петок, 10 април, 2026
Meta.mk

Ознака: план 3-6-9 | 58 резултати

Османи му го предаде извештајот за реализацијата на планот „3-6-9“ на Жбогар

април 16, 2018

Вицепремиерот задолжен за европски прашања, Бујар Османи, во пресрет на утрешното излегување на Извештајот за состојбите и напредокот на Република Македонија, му го предаде на Евроамбасадорот Самуел Жбогар, финалниот фактографски извештај за реализација и имплементацијата на реформите од Планот „3-6-9“. – Реализиравме преку 90 отсто од предвидените реформи во Планот „3-6-9 “и 100 проценти од […]

Османи: Планот „3-6-9“ е 90 отсто реализиран, Иванов да го потпише Законот за јазици

април 13, 2018

Реформскиот план „3-6-9“ на Владата е реализиран 90 отсто и со тоа успеавме да ја вратиме Македонија на вистинскиот, евроатланскиот пат, рече вицепремиерот задолжен за европски прашања, Бујар Османи. Вицепремиерот рече дека ќе биле реализирани и 95 отсто од мерките, но некои од реформските закони, како законот за судови, за кои е потребно двотретинско мнозинство […]

Османи ќе го презентира статусот на спроведувањето на Планот „3-6-9“

април 13, 2018

Вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи денеска на прес-конференција во Владата ќе го презентира статусот на имплементацијата на Планот „3-6-9“. Презентацијата е во пресрет на објавувањето на Извештајот на Европската комисија за напредокот на Македонија на евроинтегративниот пат на 17 април. Напредокот во имплементацијата на Планот „3-6-9“ Османи вчера во Брисел го презентираше пред високата […]

Пратениците денеска ќе ги гласаат реформските закони

април 12, 2018

По гласањето за интерпелацијата за владата поднесена од ВМРО-ДПМНЕ, денеска на дневен ред во Собранието се реформските закони кои се носат со двотретинско мнозинство. На собраниската расправа и гласање ќе бидат присутни и пратениците на ВМРО-ДПМНЕ кои четири месеци ја бојкотираа собраниската работа, но најавија дека ќе ги поддржат законите од планот „3-6-9“ на владата. На […]

Социетас Цивилис: Од планот 3-6-9 во вторите 3 месеци исполнети половината активности

март 5, 2018

Од вкупно предвидените 31 активност во вторите три месеци од планот 3-6-9, исполнети се  16 активности (52%), додека пет активности (16%) – се делумно исполнети, шест активности се неисполнети (19%) и четири активности, односно 13 отсто од вкупниот број се немерливи, утврдил Институтот за демократија „Социетас Цивилис“ – Скопје (ИДСЦС), кој во соработка со фондацијата […]

„Евротинк“: 62 отсто не знаат за планот „3-6-9“, а 73 отсто не чуле за Извештајот на Прибе

јануари 24, 2018

Над 63 отсто од граѓаните сметаат дека членството во ЕУ е добра работа, за 13 проценти повеќе отколку пред три години, покажува анкетата на невладината организација „Евротинк“. Слична е поддршката и за членство на земјата во НАТО – 65,8 отсто од испитаниците се согласуваат дека е тоа добро, додека скоро 20 отсто не се согласуваат. […]

Формиран Советот за реформи на јавната администрација со кој ќе претседава Заев

декември 21, 2017

Премиерот Зоран Заев, како претседател и уште 12 членови го сочинуваат Советот за реформа на јавната администрација кој денеска се формираше во Владата, а кој треба да ја следи реализацијата на Стратегијата за реформи во овој сектор, како дел од планот „3-6-9“, соопшти владината прес-служба. Членови на Советот се вицепремиерот за европски прашања, Бујар Османи; […]

И покрај најавите за бојкот во Собранието, Владата очекува поддршка за реформите

декември 6, 2017

Владата очекува опозицијата да ги покаже во пракса декларативните заложби за евроинтеграција на земјата, соопштија од Владата одговарајќи на прашање на „Мета“ дали имаат план „Б“, по најавите на опозициската ВМРО-ДПМНЕ дека нема да учествува во носењето на законите и на реформската агенда поради притворањето на шест од нејзините пратеници. – Владата смета дека реформските […]

Димовски: Ставот за поддршка на планот „3-6-9“ е променет поради политичкиот реваншизам

декември 3, 2017

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски, рече дека ставот на партијата за поддршка на владините реформи од планот „3-6-9“ е променет, јавува телевизија „Алсат-М“. Димовски додаде дека на оваа промена влијаеле последните случувања, односно одземањето на имунитетот на шесте пратеници на ВМРО-ДПМНЕ. „СДСМ покажа дека нема потреба од опозиција во Собранието. Отсега понатаму сè е можно. Нашиот став е […]

Вицепремиерот Бујар Османи вели дека делот „3“ од планот е исполнет 80 отсто

ноември 29, 2017

Според вицепремиерот Бујар Османи, спроведувањето на делот „3“ од владиниот реформски план „3-6-9“ е стигнато до 80 проценти. Како што соопшти Секретаријатот за европски прашања, на чие чело е Османи, на 37. состанок на работниот комитет за европски интеграции (РКЕИ), кој се одржал во Владата, заменикот-премиер задолжен за европски прашања истакнал дека „постои задоволителна исполнителност […]

