fbpx

Кирацовски: Талески од морални причини веднаш да си поднесе неотповиклива оставка

-

„Никола Груевски и неговите неколкумина соработници мора да се помират со новата реалност. Владимир Талески ќе го добие заслуженото“, изјави денеска потпретседателот на СДСМ, Александар Кирацовски.

– Секој што се огрешил пред законите и работел на штета на граѓаните ќе одговара! Тоа важи и за осомничениот за криминал, градоначалникот на Општина Битола, Талески. Наивно е ако Груевски и соработниците верувале дека правната држава во Македонија нема да профукционира. Дека нема да дојде момент кога тефтерчето на Јанкулоска ќе почне да ја губи моќта, како што се случува – рече Кирацовски.

Потпретседателот на СДСМ вели дека Груевски и соработниците веројатно се збунети и што судија по судија секојдневно се охрабруваат, застануваат на страната на граѓаните и на правдата и вртат грб на режимот.

– Назад нема! Очајни се обидите на Груевски, и тоа преку други, да го брани соработникот Талески. СДСМ не го натера ексминистерот за финансии Зоран Ставрески да го нарече Владимир Талески криминалец и да потврди дека цената за превозот на учениците во Битола е десет пати повисока од реалната. СДСМ не го убеди ниту Зоран Илиоски, актуелен пратеник од ВМРО ДПМНЕ кој гласаше за Законот за СЈО, да каже дека Владимир Талески не сработил ништо во својот мандат. Цела јавност ги слушна лично. Жално е што сега истиот Илиоски му дозволува на Груевски да го понижува со контрадикторни изјави, со кои очигледно мора да излегува на прес-конференции – рече Кирацовски.

Тој порача дека Битола не смее да не биде заложник на Талески, поради што го повика од морални причини веднаш да си поднесе неотповиклива оставка.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Полицијата ги растера пропалестинските активисти од зградата на универзитетот во Париз

Француската полиција денес влегла во зградата на парискиот универзитет „Сијанс По“, и ги растерала пропалестинските активисти. Група од околу 70 студенти ја окупирале зградата на Институтот за политички науки во...