fbpx
Таг: новинари

таг: новинари

Могерини – Џафери: Улогата на спикерот треба да биде над партиските и етничките интереси

Високата претставничка за надворешна политика и за безбедност на Европската Унија, Федерика Могерини, попладево се сретнала со новоизбраниот претседател на Собранието на Република Македонија, Талат Џафери, во рамките на неговата прва официјална посета на Брисел. Могерини, како што соопштија од нејзиниот кабинет, го поздравила изборот на Талат Џафери за претседател на Собранието и истакнала дека тоа е улога која треба...

СДСМ: Новата влада се обврзува дека ќе ја почитува слободата на медиумите

„Македонија ќе биде земја на слободни, професионални и независни новинари и медиуми, како што доликува на една современа европска демократска држава, во каква што ќе ја претвориме заедно нашата земја“, се вели во соопштението на СДСМ по повод Денот на слободата на медиумите. Во него се додава дека „СДСМ се придружува на ставот на ЕУ дека слободното изразување и известување на медиумите...

ССНМ: Македонија не смее да биде земја во која нема слобода на медиуми

„На Денот на слободата на медиумите, за жал, Македонија спаѓа во земјите во кои не постојат слободни медиуми. Тоа го покажува индексот на „Фридом хаус“ за 2017 година, според кој се мерат слободата на изразувањето и слободата на медиумите. И оваа година на скалата на „Репортери без граници“ Македонија е последна во регионот“, се вели во соопштението на Самостојниот...

Гутереш ги повика лидерите на земјите да ги спречат заканите за новинарите

По повод Светскиот ден на слободата на медиумите, 3 мај, генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш, ги повика лидерите на земјите и граѓаните да се спротивстават на дезинформациите и да ги спречат заканите за новинарите секаде во светот. - Слободата на медиумите ги унапредува мирот и правдата за сите и таа е клучна во борбата против дезинформациите. Потребна е заедничка борба...

Директорот на ОДИХР го осуди нападот на Собранието

Михаел Георг Линк, директорот на ОДИХР, денеска го осуди синоќешниот напад на пратениците во Собранието и повика на итни мерки за мирно решавање на ситуацијата. - Повикувам на итен политички дијалог во парламентот за да се обезбеди примена на ненасилни решенија во најкус можен рок - вели Линк. Нагласувајќи ја виталната важност на Собранието како еден од темелите на демократијата, тој...

Европскиот центар за медиумски слободи и ССНМ бараат гонење на насилниците

Самостојниот синдикат на новинарите и на медиумските работници (ССНМ) ја пофали храброста на новинарите кои вчера известуваа и го документираа насилството и побара органите на прогонот веднаш да излезат со обвинителни акти. Истовремено, упати силна осуда за беснеењето и за пасивноста на полицијата. „Политиката на етикетирање, говор на омраза, вербално насилство кон новинарите која синоќа кулминираше во Собранието со напад...

Новинарите со протестен собир ги најавија последните броеви на „Вест“ и на „Утрински“

Новинарите на „Утрински весник“ и на „Вест“ се собраа на паркиралиштето на трговскиот центар „Зебра“ каде што преку мирен протестен собир го одбележаа згаснувањето на двата дневни весници, кои 18 години излегуваа и ја обележаа медиумската сцена. Овие два дневни весници, за последен пат во печатено издание ќе излезат утре, 29 април. Новинарите добија поддршка од Самостојниот синдикат на новинари и...

СЕММ: МВР и обвинителството да ги расчистат инцидентите во Собранието и нападите на новинари

Советот за етика во медиумите (СЕММ) бара итна реакција на полицијата и на Јавното обвинителство и преземање на неопходните мерки за расветлување и за расчистување на вчерашните инциденти во Собранието на Република Македонија, во кои беа нападнати и новинарски екипи од неколку медиуми. „Ваквите случувања се суров доказ за алармантните услови со кои се соочуваат медиумите, а насилството врз нив...

Трифун Костовски: Не се обидов да си го вратам „Утрински весник“

Последниот број на „Утрински весник“ ќе излезе в сабота, на 29 април, тврдат новинарите кои се вработени во овој медиум. Официјален став од издавачот „Медија принт“ за затворањето на „Утрински весник“ сè уште нема. Не е познато ниту дали весникот претходно бил понуден на продажба на друга компанија или лице. Бизнисменот Трифун Костовски беше мнозински сопственик и заедно со уште неколку уредници...

СДСМ: Затворањето на „Утрински“ е доказ дека сме на дното по слободата на медиумите

„Најавеното затворање на „Утрински весник“ е уште еден доказ дека Македонија е на дното на Балканот по медиумски слободи и укажува зошто се неопходни демократски промени и конечна заштита на слободата и на професионалното работење на новинарите и на медиумите“, се вели во реакцијата на СДСМ на најавата дека в сабота (29 април) ќе излезе последниот број од овој дневен...

