fbpx
Таг: план 3-6-9

таг: план 3-6-9

Дескоска: Скринингот ќе помогне да се создаде нова реформска динамика

Владино-државна делегација составена од 40 експерти и предводена од вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи, министерката за правда Рената Дескоска и шефот на техничкиот преговарачки тим Бојан Маричиќ денеска формално го започна објаснувачкиот скрининг за Македонија и Албанија, како подготовка за почеток на преговорите за полноправно членство во Европската унија. Дескоска рече дека делегацијата е подготвена да ги вложи напорите во процесот...

Османи му го презентирал планот „18“ на евроамбасадорот Жбогар

Вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи пред евроамбасадорот Самуел Жбогар и претставници на Делегацијата на ЕУ во Македонија го презентирал новиот реформски план на Владата, наречен план „18“, со кој, според Секретаријатот за европски прашања (СЕП), јавноста ќе биде запознаена откакона  следната седмица ќе се најде на седница на Владата. На почетокот, Османи изразил задоволство од „имплементацијата на планот „3-6-9“,...

Македонија заслужува датум за преговори со ЕУ и покана за НАТО, сметаат Османи и Димитров

Вицепремиерот задолжен за европски прашања, Бујар Османи и министерот за надворешни работи, Никола Димитров, учествуваа на работна средба со амбасадорите на земјите – членки на Европската Унија во Македонија, организирана од страна на амбасадорот на Република Бугарија во земјава, Иван Великов Петков. Тема на состанокот беа политичките состојби околу евроинтегративните процеси во Република Македонија, а во контекст на пораките...

Објавен извештај за имплементацијата и реализацијата на планот 3-6-9

Заедно со објавувањето на Извештајот на Европската Комисија ЕК) за состојбите и напредокот на земјава на патот кон почеток на преговорите со ЕУ,  истече периодот за имплементација на Планот 3-6-9. Деталниот фактографски извештај за имплементацијата на Планот 3-6-9, точно на полноќ беше објавен на веб страната на Секретаријатот за европски прашања. Според овој извештај, во изминатите девет месеци Македонија успеала...

Османи му го предаде извештајот за реализацијата на планот „3-6-9“ на Жбогар

Вицепремиерот задолжен за европски прашања, Бујар Османи, во пресрет на утрешното излегување на Извештајот за состојбите и напредокот на Република Македонија, му го предаде на Евроамбасадорот Самуел Жбогар, финалниот фактографски извештај за реализација и имплементацијата на реформите од Планот „3-6-9“. - Реализиравме преку 90 отсто од предвидените реформи во Планот „3-6-9 “и 100 проценти од неговата суштина. Планот ја постигна...

Османи: Планот „3-6-9“ е 90 отсто реализиран, Иванов да го потпише Законот за јазици

Реформскиот план „3-6-9“ на Владата е реализиран 90 отсто и со тоа успеавме да ја вратиме Македонија на вистинскиот, евроатланскиот пат, рече вицепремиерот задолжен за европски прашања, Бујар Османи. Вицепремиерот рече дека ќе биле реализирани и 95 отсто од мерките, но некои од реформските закони, како законот за судови, за кои е потребно двотретинско мнозинство од пратениците во Собранието, не...

Османи ќе го презентира статусот на спроведувањето на Планот „3-6-9“

Вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи денеска на прес-конференција во Владата ќе го презентира статусот на имплементацијата на Планот „3-6-9“. Презентацијата е во пресрет на објавувањето на Извештајот на Европската комисија за напредокот на Македонија на евроинтегративниот пат на 17 април. Напредокот во имплементацијата на Планот „3-6-9“ Османи вчера во Брисел го презентираше пред високата претставничка на ЕУ за надворешни работи...

Пратениците денеска ќе ги гласаат реформските закони

По гласањето за интерпелацијата за владата поднесена од ВМРО-ДПМНЕ, денеска на дневен ред во Собранието се реформските закони кои се носат со двотретинско мнозинство. На собраниската расправа и гласање ќе бидат присутни и пратениците на ВМРО-ДПМНЕ кои четири месеци ја бојкотираа собраниската работа, но најавија дека ќе ги поддржат законите од планот „3-6-9“ на владата. На дневен ред на 34. седница...

Социетас Цивилис: Од планот 3-6-9 во вторите 3 месеци исполнети половината активности

Од вкупно предвидените 31 активност во вторите три месеци од планот 3-6-9, исполнети се  16 активности (52%), додека пет активности (16%) - се делумно исполнети, шест активности се неисполнети (19%) и четири активности, односно 13 отсто од вкупниот број се немерливи, утврдил Институтот за демократија „Социетас Цивилис“ – Скопје (ИДСЦС), кој во соработка со фондацијата Конрад Аденауер го следи...

„Евротинк“: 62 отсто не знаат за планот „3-6-9“, а 73 отсто не чуле за Извештајот на Прибе

Над 63 отсто од граѓаните сметаат дека членството во ЕУ е добра работа, за 13 проценти повеќе отколку пред три години, покажува анкетата на невладината организација „Евротинк“. Слична е поддршката и за членство на земјата во НАТО – 65,8 отсто од испитаниците се согласуваат дека е тоа добро, додека скоро 20 отсто не се согласуваат. Гледано по етнички групи, околу...

