидерот на СДСМ, Зоран Заев. Тој ги повика и другите пратеници да не учествуваат во работата на Собранието затоа што имаат обврска кон граѓаните и со тоа ќе ја покажат нивната поддршка за СЈО. - Ова...

Величковски: Потписниците на Договорот од Пржино да ја гарантираат работата на СЈО

Претседателот на Либералната партија, Ивон Величковски, оцени дека претседателот Ѓорге Иванов со вчерашното обраќање извршил напад на Специјалното јавно обвинителство. - Иванов вчера го нападна постоењето и тимот на СЈО. Со дикцијата што ја употреби, тој го упати Уставниот суд да го поништи постоењето на СЈО, придружувајќи му се на Груевски. Тоа јасно потврдува дека какви било меѓупартиски преговори по...

На „Твитер“ за Иванов: Сите што гласаа за него, ни должат извинување

По вчерашното обраќање на претседателот на државата, Ѓорге Иванов, во кое тој ги критикуваше граѓанските организации, СДСМ, странските партнери на Македонија и Специјалното јавно обвинителство, не стивнуваат реакциите на социјалните мрежи. Иванов, меѓу другото, вчера рече дека нема намера да си поднесе оставка за одлуката за аболирање на 56 лица. На „Твитер“ под хаштагот „Хорхе“ се појавија илјадници шеги на сметка на...

„Би-би-си“: СЈО е камшик за политичката елита

Три жени станаа камшик за политичката елита и хероини на улични протести кои секојдневно се одржуваат во малата балканска земја Македонија, а некои ги нарекуваат Чарлиевите ангели на земјата, се вели во опширната анализа на британскиот „Би-би-си“ за политичката криза во Македонија. Според „Би-би-си“, Јанева сега, можеби, е најславната жена во земјата и е ставена на главната сцена во турбулентната...

Јанкулоска и Грујовски денеска на распит за „Тврдина“

Денеска во Основниот суд Скопје 1, на распит пред судија ќе излезат осомничените од случајот „Тврдина“. Судијката Александра Поп-Стефанија, во присуство на обвинител од Специјалното јавно обвинителство, денеска ќе ги сослушува осомничените Горан Грујовски, началник на петтата управа во УБК, Гордана Јанкулоска, поранешната министерка за внатрешни работи, која е веќе пристигната во судот, и уште тројца осомничени кои се товарат...

ДС: Иванов да си поднесе оставка по срамниот говор

Вечерашното обраќање на претседателот Ѓорге Иванов дополнително ја усложни политичката криза во Македонија, оценува Демократски сојуз (ДС). - По овој катастрофален и срамен говор, единствена опција на Иванов е да се повлечете од функција. Тој направи длабока поделба меѓу граѓаните и партиите, се стави во функција на заштита на врвот на ВМРО-ДПМНЕ и го нападна СЈО, единствената институција која работи...

СДСМ: Иванов потврди дека не само што е неспособен туку е и непресметлив

Со денешното обраќање, лицето Ѓорѓе Иванов потврди дека не само што е неспособен туку е непресметлив и опасен додека ја врши функцијата Претседател на државата, оценува СДСМ во реакцијата по говорот на претседателот. „Во состојба на длабока политичка криза, кога улиците се преплавени со луѓе кои бараат правда и слобода преку достоинствени протести, Иванов се закани со можност за употреба...

„Шарената револуција“ ги повика пратениците да ја бојкотираат работата на Собранието

„Шарената револуција“ денеска преку својата страница на „Фејсбук“ ги повика пратениците да не учествуваат во работата на Собранието додека не се исполнат нивните барања. „Пратеници, за да покажете дека стоите во одбрана на правдата, суверенитетот на граѓаните и на Уставот, од вас бараме да не учествувате во работата на Собранието сè додека Уставниот суд не се произнесе за уставноста на Специјалното...

Време е владата да си поднесе оставка, порачаа демонстрантите

До мал судир помеѓу припадниците на ЕБР и демонстрантите дојде на вечерашниот протест откако припадниците на „Шарената револуција“ се обидоа да го урнат споменикот на Прометеј, кој е дел од проектот „Скопје 2014“ и се наоѓа во паркот Жена-борец. Демонстрантите ја тргнаа заштитата на Прометеј и тргнаа дел од скелето и штиците што беа околу споменикот. Потоа го врзаа со платното...

„Шарена револуција“: Камења и шишиња врз Министерството за правда

Неколку камења и пластични шишиња завршија во прозорците на Министерството за правда на денешниот протест на „Шарената револуција“. Претходно демонстрантите го обоија Министреството со боја со помош на пумпи и буриња. Полицијата, иако во зголемен број присутна пред Министерството, не реагираше на активностите на демонстрантите. https://twitter.com/meta_agency/status/744967877145419776 Граѓаните извикуваа „Шутка не ти бега Никола“ и „Нема правда нема мир“. Протестот почна во 19 часот...

