fbpx

ЗНМ и ССНМ: ОЈО да го преиспита случајот со Љупчо Златев за предлогот за обвинителен акт

-

Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ) и Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ) изразуваат загриженост во врска со Обвинителниот предлог против Љупчо Златев, уредник на Лидер.мк од страна на Основното јавно обвинителство Скопје за наводно сторено кривично дел „Оддавање на службена тајна“.

ОЈО во својата објава вели дека на 9 јули и 12 јули на интернет порталот на кој Златев е уредник како и на Фејсбук страницата од истиот медиум, објавил текст во кои сторил достапни копии од документи од Управата за безбедност и контраразузнавање, кои според ОЈО се класифицирани информации затоа што се однесуваат на оперативна проверка на лице.

„Загрижува фактот што Основното јавно обвинителство секогаш е проактивно кога има пријава од страна на државна институција во делот на слободата на изразување, а кога има барања за кривични постапувањa за прекршување на правата на новинарите, истите најчесто ги отфрла. Во случаи кога ОЈО ќе отвори истрага по пријава од новинарските организации или група на новинари, овие случаи речиси никогаш не ни стигнуваат до Кривичниот суд или се влечат со години, за разлика од овој случај, каде практично за две недели ОЈО има завршена истрага и покренува обвинителен предлог. Како професионални новинарски организации сметаме дека секогаш кога институциите преземаат активности со кои може да се прекрши слободата на изразување клучно е внимателно и прецизно да се проценува дали јавниот интерес преовладува над нормативните акти,“ се вели во соопштението на ЗНМ и ССНМ.

Од таму додаваат дека институциите треба да земат во предвид дека при постапување во вакви случаи, треба да се водат од начелото на јавен интерес и од тоа колку ваквите судски постапки можат да предизвикаат самоцензура, а со тоа да се ускрати правото на граѓаните да бидат свесни за евентуални злоупотреби во институциите.

„Од друга страна, новинарите кога објавуваат сензитивни информации кои ги базираат на документи кои се класифицирани, потребно е да покажат висок степен на професионализам, односно на почитување на професионалните новинарски стандарди, како и на доследно почитување на Етичкиот кодекс на новинари,“ се додава во него.

Инаку, денеска и Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (ААВМУ) изрази загриженост за состојбата со слободата на информирање поради одлуката на Основното јавно обвинителство да покрене обвинение против Златев поради објавување интерни документи од Управата за безбедност за контраразузнавање.

„Информирањето за случај за можна злоупотреба на одредена институција, за кој се води судски процес е една од суштинските задачи на слободните и независни медиуми. Ваквиот јавен надзор гарантира одговорност и транспарентност на државните органи. Агенцијата, како и досега, апелира новинарите да ги почитуваат професионалните и етичките новинарски стандарди, да информираат објективно, непристрасно, а институциите да имаат предвид дека покренувањето обвиненија против новинари за објавување информации негативно се одразува врз слободата на медиумите и врз напорите за заштита на јавниот интерес,“ додаваат од таму.

foom-logo-disklejmer

Текстот е изработен во рамки на проектот „Опсерваторија на медиумските реформи“, што го спроведува Фондацијата за интернет и општество „Метаморфозис“, со финансиска поддршка на „Фондацијата Отворено општество – Македонија“.

Содржината на текстот е единствена одговорност на авторите и на ниту еден начин не може да се смета дека ги одразува гледиштата на „Фондацијата Отворено општество – Македонија“.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Деновите од изборите ќе се одработат, учениците подолго ќе престојуваат во училиште

Министерството за образование и наука информира дека наставата од деновите на гласање - 24 април и 8 мај, како и од 30 ноември кога беше организиран Самитот на ОБСЕ...