fbpx

ЗНМ и Советот на етика во медиумите за претставките меѓу Агенцијата за филм и дел од медиумите и новинари

-

ЗНМ преку соопштение се изјасни по претставката на новинарката Ана Василевска за текстови објавени кон крајот на јули 2020 година во порталите mkd.mk и sdk.mk во врска со Агенцијата за филм и одлуката на Антикорупциската комисија да постапува во рамките на нејзините надлежности.

Василевска реагира на спомнувањето на нејзиното име во тие текстови без да биде контактирана како втора страна и без да се објави демант, со што смета дека е нанесена штета на нејзиниот професионален углед.

„Имено, во посочените текстови, за Василевска стои дека има конфликт на интереси како член на Советот на Агенцијата за филм и рецензент истовремено. Со претставките е приложен и Извештај од инспекцискиот надзор кој ги негира наводите за постоење конфликт на интереси. Врз основа на приложените докази, Советот на честа е на став дека има прекршување на Кодексот на ЗНМ во членовите 1 и 3 со кои се наложува проверка на информацијата и настојување на новинарот за објавување деманти,“ се вели во соопштението на ЗНМ.

Од таму потврдуваат дека медиумите го објавиле ставот на директорот на Агенцијата Тозија, но не побарале став и од Василевска, чие име се спомнува во текстовите.

„Советот на честа им препорачува на колегите новинари, без оглед дали се членови на ЗНМ или не, во своите написи, особено кога станува збор за конфликт на интереси или за информации врзани за финансии, да користат прецизни термини, бидејќи во конкретниов случај не станува збор за конфликт на интереси, туку за преклопување, или во краен случај неспојливост на ангажмани на субјект од облигациониот договор“, се наведува во соопштението на ЗНМ.

Советот на честа на ЗНМ и препорачува на Ана Василевска да испрати личен демант до посочените портали, бидејќи Кодексот ја предвидува оваа обврска за медиумите.

Денеска пак, Советот на етика во медиумите на Македонија (СЕММ) информираше дека Комисијата за жалби на седницата одржана на 18 август врз основа на примена жалбa од Агенција за филм, истата ја отфрлила како неоснована.

„Интернет – порталот „Сакам да кажам“, со текстот насловен „Антикорупциска бара владата да го разреши директорот Тозија поради незаконските исплати на проекти без банкарски гаранции и конфликт на интереси во Агенцијата за филм“, не ги прекршил етичките и професионални стандарди,“ велат од СЕММ.

ЗНМ неодамна реагираше дека Агенцијата за филм има непримерна комуникација и јавно се пресметува со он-лајн медиумите sdk.mk, mkd.mk и radiomof.mk.

foom-logo-disklejmer

Текстот е изработен во рамки на проектот „Опсерваторија на медиумските реформи“, што го спроведува Фондацијата за интернет и општество „Метаморфозис“, со финансиска поддршка на „Фондацијата Отворено општество – Македонија“.

Содржината на текстот е единствена одговорност на авторите и на ниту еден начин не може да се смета дека ги одразува гледиштата на „Фондацијата Отворено општество – Македонија“.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

За еден ден, две жени од Скопје нападнати од своите партнери

Два случаја во кои жени од Скопје се нападнати од своите партнери се регистрирани во полицискиот билтен во текот на вчерашниот ден. Околу 18 часот и 30 минути вчера, во...