fbpx

Велиновска: Груевски се подготвува да си замине од позицијата лидер на ВМРО-ДПМНЕ

-

„…ВМРО-ДПМНЕ извесно време веќе не покажува знаци на полнокрвен живот. Партискиот главатар (Никола Груевски н.з.), очигледно во негов стил, нетранспаренто етапно се дистанцира од челната позиција. По сите досегашни знаци, се подготвува да демисионира од позицијата партиски лидер“, пишува Мирка Велиновска, во текстот под наслов „Дали ВМРО-ДПМНЕ ќе води држава или ќе оди во опозиција“, објавен во денешниот број на  „Дневник“.

Велиновска вели дека оставката на Груевски од премиерската функција е договорена во Стразбур уште пред „пржинската капитулација“.

„(Тој) работи на терен како активист одговорен за комунални работи. Нема веќе ни трага од државнички ангажман“, стои во написот на Велиновска, која критички заклучува дека „според тоа како оваа партија (ВМРО-ДПМНЕ н.з.) ја ’води’ политиката среде куртон-револуцијата, по сè изгледа дека се подготвува да оди во опозиција под присила на САД. Ова, пак, може да значи или дека ВМРО-ДПМНЕ нема намера да биде соучесник во драматични собитија по режирани изборни резултати, како, на пример, обезименување на државата, странска воена интервенција и инсталирање на СДС-УЧK-хунта и дека, со или без Никола Груевски, ВМРО-ДПМНЕ и народот што ја поддржува ќе организираат НОБ“.

Велиновска тврди дека е во тек освежување на партијата на власт бидејќи партиската политика станала „досадна и еднолиниски конзервирана“.

„Само што нас никој не нè удостои да ни каже. На пример, зошто се согласил Никола Груевски на такво нешто и згора зад грбот на гласачите што му дале доверба да раководи со државата? Еве, сега е во тек и (владино) партиско кадровско „освежување“, ама нема ни збор за тоа дали ВМРО-ДПМНЕ ќе ја освежува и својата партиска политика која стана досадна и еднолиниски конзервирана“.

Тезите на Велиновска кореспондираат со најновите изјави на Груевски.

Вчера, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, во говорот на 26. роденден на партијата, директно се осврна на „нетрпението на народот“, говореше за „народна акција“, како и за тоа дека тој е „под притисок на илјадници граѓани“ и дека „нема да може да ја држи ситуацијата под контрола, зашто народот врие…, а во еден момент може да му дојде преку глава и да влезе во нова фаза, која нема да е добра за земјата“.

„… Се губи трпението кај народот пред неправдите кои ги гледа. Како претседател на ВМРО-ДПМНЕ, сум под притисок на илјадници граѓани кои на различен начин ме контактираат, барајќи поддршка за поодлучна народна акција. Ако вака продолжат, колку и јас и моите соработници да сме толерантни и наколонети кон решавање на проблемите преку дијалог и демократски методи, нема да можам да ја држам ситуацијата под контрола, дека народот врие и дека во еден момент може да му дојде преку глава и да влеземе во нова фаза, која нема да е добра за земјата, а најмалку за оние кои глумат некакви револуционери за дебели пари и за туѓи интереси“, изјави вчера Груевски.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Вучиќ кон Пикси откако автобусот се заглави во песок: „Тешки сме Драгане“

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека е договорено финалето на Лигата на Европа на УЕФА во 2028 година да се игра на Националниот стадион во Сурчин. Вучиќ на...