fbpx
Таг: план 3-6-9

таг: план 3-6-9

Владата се пофали дека од планот „3-6-9“ останале само „6-9“

На состанокот на министерската работна група денеска за реформите од планот „3-6-9“ било констатирано дека се исполнети сите предвидени мерки од неговата прва третина, односно од делот „3“, соопшти владината служба за информирање. На денешниот состанок, министрите информирале дека е подготвен детален план за активностите и мерките кои треба да се реализираат во периодот до декември – јануари, кога ќе...

Шекеринска во Брисел разговарала со помошниците на генералниот секретар на НАТО

Македонската министерка за одбрана, Радмила Шекеринска, при посетата на Брисел на состанокот на министрите за одбрана на земјите-членки на НАТО и земјите-учесници во мисијата „Одлучна поддршка“, во НАТО штабот во Брисел имала средби со помошник-генералниот секретар на НАТО за политички прашања и безбедносна политика, Алехандро Алваргонзалез и помошник-генералниот секретар на НАТО за одбранбена политика и планирање, Хајнрих Браус. Како што...

Османи утре во работна посета на Париз

Вицепремиерот задолжен за европски прашања, Бујар Османи, утре ќе отпатува во работна посета на Париз, соопшти денеска неговиот кабинет. Османи утре во Париз ќе има средби со министерката за европски прашања при Министерството за надворешни и европски работи на Франција, Натали Лоазо, потоа со Емануел Ленан, советник во кабинетот на премиерот Едуард Филип, и со Сабине Тилае, претседател на комисијата...

Димитров во ОБСЕ ги претстави реформите и ја нагласи важноста на слободните медиуми

Шефот на македонската дипломатија, Никола Димитров, денеска имаше обраќање пред Постојаниот совет на ОБСЕ во Виена, во кое, говорејќи за реформите на Владата, поврзани со владеењето на правото, изборниот систем, силни и професионални институции, развој на здрави механизми на контрола, независно судство и слободата на медиумите, се повика на цитатот од американскиот дипломат Адлај Стивенсон - „Слободните медиуми се...

Ќе се проценува дали препораките на Прибе се соодветно адресирани

Владата денеска го усвои фактографскиот преглед на статусот на имплементација на мерките предвидени во планот „3-6-9“ и ги задолжи сите засегнати министерства и Генералниот секретаријат да ги прегледаат препораките од Извештајот на групата високи експерти предводена од Рајнхард Прибе, соопшти владината прес-служба. Доколку министерствата и Генералниот секретаријат проценат дека дел од препораките не се соодветно адресирани во одредниците 6 и...

Преглед на реализцијата на планот „3-6-9“ во министерствата

Владата на денешната седница, со која претседаваше вицепремиерката и министерка за одбрана, Радмила Шекеринска-Јанковска, им препорача на сите министерства до крајот на оваа недела да ги ажурираат нивните обврски и динамиката на исполнување на активностите предвидени во планот „3-6-9“, кои се однесуваат на шестмесечниот период од реформскиот план, соопшти владината прес-служба. На седницата било соопштено дека Секретаријатот за европски прашања...

Планот „3-6-9“ и статистиката за истрагите за корупција од лани, денеска на седница на Влада

Владата денеска ќе ја одржи 30. редовна седница, на која, меѓу другото, ќе биде разгледана динамиката и напредокот во исполнувањето на обврските од реформскиот план „3-6-9“, соопшти владината прес-служба. Министрите, како што е најавено, ќе ја разгледаат и информацијата за статистичките податоци за кривичните предмети од областа на корупцијата за 2016 година. На дневен ред ќе биде и информацијата за подобрување...

Работна група на Владата ќе го реформира системот за следење на комуникациите

Владата ќе формира меѓуресорска работна група која ќе треба да подготви решение за реформа на системот на следење на комуникациите, врз основа на препораките од експертската група на Рајнхард Прибе, кое ќе обезбеди заштита на правата на граѓаните и заштита од злоупотреби на прислушувањето. Потребата за формирање на работната група била усвоена на вчерашната седница на Владата, а на предлог...

Димитров и Хан во Брисел разговарале за реформите

Министерот за надворешни работи, Никола Димитров, денеска во Брисел имал работна средба со еврокомесарот за проширување и за соседска политика, Јоханес Хан, на која го информирал еврокомесарот за досегашното спроведување на реформите во согласност со планот „3-6-9“, соопшти Министерството за надворешни работи (МНР). Димитров ја повторил заложбата на Владата за целосна вклученост во спроведувањето на реформите за набргу да се отвори...

Хан до Заев: Продолжете да работите демократски на започнатите реформи

Продолжете да работите демократски на започнатите реформи, тоа што ќе го постигнете е важно за перспективите на вашата држава и за целиот регион, порачал еврокомесарот за проширување и добрососедска политика, Јоханес Хан на средбата со премиерот Зоран Заев, во рамките на 72. Генерално собрание на Обединетите нации во Њујорк. Хан ги оценил иницијативите на Владата за добрососедство и регионална...