Османи на амбасадорите им ги презентираше деловите „6“ и „9“ од планот „3-6-9“

ноември 28, 2017

Вицепремиерот задолжен за европски прашања, Бујар Османи, денес ги презентирал деловите „6“ и „9“ од планот „3-6-9“, пред амбасадорите на земјите членки на Европската Унија во Македонија. Османи посочил дека намерата на Владата е планот „3-6-9“ да ја заокружи реформската потреба на Република Македонија, за откочување на евроинтегративните процеси. Тој на амбасадорите им ги повторил очекувањата на […]

ИДСЦ: Планот „3-6-9“ е несоодветно подреден, а „тројката“ е нецелосно исполнета

ноември 28, 2017

Наспроти тоа што го кажа Владата, дека делот „3“ од планот „3-6-9“ е целосно исполнет, активностите предвидени за првите три месеци од реформскиот план се само делумно реализирани. Исто така, во планот има несоодветно подредување на приоритетите, па некои побитни се сместени подолу во редоследот на важноста, велат од Институтот за демократија „Социетас цивилис“ од […]

Османи: Овие шест недели ќе ја решат судбината на следните шест месеци

ноември 24, 2017

Со локалните избори и со позитивниот извештај на ОБСЕ/ОДИХР, го крунисавме поглавјето „3“ од планот „3-6-9“ и сега почнуваме ново поглавје кое е особено важно, изјави денеска вицепремиерот за европски прашања, Бујар Османи. – Следните шест недели, на некој начин, ќе ја определат судбината на следните шест месеци, кои се најважни во определувањето на долгорочната […]

Османи: Целта не е планот „3-6-9“ да продолжи со „12“, туку со почеток на преговори со ЕУ

ноември 20, 2017

Целта на планот „3-6-9“ не е по неговата имплементација, тој да продолжи во нов дел „12“, туку со одлука за почнување преговори, порачал вицепремиерот Бујар Османи на заедничката средба со министрите Оливер Спасовски, Биљен Салији и Дамјан Манчевски со еврокомесарот Јоханес Хан. Како што соопштија од кабинетот на Османи, вицепремиерот го запознал Хан со деловите […]

Владата ги усвои идните мерки од планот „3-6-9“

ноември 20, 2017

Владата на 38. седница го разгледа и го прифати фактографскиот преглед на статусот на имплементација на мерките предвидени во планот „3-6-9“ заклучно со 14 ноември 2017 година, соопшти владината прес-служба. На седницата, исто така, била усвоена и информацијата за активностите што ќе бидат преземени во наредниот период што ги опфаќаат одредниците „6-9“ во планот. „Фактографскиот преглед на […]

Владата по изборите агресивно се посвети на реформите, реферирал Османи во Брисел

ноември 13, 2017

Имплементацијата на делот „3“ и динамиката за реализација на остатокот од клучните реформи од планот „3-6-9“ биле темите на кои реферирале вицепремиерот за европски прашања, Бујар Османи и министерот за надворешни работи, Никола Димитров на денешниот работен појадок во Брисел со министрите за надворешни работи на земјите-членки на Европската Унија. Османи ги претставил резултатите и […]

Владата се пофали дека од планот „3-6-9“ останале само „6-9“

ноември 10, 2017

На состанокот на министерската работна група денеска за реформите од планот „3-6-9“ било констатирано дека се исполнети сите предвидени мерки од неговата прва третина, односно од делот „3“, соопшти владината служба за информирање. На денешниот состанок, министрите информирале дека е подготвен детален план за активностите и мерките кои треба да се реализираат во периодот до […]

Шекеринска во Брисел разговарала со помошниците на генералниот секретар на НАТО

ноември 10, 2017

Македонската министерка за одбрана, Радмила Шекеринска, при посетата на Брисел на состанокот на министрите за одбрана на земјите-членки на НАТО и земјите-учесници во мисијата „Одлучна поддршка“, во НАТО штабот во Брисел имала средби со помошник-генералниот секретар на НАТО за политички прашања и безбедносна политика, Алехандро Алваргонзалез и помошник-генералниот секретар на НАТО за одбранбена политика и […]

Османи утре во работна посета на Париз

октомври 22, 2017

Вицепремиерот задолжен за европски прашања, Бујар Османи, утре ќе отпатува во работна посета на Париз, соопшти денеска неговиот кабинет. Османи утре во Париз ќе има средби со министерката за европски прашања при Министерството за надворешни и европски работи на Франција, Натали Лоазо, потоа со Емануел Ленан, советник во кабинетот на премиерот Едуард Филип, и со […]

Димитров во ОБСЕ ги претстави реформите и ја нагласи важноста на слободните медиуми

октомври 12, 2017

Шефот на македонската дипломатија, Никола Димитров, денеска имаше обраќање пред Постојаниот совет на ОБСЕ во Виена, во кое, говорејќи за реформите на Владата, поврзани со владеењето на правото, изборниот систем, силни и професионални институции, развој на здрави механизми на контрола, независно судство и слободата на медиумите, се повика на цитатот од американскиот дипломат Адлај Стивенсон […]

Страна 1 од 3