fbpx
Таг: потпретседател

таг: потпретседател

Некохерентниот говор на Камала Харис во ова видео е компјутерски манипулиран

Видеоклипот што се споделува во постот е дигитално изменет во аудио делот. Навидум бесмислениот монолог на потпретседателката на САД е дигитално изменет. Од оригиналната снимка објавена на страницата на Белата куќа (1 час и 1 минута од видеото) се гледа дека Харис кажала нешто сосема поинакво од тоа што се прикажува во кусиот видеоматеријал. На Твитер постои профил кој објавува...

Генералниот секретаријат и да сака, не може да троши 700 милиони евра

Тврдењето на потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ дека Генералниот секретаријат на Владата имал дискреционо право да троши 700 милиони евра годинава, искажано во смисла дека Владата не сакала да се откаже од своите намери да троши и во услови на криза, е невистина. Генералниот секретаријат како стручна служба на Владата нема свој буџет, туку се потпира на буџетот на Владата, а тој...

Заев: И СДСМ ќе се откаже од потпретседател на Собранието, ако ВМРО-ДПМНЕ го стори тоа

При посетата на Македонска Каменица денеска, одговарајќи на новинарски прашања, претседателот на СДСМ и мандатар за состав на новата влада, Зоран Заев, порача дека ако ВМРО-ДПМНЕ се откаже од тоа да има свој потпретседател на Собранието, и СДСМ ќе го стори тоа, и наместо пет потпретседатели, колку што беше предложено, Собранието ќе има само три. Претходно ВМРО-ДПМНЕ објави дека...

Зеќир Рамчиловиќ е избран за потпретседател на Собранието

Независниот пратеник Зеќир Рамчиловиќ е избран за потпретседател на Собранието. Во рамките на 116. седница за него гласаа 62 пратеници, а 12 беа „против“. Рамчиловиќ на местото потпретседател на Собранието доаѓа по оставката на Весел Мемеди, по предлог од страна на пратеници од ДУИ и СДСМ. Претседателот на Собранието, Талат Џафери продолжението на седницата го најави за утре.

За „Б 92“ и „Косово онлјан“ Хазби Лика и натаму е потпретседател на Владата

Еден од најпознатите српки информативни веб сајтови „Б 92“ во саботата на 28.09.2019 година објави информација од предизборната кампања на Косово, при што Хазби Лика е претставен како потпретседател на Владата на Зоран Заев. Информацијата на „Б 92“ е пренесена во целост од веб сајтот „Косово Онлајн“ и се однесува на предизборни собири во Качаник и Урошевац на Демократската партија...

НДП на Весел Мемеди се закани со излегување од власта ако биде разрешен Фазлиу

Претседателот на НДП, Весел Мемеди, кој е потпретседател на Собранието, денеска на прес-конференција објави дека ако биде разрешен министерот за локална самоуправа Сухејл Фазлиу, неговата партија ќе се повлече од власта. Мемеди рече дека ќе поднесе оставка и за пратеничкото место и на функцијата потпретседател на Собранието, а неотповикливи оставки ќе поднесат и кадрите на НДП на директорски места...

Потпретседателот на Беса, Зекирија Ибрахими, поднесе оставка на функцијата

Потпретседателот на Беса, Зекирија Ибрахими, денеска информираше дека поднесува оставка на функцијата, јави Алсат-М. Тој исто така вели и дека нема да се кандидира за лидер на Беса на партискиот конгрес кој треба да се одржи во февруари. Оваа негова одлука доаѓа на само еден ден пред утрешниот состанок на Централниот одбор. Зекирија Ибрахими беше градоначалнички кандидат на Беса за општина...

Потпретседателот на Еквадор уапсен поради корупција

Врховниот суд на Еквадор вчера одреди притвор за потпретседателот Хорхе Глас поради наводно земање мито од сопственикот на бразилска градежна компанија. Глас обвини дека одлуката е политички мотивирана и е дело на неговиот ривал, претседателот Ленин Морено. Полицијата го приведе Глас во неговата резиденција во Гвајалкил и потоа со воен авион го транспортираше во главниот град Кито. - Нема потреба да...

Македонија, кодомаќин на средба со потпретседателот на САД

Македонија ќе биде кодомаќин на средбата на потпретседателот на САД, Мајк Пенс, со земјите членки на Јадранска повелба, која ќе се одржи на  2 август во Подгорица. Република Македонија која е претседавач на Јадранската повелба оваа година, заедно со Црна Гора е кодомаќин. Во Јадранската повелба членуваат Македонија, Албанија, Хрватска, Црна Гора и Босна и Херцеговина, а Србија, Косово и Словенија...

