fbpx

СДСМ: Затворањето на „Утрински“ е доказ дека сме на дното по слободата на медиумите

-

„Најавеното затворање на „Утрински весник“ е уште еден доказ дека Македонија е на дното на Балканот по медиумски слободи и укажува зошто се неопходни демократски промени и конечна заштита на слободата и на професионалното работење на новинарите и на медиумите“, се вели во реакцијата на СДСМ на најавата дека в сабота (29 април) ќе излезе последниот број од овој дневен весник.

Во него се додава дека „неспособноста на Никола Груевски и на ВМРО-ДПМНЕ да се соочат со своите слабости и неприфаќањето на ниту една конструктивна критика, резултираше со невидени притисоци кон медиумите, новинарите и кон сопствениците“.

„Заканите, тужбите, апсењата, затворањата и насилната реторика кон одредени новинари и цели медиуми од страна на власта во заминување, ја турна Македонија на дното на Европа по медиумски слободи. Затоа Македонија и во последниот извештај на „Репортери без граници“ е рангирана како последна на Балканот. Затворањето на „Утрински весник“ дополнително ќе го намали рекордно нискиот рејтинг на Македонија по слобода на медиумите“, се вели во реакцијата на СДСМ.

Оттаму велат дека „ударите врз професионалното новинарство и притисоците врз нив мора да завршат“.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Со автоматска пушка влегол во казино во Лешок и украл над 300.000 денари

Наредба за истражна постапка против 28-годишен жител на селото Непроштено, Општина Теарце, кој е осомничен за разбојништво и поседување автоматска пушка, донесе Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Тетово. Во...