fbpx

Во Бугарија преговори за нова влада, ГЕРБ на Бојко Борисов не е во игра

-

„Продолжуваме со промената“ (ПП), новата политичка коалиција што победи на парламентарните избори во Бугарија во неделата, денеска ги почнува преговорите со други партии за формирање нова влада, јави бугарски „Медиапул“.

Кирил Петков, поранешен технички министер и еден од ко-претседавачите на коалицијата изјави дека веќе разговарал со Корнелија Нинова, претседателката на Бугарската социјалистичка партија (БСП, со Слави Трифонов, претседател на „Има таков народ“ (ИТН) и шоумен и со Христо Иванов, ко-претседавачот на коалицијата „Демократска Бугарија“.

ГЕРБ на поранешниот премиер Бојко Борисов и Движењето за права и слободи (ДПС), долгогодишен коалициски партнер на ГЕРБ, воопшто не се во игра.

„Идејата е да направиме нов процес на дискусија. Верувам дека има многу нешта што не обединуваат. Имаме многу заеднички теми, вклучително и со ИТН“, рече Петков за телевизијата Нова, повторувајќи го кажаното од другиот ко-претседавач на ПП, Ален Василев вчера – да се направат работни групи по области во кои ќе учествуваат сите партии предвидени за владината коалиција.

Петков објасни дека ќе има и директни средби на претседателите на партиите, но нема да се прави поделба на министерства од старт, туку ќе се договара процесот за работните групи да се сплотат. Според него, можно е на интернет да има преноси од некои состаноци на работните групи.

„Ќе биде многу корисно за бугарскиот народ да чуе какви се политиките и кои се разликите, за коишто дебатираме. Да биде јасно дека нема заткулисни зделки и неправилни дискусии. Сите треба да знаат дека имаме заедничка национална цел“, рече Кирил Петков.

Во договорот за идната коалиција ќе бидат внесени најмногу што е можно детали, за секој да се обврзе со точни и јасни цели.

Инаку, вчера поради слабите изборни резултати, oставки поднесоа Красимир Каракачанов, претседателот на националистичката ВМРО-БНД, како и неговите заменици: европратеникот Ангел Џамбаски, потоа Искрен Веселинов, Атанас Стојанов и Милен Михов. Стојанов, кој е градоначалник на Сандански, неколку часа пред оставката беше уапсен за купување гласови и задржан на 24 часа. Стојанов беше пуштен од притвор утрово.

Покрај нив, оставки поднесоа и други партиски лидери.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Почина Велибор Џаровски – Џаро

По кусо боледување, денеска на 75 години почина Велибор Џаровски-Џаро, еден од најпознатите менаџери на просторите на бивша Југославија. Здравко Чолиќ, Мишо Ковач, Маја Оџаклиевска, Оливер Драгојевиќ, „Бијело дугме“, Тереза...