„Шарената револуција“: Вечерва не доаѓајте со деца и со миленици и не консумирајте алкохол

-

Активистите на „Шарената револуција“ во пресрет на денешниот, како што го најавија, масовен протест, на својата страница на „Фејсбук“ споделија неколку совети кои на демонстрантите можат да им бидат корисни.

„Не доаѓајте со деца, миленици и со велосипеди на протест, со бојата не целете кон полицијата, не консумирајте алкохол и други психотропни супстанци, не предизвикувајте насилство и не подлегнувајте на провокации, снимете полициско насилство, при пробивање кордони ненасилно туркаме напред“, се дел од советите на „Шарената револуција“.

На плакатот пишува, на пример, и дека во случај на стампедо, „граѓаните треба да бегаат странично и на отворено, да не се затвораат во мали и тесни улички и во влезови“. Исто така, пишува дека ако граѓаните слушнат експлозија, тоа „најверојатно ќе биде солзавец и да бегаат во спротивна насока од експлозијата“.

„Во случај да сте во близина на солзавецот, на марама треба да ставите млеко или сода бикарбона, која треба да ја нанесете на марама и да ги покриете носот и устата“, стои меѓу другите препораки на активистите.

Протестот насловен како „Граѓаните ја земаат правдата во свои раце“ ќе почне денеска во 19 часот, пред Специјалното јавно обвинителство.

„Вечерва, во 19 часот, ќе се собереме пред нашата тврдина, симболот на правдата – Специјалното јавно обвинителство! Ќе бидеме здружени, силни, одлучни и одговорни!
Бараме граѓаните да бидат дел од решението на кризата и доаѓаме за да го осигуриме нашето учество! Бараме криминалците да одговараат и ќе ги притиснеме институциите да покажат дека крадењето и угнетувањето не смеат да бидат исплатливи дејности! Бараме преодна влада и не отстапуваме додека не се осигуриме дека таа влада ќе обезбеди слободни избори и слободно гласање“, пишува во најавата за протестот.

 

Црвениот крст изврши исплата на средства на семејствата на настраданите во несреќата во Кочани

Заклучно со денешниот ден Црвениот крст има собрано 102.410.247,00 денари од донации за семејствата на настраданите во несреќата во Кочани. Денес се изврши целосна исплата на средства на семејствата на сите...

Граѓанските организации за борба против корупцијата бараат непристрасна истрага за трагедијата во Кочани

Корупцијата во Северна Македонија е закана за животот и безбедноста на граѓаните, а не само злоупотреба на јавни средства. Трагедиите како пожарот во Кочани, Ласкарци, „Беса Транс“, и модуларната болница во...

Михалис Рокас: Владеењето на правото ви стагнира во последниве години

Владеењето на правото стагнираше во изминативе неколку години и затоа треба да имаме конкретни чекори, изјави денеска евроамбасадорот Михалис Рокас, на заедничка прес-конференција со министерот за европски прашања Орхан Муртезани. „Владеењето на...

Рудникот Тораница ќе добие казна од 200.000 евра за загадување на Крива река

Рудникот за олово и цинк Тораница од Крива Паланка ќе биде казнет со казна од 180.000 до 200.000 евра бидејќи во хаварија заради пукната цевка испуштил вода и ја загадил Крива...

Црвениот крст изврши исплата на средства на семејствата на настраданите во несреќата во Кочани

Заклучно со денешниот ден Црвениот крст има собрано 102.410.247,00 денари од донации за семејствата на настраданите во несреќата во Кочани. Денес се изврши целосна исплата на средства на семејствата...