fbpx

Величковски: Потписниците на Договорот од Пржино да ја гарантираат работата на СЈО

-

Претседателот на Либералната партија, Ивон Величковски, оцени дека претседателот Ѓорге Иванов со вчерашното обраќање извршил напад на Специјалното јавно обвинителство.

– Иванов вчера го нападна постоењето и тимот на СЈО. Со дикцијата што ја употреби, тој го упати Уставниот суд да го поништи постоењето на СЈО, придружувајќи му се на Груевски. Тоа јасно потврдува дека какви било меѓупартиски преговори по која било од точките од Договорот од Пржино се излишни додека сите потписници на тојд договор недвосмислено не го поддржат работењето на СЈО во јавна и заедничка изјава, како што Либералната партија предложи вчера – вели Величковски.

Според лидерот на ЛП, преговори од кој било вид и за која било друга тема се во корист на тезите на Иванов и на Груевски.

– Може да се разговара само за формата на поддршка на СЈО, а не да се глуми „нормална состојба“. Ако по обраќањето на Иванов опозицијата го „замрзнува“ учеството во Собранието, а партиските тимови сепак продолжуваат некакви преговори за списоците или за медиумите, наместо за гарантирање на работата на СЈО, единствено логично прашање е каде прво да се организираат протестите – пред Клубот на пратеници или пред Бихаќка – рече Величковски.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Почина Велибор Џаровски – Џаро

По кусо боледување, денеска на 75 години почина Велибор Џаровски-Џаро, еден од најпознатите менаџери на просторите на бивша Југославија. Здравко Чолиќ, Мишо Ковач, Маја Оџаклиевска, Оливер Драгојевиќ, „Бијело дугме“, Тереза...