Формиран Советот за реформи на јавната администрација со кој ќе претседава Заев

Премиерот Зоран Заев, како претседател и уште 12 членови го сочинуваат Советот за реформа на јавната администрација кој денеска се формираше во Владата, а кој треба да ја следи реализацијата на Стратегијата за реформи во овој сектор, како дел од планот „3-6-9“, соопшти владината прес-служба. Членови на Советот се вицепремиерот за европски прашања, Бујар Османи; вицепремиерот задолжен за Рамковниот договор...

И покрај најавите за бојкот во Собранието, Владата очекува поддршка за реформите

Владата очекува опозицијата да ги покаже во пракса декларативните заложби за евроинтеграција на земјата, соопштија од Владата одговарајќи на прашање на „Мета“ дали имаат план „Б“, по најавите на опозициската ВМРО-ДПМНЕ дека нема да учествува во носењето на законите и на реформската агенда поради притворањето на шест од нејзините пратеници. - Владата смета дека реформските приоритети предвидени во планот „3-6-9“...

Димовски: Ставот за поддршка на планот „3-6-9“ е променет поради политичкиот реваншизам

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски, рече дека ставот на партијата за поддршка на владините реформи од планот „3-6-9“ е променет, јавува телевизија „Алсат-М“. Димовски додаде дека на оваа промена влијаеле последните случувања, односно одземањето на имунитетот на шесте пратеници на ВМРО-ДПМНЕ. „СДСМ покажа дека нема потреба од опозиција во Собранието. Отсега понатаму сè е можно. Нашиот став е променет многу поради политичкиот реваншизам“, вели Димовски. Собранието...

Вицепремиерот Бујар Османи вели дека делот „3“ од планот е исполнет 80 отсто

Според вицепремиерот Бујар Османи, спроведувањето на делот „3“ од владиниот реформски план „3-6-9“ е стигнато до 80 проценти. Како што соопшти Секретаријатот за европски прашања, на чие чело е Османи, на 37. состанок на работниот комитет за европски интеграции (РКЕИ), кој се одржал во Владата, заменикот-премиер задолжен за европски прашања истакнал дека „постои задоволителна исполнителност од повеќе од 80 отсто од...

Османи на амбасадорите им ги презентираше деловите „6“ и „9“ од планот „3-6-9“

Вицепремиерот задолжен за европски прашања, Бујар Османи, денес ги презентирал деловите „6“ и „9“ од планот „3-6-9“, пред амбасадорите на земјите членки на Европската Унија во Македонија. Османи посочил дека намерата на Владата е планот „3-6-9“ да ја заокружи реформската потреба на Република Македонија, за откочување на евроинтегративните процеси. Тој на амбасадорите им ги повторил очекувањата на Владата за конкретни чекори од...

ИДСЦ: Планот „3-6-9“ е несоодветно подреден, а „тројката“ е нецелосно исполнета

Наспроти тоа што го кажа Владата, дека делот „3“ од планот „3-6-9“ е целосно исполнет, активностите предвидени за првите три месеци од реформскиот план се само делумно реализирани. Исто така, во планот има несоодветно подредување на приоритетите, па некои побитни се сместени подолу во редоследот на важноста, велат од Институтот за демократија „Социетас цивилис“ од каде го презентираа својот...

Османи: Овие шест недели ќе ја решат судбината на следните шест месеци

Со локалните избори и со позитивниот извештај на ОБСЕ/ОДИХР, го крунисавме поглавјето „3“ од планот „3-6-9“ и сега почнуваме ново поглавје кое е особено важно, изјави денеска вицепремиерот за европски прашања, Бујар Османи. - Следните шест недели, на некој начин, ќе ја определат судбината на следните шест месеци, кои се најважни во определувањето на долгорочната перспектива на државата. Во следните...

Османи: Целта не е планот „3-6-9“ да продолжи со „12“, туку со почеток на преговори со ЕУ

Целта на планот „3-6-9“ не е по неговата имплементација, тој да продолжи во нов дел „12“, туку со одлука за почнување преговори, порачал вицепремиерот Бујар Османи на заедничката средба со министрите Оливер Спасовски, Биљен Салији и Дамјан Манчевски со еврокомесарот Јоханес Хан. Како што соопштија од кабинетот на Османи, вицепремиерот го запознал Хан со деловите „6“ и „9“. На средбата посебно...

Владата ги усвои идните мерки од планот „3-6-9“

Владата на 38. седница го разгледа и го прифати фактографскиот преглед на статусот на имплементација на мерките предвидени во планот „3-6-9“ заклучно со 14 ноември 2017 година, соопшти владината прес-служба. На седницата, исто така, била усвоена и информацијата за активностите што ќе бидат преземени во наредниот период што ги опфаќаат одредниците „6-9“ во планот. „Фактографскиот преглед на статусот на имплементација на мерките предвидени...

Владата по изборите агресивно се посвети на реформите, реферирал Османи во Брисел

Имплементацијата на делот „3“ и динамиката за реализација на остатокот од клучните реформи од планот „3-6-9“ биле темите на кои реферирале вицепремиерот за европски прашања, Бујар Османи и министерот за надворешни работи, Никола Димитров на денешниот работен појадок во Брисел со министрите за надворешни работи на земјите-членки на Европската Унија. Османи ги претставил резултатите и постигнувањата од имплементацијата на делот...

ДИК: Jавен увид и промени во избирачкиот список може да се прават до вечерва на полноќ

Апелираме до граѓаните дека јавниот увид во Избирачкиот список како и промена, запишување и бришење на податоци ќе може да се направи уште денес, 18 март, до 24 часот, соопшти...