ЗНМ ги осуди нападите врз Јовановски и Тричковски и застрашувањето новинари

-

Здружението на новинарите на Македонија се огласи со осуда за „кампањата на застрашување и на понижување новинари што последните денови во Скопје ја спроведуваат непознати лица инспирирани од воинствените изјави на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, кој минататa недела ги повика етничките Македонци преку протести да ја спречат опозицијата да формира влада со партиите на Албанците“. Повод за реакцијата се вчерашната провокација кон новинарот Борјан Јовановски, кој беше нападнат во ресторан, и вознемирувањето во семејниот дом на новинарот Бранко Тричковски.

ЗНМ вели дека тие инциденти се директен напад врз слободата на изразување.

„Кукавички е Груевски да ги инструментализира младите за извршување на валканите работи, изложувајќи ги нив и нивните семејства на ризик за неговите политички интереси. Предупредуваме дека ваквите провокации можат да ескалираат во физичко насилство врз новинарите со несогледливи последици. Незамисливо е во 21 век во Македонија новинарите да бидат изложени на притисок и на малтеретирање за јавно искажан став. Оваа срамна кампања има цел да ги заплаши и да ги замолчи новинарите и другите граѓани и сите неистомисленици на власта. Груевски добро знае дека само неинформирани граѓани можат да бидат лесно манипулирани и вовлечени во конфликт“, се вели во реакцијата.

Најстарото новинарско здружение во земјава го повика Груевски „да престане со ширење говор на омраза што поттикнува насилство  и да ги вразуми и да ги смири своите следбеници“. Овој повик на ЗНМ се однесува и на сите политичари и јавни личности да се воздржат од таков воинствен реченик.

ЗНМ апелира сите новинари и медиуми да известуваат професионално и да не долеваат масло на огнот.

Полицијата се сомнева дека дел од пожарите во кои до сега две лица починаа, се подметнати

Пожарите што деновиве ја зафатија Македонија можеби не се последица само на високите температури и силниот ветер. Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска на прес-конференција изјави дека постојат основани сомнежи...

Македонија го активираше ЕУ-механизмот за помош во справување со пожарите, Грција испраќа два канадери и пешадиски тимови

Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, попладнево на прес-конференција информираше дека поради сериозноста на ситуацијата со шумските пожари низ државата, активиран е Механизмот за цивилна заштита на Европската Унија. „Денес е активиран...

Делумно нормализиран сообраќајот кон Блаце, пуштена за сообраќај и скопската обиколница

Министерството за внатрешни работи (МВР) информира дека скопската обиколница е целосно пуштена за сообраќај, а од 17:20 часот денеска сообраќајот кон Граничниот премин Блаце е повторно отворен, но само за патнички...

Основното јавно обвинителство издаде наредби и насоки за целосно испитување на причините за настанување на пожарот во Визбегово

Основното јавно обвинителство Скопје постапува во координација со Министерството за внатрешни работи, како и со Здружението на новинари со цел итно обезбедување на сите докази во врска со информациите дека екипа...

Полицијата се сомнева дека дел од пожарите во кои до сега две лица починаа, се подметнати

Пожарите што деновиве ја зафатија Македонија можеби не се последица само на високите температури и силниот ветер. Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска на прес-конференција изјави дека постојат...