Кирацовски избран за генерален секретар на СДСМ, зголемен бројот на потпретседатели

Александар Кирацовски вчера од централниот одбор на СДСМ е избран за нов генерален секретар на партијата. Од другите партискии функционери што не се избираат на конгрес, избрани се и новите потпретседатели на партијата и е зголемен нивниот број. Избран е новиот 16-член состав на извршниот одбор, во кој се испочитувани и статутарните одредби за застапеност на младите и на жените, односно...

Рената Јајоска од СДСМ стана потпретседателка на Младите европски социјалисти

Членката на Извршниот одбор на СДММ, Рената Јајоска е избрана за потпретседателка на Младите европски социјалисти (Young European Socialists), на 17-от Конгрес на организацијата оддржан во Дуизбург, Германија. Младите Европски Социјалисти е една од најголемите и највлијателни младински организации во Европа. Претставува младинска организација која ги обединува социјалистичките и социјалдемократските подмладоци од Европа

Бајден му порача на Трамп дека е „време да порасне“

Потпретседателот на САД во заминување, Џо Бајден, ги критикуваше изјавите на новоизбраниот американски претседател, Доналд Трамп, за разузнавачките агенции и му порача дека е „време да порасне“. Бајден, како што јавуваат светските агенции, ги оценил како „неразумни“ ставовите на Трамп во врска со извештаите на разузнавачките агенции за влијанието на руските хакери на претседателските избори во САД. „Претседателот да нема доверба...

Трамп утре ќе го објави името на својот кандидат за потпретседател

Неофицијалниот републикански кандидат за претседател на САД, Доналд Трамп, најави дека утре ќе го објави името на својот кандидат за потпретседател на државата на претстојните претседателски избори. Трамп синоќа на „Твитер“ напиша рече дека името на потпретседателскиот кандидат ќе го објави во Њујорк и додаде дека „деталите следуваат“. Тој, неговите повозрасни деца и клучните соработници од почетокот на неделава имаат...

Клинтон избира кандидат за потпретседател

Сенаторите од Масачусетс и од Вирџинија, Елизабет Ворен и Тим Кејн, како и Џулијан Кастро, се наоѓаат на листата на Хилари Клинтон за можни кандидати за потпретседател. Како што наведуваат извори од редовите на демократите, на тој список не се наоѓа Берни Сандерс, сенаторот од Вермонт, кој ѝ беше ривал на Клинтон во трката за демократски претседателски кандидат.

Џо Бајден во ненајавена посета на Ирак

Потпретседателот на САД, Џо Бајден, денеска пристигна во ненајавена посета на Ирак, каде се сретна со ирачкиот премиер Хајдер ал-Абади, разговарајќи за политичките и за безбедносните прашања. Ова е првпат Бајден, како клучна личност од Белата куќа за односите со Ирак, да ја посети оваа земја од повлекувањето на американските сили во 2011 година, но ова е трета посета овој...

Денеска ќе се избира потпретседател на Собранието од редовите на СДСМ

Собранието денеска ќе одржи две седницци на кои ќе се гласа за предлогот Рената Тренеска-Дескоска да биде потпретседател од редовите на СДСМ. Пратениците ќе гласаат и за пополнување на испразнетите места во собраниските комисии и тела. Пратеникот Горан Мисевски ќе биде претседател на Комисијата за надзор над спроведувањето на посебната истражна мерка за следење на комуникациите од МВР, Управата за финансиска полиција,...

Бајден: Време е Европа да ја намали зависноста од руските нафта и гас

Потпретседателот на САД, Џозеф Бајден, во денешниот говор на конференцијата на Атлантскиот совет во Истанбул, рече дека е време Европа да ја подобри енергетската безбедност и да најде други извори за снабдување со енергенти за да ја намали зависноста од Русија, пренесуваат светските медиуми. Тој предупреди на досегашната практика на Русија, енергентите да ги користи како оружје во својата политика кон соседите. Американскиот...

ДИК: Jавен увид и промени во избирачкиот список може да се прават до вечерва на полноќ

Апелираме до граѓаните дека јавниот увид во Избирачкиот список како и промена, запишување и бришење на податоци ќе може да се направи уште денес, 18 март, до 24 часот, соопшти...