Кирацовски избран за генерален секретар на СДСМ, зголемен бројот на потпретседатели

Александар Кирацовски вчера од централниот одбор на СДСМ е избран за нов генерален секретар на партијата. Од другите партискии функционери што не се избираат на конгрес, избрани се и новите потпретседатели на партијата и е зголемен нивниот број. Избран е новиот 16-член состав на извршниот одбор, во кој се испочитувани и статутарните одредби за застапеност на младите и на жените, односно има шест млади и седум жени, соопштија од партијата.

За потпретседатели на СДСМ, кои, исто како и Кирацовски, беа предложени од партискиот лидер, се избрани Оливер Спасовски, досегашниот генерален секретар на СДСМ, Мухамед Зекири, досегашен член на ЦО на СДСМ, Петре Шилегов, партискиот портпарол, Благој Бочварски, досегашен член на ИО. Тие им се придружуваат на досегашните потпретседатели Дамјан Манчевски и Фросина Ременски.