fbpx
Таг: Македонија

таг: Македонија

Блокадите на грчките земјоделци продолжуваат со ист интензитет

Грчките земјоделци чекаат да се врати премиерот Алексис Ципрас за да се обидат да почнат преговори со грчката влада околу нивните барања за укинување на одлуката за намалување на пензиите и за укинување на земјоделските субвенции. Додека Ципрас се врати од Брисел, земјоделските блокади продолжуваат, а Грција останува поделена на два дела поради големата блокада на преминот Темпи кај Лариса. Со...

Груевски: На Македонија ѝ се потребни избори за добивање стабилна влада

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, денеска се сретна со известителите на Комисијата за почитување на обврските и на заложбите на земјите-членки на Советот на Европа. Како што соопштуваат од партијата, на средбата било разговарано за актуелната политичка состојба, начините и за мерките што се преземаат за нејзино надминување, како и за интеграциските процеси важни за државата. Груевски посочил дека изборите на 24...

Грција во Македонија гледа сојузник против затворањето на границата

Сè поголеми се  загриженоста и стравот во Грција по едностраните најави на дел од земјите на Европската унија дека ако е потребно, наредните недели ќе бараат Македонија да ја затвори јужната граница со што би се запрел протекот на мигранти по балканската рута. Во врска со овие најави, грчките власти гледаат со благонаклоност на македонската политика околу прашањето на затворањето...

Соботка: Вишеградската група има цел да им помогне на балканските земји

Политичките и економските односи меѓу Македонија и Чешка се во континуирана нагорна линија, заклучија македонскиот претседател, Ѓорге Иванов, и чешкиот премиер, Бохуслав Соботка, на средбата во Прага што се одржа попладнево пред вонредниот самит на Вишеградската група. На средбата, како што соопштија од кабинетот на Иванов, било разговарано за можностите за понатамошно унапредување на односите во сите области кои се...

ЕК е против затворање на македонската граница со Грција

Европската комисија се залага за управување со границите, а не за нивно затворање, изјави портпаролката на Европската комисија, Тове Ернст, на прашањето како се коментираат повиците на Вишеградската група за Македонија да ја затвори границата со Грција. - Европската комисија ја поздравува помошта за Македонија што ја даваат членките на ЕУ за контрола на границата со Грција, преку испраќање полициски и...

Хан в петок во Скопје, утре на средба со Бесими во Брисел

Еврокомесарот за проширување и за соседска политика, Јоханес Хан, се очекува в петок да допатува во Скопје. Неофицијално, посетата била предвидена за периодот од 15 до 19 февруари. Во агендата на Хан, објавена на веб-страницата на Европската комисија, засега не е предвидена посета на Македонија сè до 18 февруари. Според најавените настани, Хан утре во Брисел ќе се сретне со вицепремиерот задолжен за...

Иванов на вонредниот самит на Вишеградската група за мигрантската криза

Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, денеска престојува во работна посета на Чешката Република, каде ќе учествува на вонредниот самит на земјите од Вишеградската група. Иванов, како што соопштуваат од неговиот кабинет, ќе има обраќање на пленарната сесија на самитот и ќе присуствува на работната вечера на учесниците на самитот, на кој централни теми ќе бидат „предизвиците од мигрантската и...

Напредна школа на НАТО за справување со заканата од тероризмот во ЈИЕ

Министерот за одбрана на Република Македонија, Зоран Јолевски, вечерва во Охрид ќе ја отвори напредната школа на НАТО, „Справување со заканата од тероризмот во Југоисточна Европа“. Како што соопштуваат од министерството, на школата, која е заеднички проект со американскиот универзитетот „Норвич“, ќе учествуваат 40 претставници на безбедносните служби, кризниот менаџмент, академската заедница и на невладиниот сектор од Македонија, Албанија, Босна...

Променливо облачно време со умерен ветер

Времето денеска ќе биде променливо облачно. Во попладневните часови се очекуваат повремени локални врнежи од дожд, особено во западните и во јужните делови од земјата. Во текот на денот ќе дува умерен ветер од јужен правец. Утринската температура ќе се движи од 1 до 6 Целзиусови степени, а дневната од 11 до 19 Целзиусови степени. Во Скопје и во околината ќе биде променливо...

Иванов: Во иднина ќе се занимаваме со безбедносниот аспект на мигрантската криза

„Безбедносниот аспект на бегалската кризата е она што во идните години ќе нè преокупира. Многу од борците во Исламска држава веќе го користат бегалскиот бран за да ги напуштат боиштата и да се протнат меѓу бегалците. Тоа сега го отвора прашањето како службите ќе соработуваат, како ќе ги наоѓаат тие лица и како ќе се справуваат“, рече денеска претседателот...

Променливо облачно време со повремен дожд

Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремен дожд и со засилен јужен ветер. Во текот на денот, во западните делови на земјата се очекуваат почести врнежи од дожд. Температурата во текот на денот ќе се движи од четири до 14 Целзиусови степени. Во Скопје и во околината се очекува слично време, со температура до 13 Целзиусови степени. Метеоролозите јавуваат дека и...