Гутиерез: Владини функционери вршат притисок врз новинарите во Македонија

Во Македонија владини функционери користат неновинарска реторика и има притисок врз новинарите на кои им се заканува затвор, смета генералниот секретар на Европската федерација на новинари, Рикардо Гутиерез. - Ова е моја четврта посета на Македонија од 2013 година и сè уште сум загрижен за состојбата со медиумите. Се забележува притисок врз новинарите и употреба на неновинарска реторика од повеќе...

ЗНМ: Менаџментот на МПМ, наместо да ја реши кризата, се пресметува со новинарите

Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) денеска изрази загриженост поради опасноста „Медиа принт Македонија“ (МПМ), која поседува четири весници, еден магазин и еден интернет-портал, да оди под стечај. ОД ЗНМ велат дека намерата на сопствениците и на менаџерите на МПМ не е да ја решат кризата во компанијата, туку полека да ги згаснат весниците преку постојано отпуштање на новинарите, што,...

ЗНМ: Стрмоглав пад на медиумските слободи и влошување на состојбата на новинарите

„Владата во 2016 година ги користела сите инструменти на власта за да ја ограничи слободата на говорот и да ги контролира медиумите. Послушните медиуми ги наградува со јавни пари, додека новинарите што ја критикуваат, постојано ги напаѓа и ги изложува на разни притисоци“, порача Насер Селмани, претседател на Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ). Претседателот на ЗНМ презентираше и бројки...

Вучиќ: Неморални се етикетирањата и нападите на чии било деца од протестите

Актуелниот премиер и избран претседател на Србија, Александар Вучиќ, денеска изјави дека ги осудува етикетирањето и нападите на деца на новинари и на партиски функционери поради нивното учество на „протестите против диктатурата“ во Белград, додавјќи дека никој не ги прогласил за непријатели. „Кој и да напаѓа чии било деца, мислам дека тоа е неморално и нефер“, изјави Вучиќ пред новинарите...

По еден месец штрајк, новинарите во МПМ се враќаат на работа

Со префрлањето на платата за јануари, штрајкувачкиот одбор на „Дневник“, „Утрински весник“ и на „Вест“ донел одлука за прекин на штрајкот, информираат од Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ). - ССНМ со жалење констатира дека и покрај префрлањето на платата, ситуацијата на вработените во МПМ и понатаму е критична и очекува од управата да извлече поуки од речиси четиринеделениот...

Штрајкот на новинарите во МПМ ќе се зголеми на осум часа

Штрајкувачките одбори на „Дневник“, „Утрински весник“ и на „Вест“ донесоа одлука за зголемување на времетраењето на штрајкот на 8 часа, почнувајќи од денеска, информира Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ). „Ова е од причини што и по усните ветувања од раководството дека се прават напори за да се исплати јануарската плата, платата не е исплатена и нема никаквов прецизен...

ССНМ ќе го поддржи Маршот за женски права поради дискриминација на новинарките

Самостојниот синдикат на новинарите на Македонија (ССНМ) ќе даде поддршка и ќе му се приклучи на Маршот за женски права, во организација на Платформата за родова еднаквост, кој ќе се одржи утре, во 12 часот, пред споменикот „Олимпија“ на плоштадот „Филип Втори“. Маршот е за еднакви права, еднаква плата, достоинствен третман и за должно почитување.- На 8 март 1977...

ЗНМ ги осуди нападите врз Јовановски и Тричковски и застрашувањето новинари

Здружението на новинарите на Македонија се огласи со осуда за „кампањата на застрашување и на понижување новинари што последните денови во Скопје ја спроведуваат непознати лица инспирирани од воинствените изјави на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, кој минататa недела ги повика етничките Македонци преку протести да ја спречат опозицијата да формира влада со партиите на Албанците“. Повод за реакцијата...

Новинарите од регионот го осудија тепањето на колегите од Македонија и бараат остра реакција

Остри осуди за претепувањето на екипата на порталот „А1он“ стасаа и од голем број звучни новинарски имиња од целиот Балкан, обединети во неформалната регионална иницијатива „Новинарска мрежа“. „Регионалната неформална иницијатива „Новинарска мрежа“, најостро ги осудува физичките напади врз екипата на порталот „А1он“ во Скопје и бара остра и брза реакција на државата, ефикасно полициско и судско процесуирање и адекватна реакција...

Една година тепање: Новинарите во Македонија станаа прва и крвава вест

Новинарите во Македонија во последнава година наместо автори на вести, самите станаа вест. Таков е и последниот случај со бруталното претепување на снимателот и на новинарот на „А1он“, Влатко Желчески и Александар Тодески, кој се надоврза на низата физички напади врз новинарите, било во текот на извршување на работните задачи или во друго време. Во изминатава година оштетувањата на...

ОБСЕ/ОДИХР: Одредени портали се создаваат само за да добиваат државни пари за изборите

Изборите во Македонија беа добро организирани, но имаше остра реторика, а недостига и регулација во сферата на онлајн порталите. Ова е генерално оценката на набљудувачите на ОБСЕ/ОДИХР и на...