fbpx
Таг: парламентарни избори

таг: парламентарни избори

Избори во БиХ: И Додик и Тривиќ тврдат дека водат во Република Српска, Изетбеговиќ призна пораз во Федерацијата

И Милорад Додик и неговата опозициска опонентка Јелена Тривиќ тврдат дека водат на вчерашното гласање за избор на нов претседател на Република Српска. Тривиќ уште синоќа ја објави победата на изборите, а на улиците во Бања Лука нејзините приврзаници славеа. Конечните резултати од претседателските избори во Република Српска ќе бидат соопштени денеска од страна на Централната изборна комисија. Опозициската кандидатка...

Жестоко во Бугарија пред изборите: Глас се купува за 100-200 лева, најмногу пријави за ГЕРБ

Се нудат од 100 до 200 лева за глас на претстојните парламентарни избори во Бугарија в недела, соопшти бугарското Министерство за внатрешни работи (МВР). Најголем број пријави се за понуди од ГЕРБ и ДПС. До министерството изминативе денови стигнале 250 пријави за купување гласови, а обвинителството не прифатило 180 барања за истрага, пренесува бугарскиот новински сајт mediapool.bg. Како што објасни главниот...

Франција: По изборите со рекордно низок одѕив, алијансата на Макрон сериозно загрозена од левицата

По вчерашниот прв круг на парламентарни избори во Франција, што го одбележа рекорно нискиот одѕив на граѓаните, центристичката алијанса на францускиот претседател Емануел Макрон е сериозно загрозена од левичарската коалиција предводена од Жан-Лик Меленшон, извести Би-Би-Си. Лево-зелената алијанса на Меленшон речиси се изедначи со владејачката партија, и Макрон би требало да стравува дали во вториот круг на парламентарните избори што...

Прв круг од парламентарните избори во Франција

Франција денеска гласа во првиот круг од парламентарните избори. Избирачките места во континенталниот дел од земјата беа отворени во 8 часот утрово, откако гласачите во прекуокеанските територии гласаа претходно викендов, додека гласањето се затвора вечерва во 20 часот. Овие избори се клучни за вториот мандат на Емануел Макрон и ќе го одредат неговиот капацитет да испорача внатрешна политика како што...

Медиапул: Три се варијантите за излез од политичката криза во Бугарија

Откако вчера, не сосема неочекувано, шоуменот и релативно тазе политичар Слави Трифонов објави дека министрите во четири-партитната влада на Бугарија од неговата партија „Има таков народ“ (ИТН) ќе станат од нивните фотелји поради острата спротивставеност на владините партнери во врска со политиката кон Северна Македонија и за трошењето на државните пари, бугарскиот новински сајт mediapool.bg предвидува три можни решенија...

Јанез Јанша со убедлив пораз по изборите во Словенија заминува од премиерското место

По повеќе од две години премиер на Словенија, Јанез Јанша ќе мора да си замине од премиерското место по резултатите од парламентарните избори што се одржаа вчера во Словенија. Неодамна формираната опозициска партија Движење Слобода на менаџерот Роберт Голоб освои 34,5 отсто од гласовите или 41 од вкупно 90 места во словенечкиот парламент, јавува Гардијан. Десниот популист Јанез Јанша и...

Виктор Орбан победи на изборите во Унгарија и освои двотретинско мнозинство во парламентот

Актуелниот премиер Виктор Орбан успеа да освои четврти мандат по ред на вчерашните парламентарни избори во Унгарија. По речиси 86 отсто од преброените гласови, неговата партија Фидеш успеа да го задржи двотретинското мнозинство во унгарскиот парламент со освоени 135 места од вкупно 199, јавува Гардијан. Изборните резултати покажуваат дека 53,7 отсто од гласовите ги освоила партијата Фидеш, додека за обединетата...

В недела избори во Унгарија и во Србија: Орбан се бори да остане 20 години на власт, Вучиќ за нов мандат

На 3 април во Србија и Унгарија ќе се одржат избори коишто треба да определат кој ќе раководи наредните години со овие две земји. Во Унгарија, актуелниот премиер Виктор Орбан се бори да освои нов премиерски мандат на парламентарните избори. Тој веќе беше премиер во периодот од 1998 до 2002 година, како и од 2010 година до денес. Ако...

Собранието го отфрли предлогот на ВМРО за укинување на техничката влада пред избори

Со 55 гласа „против“ и 32 гласа „за“, Собранието денеска не го прифати предлогот на опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ за укинување на техничката влада на 100 дена пред одржувањето на парламентарните избори, која што беше договорена со Пржинскиот договор. Владејачкото мнозинство во парламентот не го прифати предлогот на опозицијата, со кој во Законот за влада сакаа да се избрише изборот на...

Опозицијата обединета ќе настапи на изборите во Србија што ќе се одржат на 3 април

Во Србија на 3 април ќе се одржат претседателски, парламентарни и локални избори, на коишто опозицијата ќе настапи обединето во коалиција „Обединета Србија“, јавува српскиот весник Данас.  Опозициски кандидат за иден српски претседател е Здравко Понош, генерал-потполковник на српската војска во пензија и поранешен началник на генералштабот. Носител на изборната листа на опозициската коалиција за парламентарните избори е Мариника Тепиќ, додека...

Малите владејачки партии бараат една изборна единица или се закануваат со предвремени избори

Пет пратеници од владејачката коалиција предводена од СДСМ ја условуваат поддршката на новата влада предводена од Димитар Ковачевски со барање во рок од три месеци да се донесат измените на Изборниот законик во Собранието на РСМ. Пратениците Павле Трајанов од ДС, Маја Морачанин од ДОМ, Моника Зајкова и Боби Мојсоски од ЛДП, Љупчо Балкоски од ВМРО-НП и Бејџан Иљас од...

