fbpx
Таг: медиумски реформи

таг: медиумски реформи

МРТ догодина очекува да добие 1 отсто од државниот буџет, но за ова нема одговор од државните институции

Македонската радио-телевизија (МРТ) очекува догодина да добие финансиски средства во износ од еден отсто од реализираните вкупни приходи на државниот буџет за годинава. Јавниот радиодифузен сервис ја објави Предлог-годишната програма за работа за 2021 година, во која се наведува дека согласно Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги догодина треба да добијат значителни повисоки средства од државниот буџет во...

ААВМУ ќе го анализира медиумското прикажување на жените – кандидатки на изборите за време на кампањата

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (ААВМУ) ќе изработи анализа на родовите прашања и претстави за време на изборната кампања со акцент на прикажувањето и третманот на жените - кандидатки/претставнички на учесници во изборната кампања. Станува збор за редовно годишно истражување на различни теми за родот во медиумите што се изработува од 2012 година, а кое годинава ќе...

ЗНМ и РКЕ потпишаа Меморандум за соработка за поголема транспарентност во работењето на регулаторите

Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ) и Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) потпишаа Меморандум за соработка во кој основен постулат е информирање на граѓаните за постапките и процесите за заштита на правата на потрошувачите за енергетските услуги. „Меморандумот за соработка е дополнителен чекор кон унапредување на мисијата за транспарентност на работењето, а точната и навремена информација кон...

На вчерашниот протест во Скопје нападната екипа на Ал Џазира, осуди од ЗНМ и од ССНМ

Новинарката Милка Смилевска и снимателот Јорде Ангеловиќ на вчерашниот протест што го организираше ВМРО-ДПМНЕ биле нападнати и попречени во вршењето на своите професионални новинарски задачи. Додека снимале изјава за протестот со соговорник, напаѓачот најпрво ја прашал новинарката Смилевска дали е од Ал Џазира, по што ѝ го бутнал микрофонот. „Полицијата го приведе и ќе му поднесе пријава. Јас нема да...

До крајот на годинава би бил готов нацрт-нов Закон за граѓанска одговорност за навреда и клевета

Ангажираниот експерт од Канцеларијата на Обединетите нации за проектни услуги (УНОПС) месецов ќе ја предаде првичната верзија на анализата за примената на Законот за граѓанска одговорност за навреда и клевета, информираат за „Мета.мк“ од Министерството за правда. Во изминатиов период биле реализирани интервјуа со судии од Основниот граѓански суд во Скопје и Основниот суд во Велес, со Здружението на...

СДСМ со неколку ветувања за развојот на медиумската сфера во новиот мандат

Владејачката СДСМ пред изборите на медиумските организации јавно им вети брзо формирање на новите управувачки органи на Македонската радио-телевизија и на медиумскиот регулатор во рамките на медиумските реформи. Одговарајќи на јавно упатените прашања од страна на Здружението на новинари на Македонија и на другите новинарски и медиумски организации, СДСМ вети дека веднаш по заокружување на новото парламентарно мнозинство, целиот фокус...

Алсат-М и Македонско радио со казни, Телма куртули од судска казна за известувањето за време на изборите

Основниот кривичен суд и Апелациониот суд во Скопје делумно ги прифатија прекршочните постапки што Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (ААВМУ) ги поднесе против медиумите за нивното известување за време на изборната кампања и во периодот на изборниот молк на парламентарните избори што се одржаа на 15 јули. Апелациониот суд ја прифати жалбата на ААВМУ во однос на висината...

ЗНМ со осуда за непримерниот однос на ИДКНА кон весникот „Коха“

Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ) го осудува начинот на јавна комуникација и обвинувањата упатени кон весникот „Коха“ од страна на Институтот за Духовно и Културно Наследство на Албанците (ИДКНА). Овој институт на својата веб страна и на профилите на социјалните мрежи има објавен текст насловен како „Застрашувачки е антисемитскиот јазик на весникот КОХА!“, во кој ги обвинува новинарите и...

Владата ветува развој на МРТ во новиот мандат, ќе го дозволи ли тоа собранискиот состав?

Изборот на новиот состав на Програмскиот совет на Македонската радио-телевизија (МРТ) во Собранието на РСМ е една од главните точки кои ќе покажат дали власта предводена од СДСМ и опозицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ успеале да изградат консензус во однос на важните општествени прашања во новиот четиригодишен собраниски мандат. Мандатот на актуелните членови на Програмскиот совет на МРТ им истече во...

ЗНМ и Советот на етика во медиумите за претставките меѓу Агенцијата за филм и дел од медиумите и новинари

ЗНМ преку соопштение се изјасни по претставката на новинарката Ана Василевска за текстови објавени кон крајот на јули 2020 година во порталите mkd.mk и sdk.mk во врска со Агенцијата за филм и одлуката на Антикорупциската комисија да постапува во рамките на нејзините надлежности. Василевска реагира на спомнувањето на нејзиното име во тие текстови без да биде контактирана како втора страна...

