fbpx
Таг: прислушувани разговори

таг: прислушувани разговори

Случајот „Таргет-Тврдина“ одложен за 16 октомври, Мијалков бил со симптоми на ковид-19

Поранешниот прв човек на Управата за безбедност и контраразузнавање (УБК), Сашо Мијалков денеска не се појави на рочиштето за случајот „Таргет-Тврдина“, бидејќи развил симптоми на корона вирусот, извести неговиот адвокат Љупчо Шврговски на денешното рочиште кое се одложи за 16 октомври. .„Вчера доцна бев известен од Сашо Мијалков, дека неговата сопруга Александра Мијалкова е позитивна на тестот на корона вирус....

Мицкоски на Кичеец: Јас се борам СЈО и „Империја“ да не поминат (АУДИО)

Две нови аудио снимки денеска беа објавени на Јутјуб-профилот со корисничко име „Рекет“, во кои се слушаат гласовите на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, поранешната директорка на Агенцијата за вработување во Скопје Слободанка Алексовска и Зоран Милески-Кичеец, кој е еден од осудените лица во случајот „Рекет“. Првата аудио снимка трае 27 секунди, а во неа се чини дека Мицкоски и...

Нова аудио снимка на Мицкоски и Кичеец: Сашо даде два пати по 5.000 евра за автобусите за митингот на 2 јуни

Нова аудио снимка денеска беше објавена на Јутјуб на профилот со корисничко име „Рекет“, во која се слушаат гласовите на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски и Зоран Милески-Кичеец, кој е еден од осудените лица во случајот „Рекет“. Објавениот дел од разговорот трае 23 секунди, а Милески и Мицкоски се чини дека разговараат за начинот на кој бил платен организиран автобуски...

Заев ќе биде повикан да сведочи за случајот „Монструм“, вели Фетаи

Специјалната јавна обвинителка Фатиме Фетаи на денешното судско рочиште најави дека ќе го повика премиерот Зоран Заев да сведочи за случајот „Монструм“. На следното судско рочиште на 5 септември во судницата ќе се слушаат телефонските разговори кои беа објавени во „бомбите“ на СДСМ, а коишто беа поврзани со петкратното убиство кај Смилковско езеро. На денешното рочиште за случајот „Монструм“ од обвинителството...

МВР: Братот на „Ел Чека“ не е приведен

Министерството за внатрешни работи во изјава за „Порталб.мк“ ги демантираше пишувањата во медиумите дека братот на „Ел Чека“, Блерим Ахмети, бил приведен денеска. - Тој не е приведен, само беше во полиција за да го пријави протестот што ќе се одржи в недела - вели портпаролот на МВР, Тони Ангеловски. Блерим Ахмети пред неколку дена беше на чело на протестот против...

Кичевското обвинителство поднесе кривична против Ел Чека

Основното јавно обвинителство Кичево соопшти дека поднело Обвинителен предлог против Ел Чека, кој еден месец наназад објавува прислушувани разговори од врвот на ДУИ, обвинувајќи ги за криминал. Тој од Чикаго, каде живее, а е по потекло од кичевското село Туин, објавува прислушувани разговори за кои тврди дека ги добил од припадниците на групата од случајот „Диво насеље“. Обвинителството го товари за...

За „бомбите“ од Ел Чека ќе истражува кичевското обвинителство

Основното јавно обвинителство Скопје соопшти дека до ОJO Кичево ја доставило кривичната пријава поднесена од МВР против таканаречениот „Ел Чека“ од Чикаго , кој повеќе од една седмица споделува „бомби“, односно прислушувани разговори на лица главно од ДУИ. Во овие разговори се слушаат функционери на ДУИ кои разговараат меѓу себе, меѓутоа има и разговори меѓу нив и претставниците на ВМРО-ДПМНЕ,...

Цаца Николовска: Предметите на СЈО не се доведени во прашање

Материјалите од прислушуваните разговори, односно „бомбите“, не се единствениот доказ што Специјалното јавно обвинителство ги користи во своите предмети, според тоа, овие предмети не се доведени во прашање, е ставот на Маргарита Цаца Николовска, поранешна судијка во Судот за човекови права во Стразбур. Според судијката, државата не смее да се доведе до ситуација некој од осомничените да не одговара...

„Свиркачите“ Лазаревски и Костовски се враќаат во МВР

Ѓорѓи Лазаревски и Звонко Костовски, „свиркачите“ што ја обелоденија аферата со прислушувањето на претходниот режим, од денеска повторно се враќаат на своите работни позиции во МВР. Ова на својот Фејсбук профил го објави министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, каде објави и фотографија од средбата. Лазаревски е сведок во предметот на СЈО за прислушувањето „Таргет - Тврдина“. Тој и во сведочењата,...

Денеска ново рочиште за уривањето на „Космос“ на Фијат Цаноски

Случајот „ТНТ“ на Специјалното јавно обвинителство денеска ќе има ново рочиште во Основниот суд Скопје 1. Обвинети за уривањето на станбено-деловниот комплекс „Космос“ на бизнисменот, поранешен пратеник и партиски лидер Фијат Цаноски, се поранешниот премиер Никола Груевски, поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески, и поранешниот градоначалник на општина Гази Баба, Тони Трајковски. Врховниот суд минатата недела донесе одлука да...