И повторно лупа врз исходот од бугарски избори: Меѓу кажаното и пишаното

По третите парламентарни избори оваа година, можно е Бугарија да добие Влада. Резултатите, математички гледано, тоа не го гарантираат. Сепак, политичката игра е надвор од доменот на математиката, а картите се малку поинаку поделени во оваа трета рунда. Изненадувачката победа на новоформираната „Продолжуваме со промените“, благодарејќи на анти-корупциската платформа, харизмата на лидерите и нивниот имиџ на успешни харвардски ученици е...

Продолжува бранот оставки во Бугарија по парламентарните избори

Претседателката на БСП, Корнелија Нинова, денеска поднесе оставка на функцијата поради катастрофалните резултати на парламентарните избори во неделата, јави „Медиапул“. Оставката на Нинова дојде еден ден по оставките на други лидери на бугарски политички партии што поминаа лошо на изборите. Претседателот на бугарското ВМРО, Красимир Каракачанов, поднесе оставка вчера, заедно со неговите заменици – европратеникот Ангел Џамбаски, потоа Искрен Веселинов, Атанас...

Во Бугарија преговори за нова влада, ГЕРБ на Бојко Борисов не е во игра

„Продолжуваме со промената“ (ПП), новата политичка коалиција што победи на парламентарните избори во Бугарија во неделата, денеска ги почнува преговорите со други партии за формирање нова влада, јави бугарски „Медиапул“. Кирил Петков, поранешен технички министер и еден од ко-претседавачите на коалицијата изјави дека веќе разговарал со Корнелија Нинова, претседателката на Бугарската социјалистичка партија (БСП, со Слави Трифонов, претседател на „Има...

Красимир Каракачанов си даде оставка поради лошите резултати на парламентарните избори во Бугарија

Претседателот на бугарското ВМРО, Красимир Каракачанов, кој долги години е на таа функција, си поднесе оставка денеска поради слабите резултати на партијата на вчерашните парламентарни избори, јави „Медиапул“. Покрај него, оставки дадоа и неговите заменици - европратеникот Ангел Џамбаски, потоа Искрен Веселинов, Атанас Стојанов и Милен Михов. Стојанов, кој е градоначалник на Сандански, неколку часа пред оставката беше уапсен за...

Борисов: Целата ЕУ е против нас, за Северна Македонија ќе нè притиснат со финансиските инструменти

Поранешниот бугарски премиер Бојко Борисов гостувајќи во емисијата „Здраво Бугарија“ на бугарската телевизија Нова денеска порача дека целата ЕУ е против Бугарија поради нејзиното постапување кон Северна Македонија во последните седум месеци. Борисов го цитираше францускиот претседател Емануел Макрон, дека до декември Македонија треба да почне преговори, а тоа, вели поранешниот бугарски премиер, значи оти ЕУ ќе ја принуди Бугарија...

Унгарската опозиција води на анкетите пред изборите, нивниот лидер сака да го екстрадира Груевски во земјава

Опозициската алијанса од шест политички партии во Унгарија има предност на предизборните анкети од 4 проценти пред владејачката партија „Фидеш“ на Виктор Орбан, пишува британскиот весник Гардијан. Поддршката на здружената опозиција во моментов изнесува 39 отсто, партијата на Орбан има популарност од 35 отсто, додека 23 отсто од граѓаните не одлучиле за кого ќе гласаат. Сите опозициски партии во Унгарија...

Социјалдемократите со тесна победа на изборите во Германија, неколку коалиции се можни

Социјалдемократската партија на Германија (СДП) победи на вчерашните парламентарни избори во Германија со освоени 25,7 отсто од гласовите, наспроти демохристијанската коалиција ЦДУ/ЦСУ за која гласаа 24,1 отсто од Германците кои излегоа на изборите, јавува Дојче Веле. Првичните изборни резултати покажуваат дека социјалдемократите ќе имаат 206 пратеници во Бундестагот, додека демохристијаните освоија 196 пратеници. „Deutschlands neues Normal“ е водечкиот текст на...

Една недела пред изборите во Германија: социјалдемократите во водство, крај на “ерата” на Меркел?

Со незапамтена изборна трка се соочува Германија пред претстојните парламентарни избори што треба да се одржат на 26 септември. На една недела пред изборите, Социјалдемократската партија на Германија (СПД) и нејзиниот кандидат за канцелар Олаф Шолц се во водство со 6 проценти пред демохристијанската алијанса на ЦДУ/ЦСУ и нејзиниот кандидат Армин Лашет. Крајот на "ерата" на Ангела Меркел беше одамна...

Бугарскиот претседател Радев в четврток ќе го распушти парламентот и ќе назначи нова техничка влада

Кабинетот на Претседателот на Бугарија денеска соопшти дека претседателот Румен Радев в четврток, 16 септември, ќе го распушти парламентот и истиот ден ќе назначи нова техничка влада на Бугарија. Како што пишува бугарскиот медиум „Медиапул“, ова е третиот службен владин кабинет назначен од Радев. Првото назначување службена влада Радев ја направи веднаш по стапувањето на должност во јануари 2017 година, откако...

НБО вели дека поскапеното автоосигурување е реално, Битиќи бара повлекување на одлуката

Порастот на цената на полисата на задолжителното автоосигурување се должи на континуираниот раст на цените на реосигурувањето, автомобилите, резервните делови и на порастот на платите и постојаната голема инфлациона...