Заев од Њујорк: Подготвени сме да ги слушаме нашите граѓани

Воспоставувањето доверба меѓу владите, граѓаните и организациите од различни видови е од клучно значење за воспоставувањето транспарентни и енергични демократии, порача премиерот Зоран Заев во своето обраќање на панел-сесијата „Отворено владино партнерство - Враќање на довербата во владата“, во рамките на дебатите на 72. Генерално собрание на Обединетите Нации во Њујорк. Тој се осврна на искуствата на Македонија, кои, како...

Османи – Атебери: Поддршката од УСАИД има големо влијание за развојот на Македонија

Поддршката од УСАИД има големо влијание за развојот на Македонија, истакнал вицепремиерот задолжен за европски прашања, Бујар Османи, на средбата со новиот постојан претставник на УСАИД во земјава, Дејвид Атебери. Османи, како што соопштија од неговиот кабинет, на Атебери му ги презентирал надлежностите и политичката агенда на Секретаријататот за европски прашања (СЕП), посочувајќи дека моменталниот фокус на Владата и на СЕП е...

Извештајот на Прибе е реален и ќе го користиме за надградба на планот „3-6-9“, велат од Владата

Извештајот на Прибе објавен денеска дава реална слика за системските и долгогодишни предизвици кои оваа Влада ги наследи по преземањето на власта во јуни 2017 година, затекнувајќи заробена држава, се вели во реакцијата на Владата на новиот извештај на експертската група на Европската комисија, предводена од Рајнхард Прибе. „Токму во првите 100 дена од работењето, новата влада успеа да ги...

Брисел: Владата да ги разгледа препораките на Венецијанската комисија за законот за јазиците

Европската Унија е информирана дека Владата го усвои предлог-законот за употреба на јазиците и дека планира да го достави до Собранието, изјави за „Мета“ Маја Коцојанчич, портпаролка на Европската Унија. Коцијанчич, сепак, не одговори како Брисел го коментира ставањето европско знаменце, односно означувањето на законот како дел од европската легислатива. На прашање дали Европската Унија инсистира да се усвои и да се...

Брглез: По Црна Гора, време е Македонија да влезе во НАТО

Фокусот од Црна Гора го префрламе на Македонија, сега е време Република Македонија да влезе во НАТО, порачал претседателот на словенечкиот парлемент, Милан Брглез, на средбата со премиерот Зоран Заев. „Ви честитам за сè што постигнавте по политичката криза и за успешните позитивни промени што се случуваат во државата, во односите со соседите и на меѓународен план. Добро е да...

„Социетас цивилис“ и „Конрад Аденауер“ ќе го следат спроведувањето на планот „3-6-9“

Во реформскиот процес треба да бидат вклучени сите што носат политички одлуки, без разлика на извештаите кои доаѓаат од ЕУ, изјави претставникот на Фондацијата „Конрад Аденауер“, Јоханес Раи, на денешната прес-конференција посветена на почетокот на проектот за следење на спроведувањето на планот „3-6-9“. - Перформансите на земјата не се доволни за да се премине во следната фаза во ЕУ-интеграциите. Потребно е...

Османи: Законот за јазиците има европско знаменце затоа што е дел од евроинтеграцијата

Владата одлучи да му додели статус на европско знаменце на предлог-законот за употреба на јазиците затоа што тој е дел од Рамковниот договор, кој, пак, е дел од процесот на европската интеграција на земјата, соопштија денеска од кабинетот на вицепремиерот за европски прашања, Бујар Османи. „Имплементацијата на Рамковниот договор е нераскинливо поврзана со процесот на европската интеграција на земјата, за...

МВР: Ги исполнуваме обврските од планот „3-6-9“, законот за заштита на сведоци е подготвен

Министерството за внатрешни работи денеска соопшти дека ги исполнува обврските од реформскиот план „3-6-9“ на Владата и дека дел од нив се целосно реализирани, а останатиот дел ќе бидат исполнети во предвидените рокови. Оттаму информираат дека МВР е носител на активностите кои се однесуваат на реформите во разузнавачките служби, борбата против организираниот криминал и миграционата политика, а министерството учествува и...

Османи ќе му го претстави планот „3-6-9“ на Коѕиас

Министерот за надворешни работи на Грција, Никос Коѕиас, утре ќе биде во официјална посета на Македонија на покана на министерот за надворешни работи, Никола Димитров. Од МНР велат дека посетата на Коѕиас е продолжение на дијалогот помеѓу двајцата министри, во рамки на кој се опфатени перспективите на билатералната соработка помеѓу двете земји, како и други прашања од заемен интерес. Димитров денеска...

Османи: МВР и Собранието доцнат со мерките од првиот дел од планот „3-6-9“

Од вкупно предвидени 73 мерки, во првиот дел од планот „3-6-9“, досега се реализирани 34 мерки, повеќе од 30 мерки се во тек, а за неколку Владата констатирала дека доцнат. Ова денеска го изјави вицепремиерот за европски прашања, Бујар Османи, пред почетокот на 36. состанок на Работниот комитет за европски интеграции (РКЕИ), кој се одржа по неколкугодишна пауза, а...

МВР: Фотографирани гласачки ливчиња во Скопје, Охрид, Берово и Радовиш

Пет лица си ги фотографирале гласачките ливчиња во текот на денешното гласање, соопшти  Министерството за внатрешни работи (МВР). Станува збор за два случаи во Скопје и по еден во радовишко,...