Радио станиците бараат АЕК да ги ослободи од плаќањето на радио фреквенции за годинава

Радио станиците од земјава бараат Агенцијата за електронски комуникации (АЕК) да ја испочитува владината одлука за ослободување од плаќање фреквенции кон АЕК, како дел од помошта на медиумите за состојбата со ковид-19. Од Асоцијацијата на приватни електронски медиуми на Македонија (АПЕММ) бараат АЕК да ги сторнира сите фактури, да излезе во пресрет на медиумите и да ја почитува одлуката...

Избегнување на прекумерната медиумска концентрација е една од мерките за заштита на плурализмот

Со осум препораки за идното регулирање на медиумската сопственост во земјава, студијата Плурализам на медиумската сопственост во новото медиумско опкружување на експертите Жан Франсоа Фурнемонт и Снежана Трпевска дава можности за измени и дополнувања на Законот за медиуми и особено на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги. Од Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги велат дека постојната регулатива...

Во време на ковид-19 кризата, прогнозите за слободата на печатот се мрачни

Пандемијата со ковид-19 го преиначи начинот на кој работат новинарите, и тоа пред се затоа што властите во многу земји заразата ја земаа како изговор да ги замолчат медиумите, пишува Кетрин Јакобсен за Комитетот за заштита на новинарите (КЗН), а пренесува Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ). Одредени опасности со текот на времето ќе се намалат: вакцина за...

ААВМУ бара казни од 4.000 евра за Алсат-М и Шења за неизбалансирано известување во кампањата

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (ААВМУ) поведе прекршочни постапки против телевизиите Алсат-М и Шења, бидејќи спротивно од одредбите во Изборниот законик при известувањето за изборната кампања не обезбедиле избалансирано покривање на изборниот процес во дневно-информативните и во посебните информативни емисии во согласност со принципот на пропорционалност според бројот на потврдени листи на кандидати за пратеници. Од Основниот кривичен...

МРТ официјално работела со добивка, но со намален број на вработени во првите шест месеци

Македонската-радио телевизија (МРТ) официјално остварила позитивен финансиски резултат од работењето во првите шест месеци од 2020 година, иако приходите од државниот буџет и понатаму остануваат главен извор на над 85 отсто од приходите на јавниот сервис, покажуваат Извештаите за финансиското работење на МРТ за првиот и вториот квартал од 2020 година. Во првата половина од годинава, Националната радиотелевизија остварила вкупни...

Политичките реклами на „Можеме“ доминирале на телевизија, „Обнова“ најмногу се вртела на радио (инфографик)

Коалицијата „Можеме“ предводена од СДСМ доминирала во емитувањето на политички реклами на телевизиите за време на изборната кампања, додека коалицијата „Обнова“ на ВМРО-ДПМНЕ свртела најмногу политички реклами на радио-станиците. Ова го покажува Извештајот за емитуваното платено политичко рекламирање на програмите на радиодифузерите за време на кампањата за изборите на 15 јули, којшто Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги...

ЗНМ и ССНМ: ОЈО да го преиспита случајот со Љупчо Златев за предлогот за обвинителен акт

Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ) и Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ) изразуваат загриженост во врска со Обвинителниот предлог против Љупчо Златев, уредник на Лидер.мк од страна на Основното јавно обвинителство Скопје за наводно сторено кривично дел „Оддавање на службена тајна“. ОЈО во својата објава вели дека на 9 јули и 12 јули на интернет порталот на кој...

ОЈО со обвинителен предлог против Љупчо Златев за оддавање на службена тајна

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поднесе обвинителен предлог против главниот уредник на порталот „Економски лидер“, Љупчо Златев за продолжено кривично дело – Оддавање службена тајна, информираат од ОЈО Скопје. „Во текот на првата половина на јули обвинетиот како главен и одговорен уредник на интернет портал, направил достапни на јавноста податоци од Управата за безбедност и контраразузнавање, сегашна Агенција...

ЗНМ: Агенцијата за филм продолжува со закани и непримерна комуникација со медиумите

Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ), повторно ја осудува непримерната јавна комуникација на Агенцијата за филм која на сличен начин како и минатиот пат, преку непотпишано соопштение објавено на 27 јули 2020 година, јавно се пресметува со он-лајн медиумите sdk.mk, mkd.mk и radiomof.mk. „Лошата пракса која ја има Агенцијата за филм во начинот на комуникација со новинарите нема да се...

ЗНМ: Директорот на АВМУ непрофесионално етикетира медиуми

Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ) во изминатите неколку недели внимателно ја следеше работата на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (АВМУ) во делот на постапување против радиодифузерите за евентуални прекршувања на правилата предвидени во Изборниот законик. На барање, пак на дел од медиумите против кои беа поведени постапки за прекршување на изборен молк, од ЗНМ велат дека...

Столе Попов е добитник на наградата „Златен објектив“ за 2024 година

Столе Стојан Попов е овогодишниот добитник на наградата „Златен објектив“ која се доделува секоја година на 29 април по повод роденденот на Кинотека на Северна Македонија. Признанието „Златен објектив“ се...