Катица Јанева најави дека до крај ќе ги истражи сите снимки

На вчерашното „бранење“ на најновиот шестмесечен извештај за работата на Специјалното јавно обвинителство (СЈО), Катица Јанева, пред собраниската Комисија за политички систем и односи меѓу заедниците, побара да се реши правната положба на обвинителството и нагласи дека има намера докрај да ги истражи сите индиции за криминал кои се содржани во снимките од прислушуваните разговори, но и дека ќе...

Јанакиески: Десет пати барав СЈО да ми ги даде прислушуваните разговори

Барем десет пати побарав од СЈО да ми ги достават сите записи од моите прислушувани разговори, но одговор не добив. Затоа се обратив до Народниот правобранител и тој ја побара информацијата од СЈО, рече обвинетиот Миле Јанакиески на судењето за случајот „Топлик“, односно за изградбата на „Сончев град“, објави „Фокус“. - Одговорија дека доколку во листата се утврди дека мојот...

Јавноста исклучена, во судница се слушаат прислушувани разговори за „Поткуп“

На судењето на случајот „Поткуп“, во кој обвинет е премиерот Зоран Заев, во судницата се слушаат прислушувани разговори кои со употреба на посебни истражни мерки биле обезбедени во истрагата за овој случај, објави „Фокус“. Поради тајноста на овие докази, а на кои се слуша гласот на Заев, јавноста беше исклучена од рочиштето. Засега е непознато и дали во судница јавно ќе...

Груевски за „Траекторија“ ги спори СМС-пораките, СДСМ и СЈО можеле да ги менуваат

Поранешниот премиер Никола Груевски во продолжението на рочиштето за случајот „Траекторија“ побара од судот да ги отфрли СМС-пораките како недозволен доказ, бидејќи, како што рече, не може да се утврди нивната автентичност и оти многу лесно може да се манипулира нивната содржина. Тој рече дека е можно тоа да се правело и во СДСМ и во Специјалното јавно обвинителство...

„Тенк“: Груевски и Јанкулоски не ги признаваат „бомбите“, вештачењата и надлежноста на СЈО

Адвокатите на поранешниот премиер и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, на денешното рочиште за набавката на „мерцедесот“ од 600 илјади евра, побараа од судот веќе објавените прислушувани разговори за случајот „Тенк“, да не бидат доказ во судскиот процес. На денешното рочиште во Кривичниот суд во Скопје, покрај Груевски, беа присутни и другите двајца обвинети – екс министерката за внатрешни работи,...

Цаноски бара отштета од 55 милиони евра за урнатиот „Космос“

Бизнисменот Фијат Цаноски по завршувањето на првото рочиште од судењето за случајот „ТНТ“ денеска изјави дека очекува судот да донесе праведна одлука и обвинетите кои „и нанеле голема штета на Македонија" да бидат осудени. Во процесот за уривањето на комплексот „Космос“ на Цаноски, покренат од Специјалното јавно обвинителство (СЈО), главни обвинети се поранешниот премиер и поранешен претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Никола...

Почна судењето за „Космос“, Груевски и Јанакиески велат дека не се виновни

Во Основниот суд Скопје 1 претпладнево почна судењето за случајот ТНТ покренат од Специјалното јавно обвинителство (СЈО), во кое главни обвинети се поранешниот премиер и поранешен претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, поранешниот министер за траснпорт и врски Миле Јанакиески и поранешниот градоначалник на општина Гази Баба Тони Трајковски. Покрај нив, обвинети се уште четири лица за уривањето на комплексот...

Британските власти и дозволиле на „Гама Груп“ да ѝ продаде опрема за следење на Македонија

Владата на Велика Британија пред пет години ѝ дала дозвола на контроверзната британска компанија „Гама Груп“ да  ѝ испорача на Македонија софистицирана опрема за следење на комуникации, се вели во текстот на новинарката Тена Прелец за „Ал Џезеира“. Текстот се повикува на документи добиени од британското Министерство за надворешни работи, преку слободен пристап до информации, кои покажуваат дека властите во Велика Британија ѝ...

„Бомбите“ ќе бидат доказ и во случајот „Титаник“ на СЈО, одлучи Апелација

Повеќе од 1.000 прислушувани разговори ќе се користат како доказ на судењето за случајот „Титаник“ на Специјалното јавно обвинителство, одлучи Апелацискиот суд во Скопје. Одлуката на Апелацискиот суд слeди по вчерашната јавна седница во судот, на која се расправаше по жалбата на СЈО на решението на Кривичниот суд од 20 октомври, со кое прислушуваните разговоти, т.н. „бомби“, беа издвоени од...

СЈО со 1.560 докази ќе ја докажува вината на Кочан и на другите во „Труст“

Специјалното јавно обвинителство на денешното рочиште од судскиот процес „Труст“ презентираше вкупно 1.560 докази, наведени на 81 страница, против бизнисменот Сеад Кочан, Василие Авировиќ и Сафет Ватиќ, обвинети во случајот. Меѓу доказите, кои беа изведени на денешната расправа, се и три прислушувани разговори, од кои еден меѓу поранешниот премиер Никола Груевски и поранешниот директор на ЕЛЕМ, Влатко Чингоски, и два...

ДИК: Jавен увид и промени во избирачкиот список може да се прават до вечерва на полноќ

Апелираме до граѓаните дека јавниот увид во Избирачкиот список како и промена, запишување и бришење на податоци ќе може да се направи уште денес, 18 март, до 24 часот, соопшти...