Половина од населението се соочува со ризик да стане сиромашно

Речиси половина од македонските граѓани (43,2 проценти) се соочуваат со ризик да станат сиромашни, покажува најновиот извештај на статистичкото биро на Европската унија, Евростат. Со удел од 43,2 проценти, ризикот од сиромаштија и од социјална ексклузија во Македонија е поголем од сите други држави во Европа. Во Европа, 24,4 проценти од популацијата, односно 122,3 милиони луѓе, во 2014 година биле соочени...

В недела шефот на холандската дипломатија, Кундерс, доаѓа во Скопје, на пат за Атина

Шефот на холандската дипломатија, Берт Кундерс, в недела ќе ги посети Македонија и Грција, соопштија од холандската амбасада, чија земја претседава со ротирачкото претседателство на Европската унија. На средбите со македонскиот претседател, Ѓорге Иванов, и со грчкиот премиер, Алексис Ципрас, ќе стане збор за бегалската криза и за можностите за подобра соработка меѓу земјите од западнобалканската рута. Предвидена е и посета на македонско-грчката граница,...

Министерот за надворешни работи на Австрија во посета на Македонија

Шефот на австриската дипломатија, Себастијан Курц, денеска ќе престојува во работна посета на Македонија. Тој, меѓу другото, ќе има средба со македонскиот министер за надворешни работи, Никола Попоски. Министерот Курц е во повеќедневна турнеја на земјите од регионот, главно во врска со справувањето со бранот мигранти и бегалци.

Попоски – Заоралек: Македонија нема да биде претворена во бегалски камп

Македонија ќе ги исполни своите обврски во согласност со меѓународното право и ќе обезбеди сместување за сите основани баратели на азил во земјата, но нема да дозволиме да бидеме претворени во бегалски камп, изјави денеска шефот на македонската дипломатија, Никола Попоски, по средбата со министерот за надворешни работи на Чешка, Лубомир Заоралек. - Ниту еден мигрант не е дојден во...

Дачиќ – Курц: Ако биде принудена, Србија ќе ја затвори границата со Македонија

Шефот на српската дипломатија, Ивица Дачиќ, денеска соопшти дека Србија ќе биде принудена да ја затвори границата со Македонија доколку одредени земји од балканската рута ги затворат границите. Дачиќ на заедничката прес-конференција со шефот на австриската дипломатија, Себастијан Курц, нагласи дека мигрантите не може да бидат стационирани во Србија. - Важно е земјите меѓусебно да се информираат во врска со мигрантите...

За 24 часа низ Македонија поминале околу 2.400 мигранти

Во изминатите 24 часа, низ Македонија поминале вкупно 2.393 странски државјани. Потврди за искажана намера за поднесување барање за признавање право на азил им се издадени на 899 лица од машки пол, 547 од женски пол и на 932 деца што го придружуваат носителот на потврдата. Ваков документ од македонското МВР добиле и 15 деца што патувале без родител. Според државјанството, најмногу потврди се издадени на...

Двојна жичена ограда, потоа контролни пунктови, па бегалски кампови?

Поставувањето дополнителна жичена ограда кај котата 59 на македонско-грчката граница, како заштита од илегални преминувања на мигрантите, очигледно е првата фаза од спроведувањето на договорот меѓу Македонија и европските земји за контрола на бегалската криза во пресрет на пролетниот бран, кој се очекува. Втората фаза, според најавите, ќе биде формирањето центри за регистрација. Шефот на македонската дипломатија, Никола Попоски, по неформалниот...

Австрија бара воено-цивилна мисија во Македонија и во Србија

Австрискиот министер за одбрана, Ханс Петер Доскоцил, се залага за воено-цивилна мисија за заштита на границите во Македонија и во Србија и воспоставување контролни пунктови за регистрација на бегалци во овие земји, бидејќи Грција не е во состојба да ја осигури надворешната граница на ЕУ, пренесува виенскиот весник „Стандард“. Доскоцил во интервјуто дели дека не смее да дојде до тоа десетина илјади...

Зголемен број заболени од овча сипаница

Во јануари во Институтот за јавно здравје се регистрирани 829 случаи на овчи сипаници во цела земја, што е речиси иста состојба со претходниот месец кога биле откриени 816 болни, но двојно повеќе од ноември, кога имало околу 400 заразени. Меѓутоа, во споредба со јануари лани, оваа болест бележи пораст од 64 отсто. Тогаш имало само 504 болни со овчи сипаници....

Пратеници, градоначалници, фирми, граѓани – Кој колку пари донирал за кампањата на претседателските кандидати?

Некој по 500 денари, некој по 100.000 денари, а некој по 300.000 денари. Донации за кампањите за претседателските избори пристигнувале од пратеници, градоначалници, членови на партии или пак преку...