fbpx

ЗНМ и РКЕ потпишаа Меморандум за соработка за поголема транспарентност во работењето на регулаторите

-

Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ) и Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) потпишаа Меморандум за соработка во кој основен постулат е информирање на граѓаните за постапките и процесите за заштита на правата на потрошувачите за енергетските услуги.

„Меморандумот за соработка е дополнителен чекор кон унапредување на мисијата за транспарентност на работењето, а точната и навремена информација кон медиумите и јавноста е клучна во оваа определба – се сложија потписниците на меморандумот,“ информираат од ЗНМ.

Претседателот на ЗНМ, Младен Чадиковски истакна дека Меморандумот е формализација на заложбите за точна и навремена информација за потрошувачите на услугите кои ги регулира РКЕ, а ќе претставува и основа за понатамошна взаемна соработка.

„Сметаме дека подобрената соработка со РКЕ може да донесе бенефит не само за новинарите и членовите на РКЕ, туку и за јавноста во целост“, изјави Чадиковски и додаде дека со отворањето на РКЕ се зголемува транспарентноста на оваа институција.

„Ова ќе помогне на новинарите од економските редакции подобро да ја разберат суштината на работата на РКЕ, но и на компаниите од оваа дејност и ќе имаат целосен пристап кон информации што ја третираат оваа тематика“, рече тој.

„Од првиот ден кога ме назначија за претседател на Регулаторната комисија за енергетика, заедно со членовите клучна цел што ја зацртавме ни беше институцијата да ја отвориме за граѓаните, затоа што и основната функција на регулаторното тело е да ги штити правата на потрошувачите. Имајќи предвид дека регулираме дејности кои задираат во основната функција на живеењето и работењето, свесни за неопходноста на точна и навремена информација до јавноста и граѓаните го зајакнавме тимот соодветно со лица кои ќе работат токму во овој сегмент. Искуството од Здружението на новинарите убедени сме дека ќе ни помогне во обука на стручните служби во квалитетно пласирање на информациите за јавност, а и нашата експертиза ќе ја надградиме во насока на вештини за поедноставена комуникација разбирлива за сите. Овие заложби не се само декларативни, истите позитивно се рефлектираа во однос на оценетата транспарентност и стручност преку признанијата што ги добиваме од Енергетската заедница за најдобар регулатор од членките и тоа две години по ред,“ изјави Марко Бислимоски, претседател на Регулаторна комисија за енергетика и водни услуги.

Целта на потпишувањето на овој меморандум е да се направи платформа за соработка и обуки помеѓу членовите на РКЕ и новинарите како и кампањи за осознавање на надлежностите, улогата и значењето на РКЕ. Со меморандумот се опфаќа можност за пристап до стручни материјали и литература во РКЕ и ЗНМ, изработка на анализи и истражувања.

foom-logo-disklejmer

Текстот е изработен во рамки на проектот „Опсерваторија на медиумските реформи“, што го спроведува Фондацијата за интернет и општество „Метаморфозис“, со финансиска поддршка на „Фондацијата Отворено општество – Македонија“.

Содржината на текстот е единствена одговорност на авторите и на ниту еден начин не може да се смета дека ги одразува гледиштата на „Фондацијата Отворено општество – Македонија“.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Со предност од над 140.000 гласови, Силјановска во втор круг оди со Пендаровски

За разлика од претседателските избори во 2019, кога разликата во гласовите меѓу Стево Пендаровски и Гордана Силјановска Давкова изнесуваше околу 4.000 гласови, на денешниот прв круг од претседателските избори,...