„Шарената револуција“: Вечерва не доаѓајте со деца и со миленици и не консумирајте алкохол

Активистите на „Шарената револуција“ во пресрет на денешниот, како што го најавија, масовен протест, на својата страница на „Фејсбук“ споделија неколку совети кои на демонстрантите можат да им бидат корисни. „Не доаѓајте со деца, миленици и со велосипеди на протест, со бојата не целете кон полицијата, не консумирајте алкохол и други психотропни супстанци, не предизвикувајте насилство и не подлегнувајте на...

Заев на Јуратовиќ: Груевски бега и се плаши од фер избори

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, денеска се сретна со германскиот пратеник и член на комисијата за надворешна политика на Бундестагот, Јосип Јуратовиќ. Како што информираат од СДСМ, на средбата се разговарало за актуелната политичка ситуација во Македонија и за решенијата за излез од политичката криза. „На средбата е констатирано дека во Македонија се владее преку политики што не се во согласност со...

Груевски: СЈО го изгуби кредибилитетот

Специјалното јавно обвинителство има задача да го оцрни ВМРО-ДПМНЕ и да му помогне на СДСМ, оцени лидерот на владејачката партија, Никола Груевски, додавајќи дека СЈО на тој начин го урнало својот кредибилитет. - Прес-конференциите на Специјалното јавно обвинителство, нивните празни пријави кои ги доставуваа за истраги и слично до судовите, укажуваат дека ова обвинителство практично е узурпирано од една група...

ЛДП: МВР го опструира Кривичниот суд со решението за Талески

МВР врши опструкција за постапување по решение на Кривичниот суд, а со тоа не се почитуваат судските одлуки и се кочи правдата, оценија од ЛДП-Битола. „Битолчани и воопшто, македонските граѓани, четврти ден ја чекаат веста за тоа дали решението за куќен притвор на битолскиот градоначалник, Владимир Талески, изречено од Кривичниот суд, допатува во Битола или се „загуби“, иако е потврдено...

Шилегов: Кривичниот совет да го укине незаконското решение на Поп-Стефанија

Назначувањето на Александра Поп-Стефанија за судија во организиран криминал е спротивно на Законот за судовите, одлуката на Судскиот совет и на правилникот за работа на Судот, соопшти денеска портпаролот на СДСМ, Петре Шилегов. Портпаролот на СДСМ рече дека незаконска е и одлуката што ја донела Поп-Стефанија да се прогласи Специјалното јавно обвинителство за ненадлежно околу случајот за уништување на опремата за...

Решението за куќниот притвор на Талески, загубено на пат за Битола

Четврти ден решението за куќен притвор на градоначалникот Владимир Талески патува од Скопје до Битола. „Нема сè уште ништо“, гласи пораката што портпаролот на битолската полиција ја испрати на прашањето на „Мета“ дали решението за куќен притвор за битолскиот градоначалник конечно стигна до битолската полиција. Додека полицијата во Битола тврди дека решение не добиле за притворање на градоначалникот Талески, Паула Костадиновска,...

Ултимативниот рок на „Шарена револуција“ истече – утре голем протест

Истече рокот за ултиматумот што го поставија граѓанските здруженија и „Шарената револуција“, а иницијативата за Специјалното јавно обвинителство не се најде на дневниот ред за следната седница на Уставниот суд, закажана за среда. Граѓаните и „Шарената револуција“ завчера со герила-акција го испишаа последниот број од одбројувањето и најавија голем протест за понеделник, 20 јуни. Дотогаш не се предвидени посебни активности. Вчера на...

Кирацовски: Талески од морални причини веднаш да си поднесе неотповиклива оставка

„Никола Груевски и неговите неколкумина соработници мора да се помират со новата реалност. Владимир Талески ќе го добие заслуженото“, изјави денеска потпретседателот на СДСМ, Александар Кирацовски. - Секој што се огрешил пред законите и работел на штета на граѓаните ќе одговара! Тоа важи и за осомничениот за криминал, градоначалникот на Општина Битола, Талески. Наивно е ако Груевски и соработниците верувале дека правната...

„Шарената револуција“ со огнен број 1 го заврши одбројувањето

Активистите на „Шарената револуција“ вечерва пред просториите на Специјалното јавно обвинителство со исцртување на римскиот број еден составен од луѓе и од факли го испишаа последниот број од крајниот рок кој го дадоа за исполнување на нивните барања. Граѓаните наредени во три реда синхронизирано ги запалија факлите и запеаја „Шутка не ти бега Никола“. Како што рекоа од „Шарената револуција“, оваа бројка...

„Шарената револуција“ најави нова герила-акција за вечерва

Активистот на „Шарената револуција“, Павле Богоевски, денеска преку својот личен профил на „Фејсбук“ ги повика граѓаните денеска во 21 часот да се соберат пред Специјалното јавно обвинителство за да ја спроведат денешната герила-акција. „Ги повикуваме сите соборци и соборки денеска, во 21 часот, пред СЈО. Денеска е 1. Уште еден ден до 18 јуни, до денот кога требаше да се гарантира...

Со автоматска пушка влегол во казино во Лешок и украл над 300.000 денари

Наредба за истражна постапка против 28-годишен жител на селото Непроштено, Општина Теарце, кој е осомничен за разбојништво и поседување автоматска пушка, донесе Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Тетово. Во...