fbpx
Таг: Љубе Бошковски

таг: Љубе Бошковски

Наместо пресуда за Мијалков и Алфите за апсењето на Бошкоски, случајот „Тортура“ ќе се суди од почеток

Наместо пресуда за поранешниот директор на УБК Сашо Мијалков и шестмина припадници на некогашната полициска единица „Алфи“, Основниот кривичен суд во Скопје денеска одлучи да ја преотвори главната расправа во случајот „Тортура“ и закажа следно рочиште што ќе се одржи на 8 јули. „Од сите изведени докази на главната расправа за судот неспорно е дека се случил одреден настан, но...

Одбраната на Мијалков тврди дека обвинението за случајот „Тортура“ е непоткрепено со докази

Одбраната на Сашо Мијалков на денешното изнесување на завршните зборови во случајот „Тортура“ изјави дека поднесеното обвинение против него претставува гола формулација што е непоткрепена со докази. Неговиот адвокат Љупчо Шврговски рече дека Мијалков не поттикнал мачење, нечовечко и сурово постапување при апсењето на Љубе Бошковски. Покрај поранешниот директор на УБК којшто е осомничен за кривично дело „мачење и...

Судењето за „Тортура“ одложено поради отсуство на Мијалков

Судењето за „Тортура“ денеска беше одложено за 7 мај поради отсуство на поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков, кој е обвинет во предметот на СЈО. Судот, како што беше посочено, не добил доказ за уредна достава на поканата за Мијалков за денешното рочиште. Адвокатот Љупчо Шврговски рече дека Мијалков имал друга адреса на која ќе му се достави поканата за...

Апелација дозволи „бомбите“ да се користат како докази во „Тортура“

Апелацискиот суд денеска на јавна седница донесе одлука дека прислушуваните материјали во предметот „Тортура“ на Специјалното јавно обвинителство, можат да се користат како докази. „Тортура“ се однесува на случајот со апсењето на претседателот на Обединети за Македонија, Љубе Бошкоски, во кој првообвинет е поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков, а второобвинет е поранешниот командант на „Алфите“, Ивица Антевски-Пуки. Обвинетите се товарат...

ВМРО-ДПМНЕ: Случајот „Тортура“ е политички монтирано обвинение

Сите обвиненија што ги поднесе СЈО и сите истраги што беа спроведени, беа политички нарачки и имаа цел да ги урнат угледот и рејтингот на ВМРО-ДПМНЕ и на нејзиното раководство, изјави Дарко Костовски од ВМРО-ДПМНЕ на партиска прес-конференција пред СЈО. Тој додаде дека случајот „Тортура“ бил уште еден  „дегутантен пример на политички монтирано обвинение, базирано на погрешни претпоставки и на лажни конструкции“ и дека обвинението за наводната...

Бошкоски: Во ВМРО за Македонија нема место за луѓе инфицирани со груевизмот

ВМРО како код, како идеологија, оваа политичка гарнитура успеа да го руинира. ДПМНЕ е завршена работа. Кога ќе се расчисти оваа ситуација, ќе дојде време кога членови на партијата ќе се оградуваат и ќе кажуваат дека никогаш не биле членови на ВМРО, изјави лидерот на Обединети за Македонија, Љубе Бошковски во интервју за ТВ 21. Бошкоски рече дека актуелен пратеник...

Коалицијата ВМРО за Македонија од Охрид порача дека ќе го има идниот премиер

Коалицијата ВМРО за Македонија вечерва од Охрид ја почна изборната кампања. Пред околу илјада членови и симпатизери во Центарот за култура, говореа лидерите на трите партии од коалицијата, како и носителите на кандидатските листи. Лидерот на ВМРО - Народна партија, Љупчо Георгиевски, рече дека од нивната победничка коалиција ќе се избира идниот премиер на Македонија. - Доста е од оние што...

Коалицијата „ВМРО за Македонија“ потпиша договор, но не ги објави имињата за листите

Коалицијата „ВМРО за Македонија“, составена од ВМРО-НП, Обединети за Македонија и од Достоинство, денеска, во пресрет на Митровденска задушница, во хотелот „Александар палас“ потпиша договор со кој трите партии договорија заеднички настап на претстојните избори. Договорот го потпишаа лидерите на овие партии, Љубчо Георгиевски, Љубе Бошкоски и Стојанче Ангелов. Имињата на носителите за кандидатските листи ги најавија за подоцна и не оставија простор за...

Рочиштето за „Ровер“ одложено за 23 ноември

Во Кривичниот суд денеска повторно беше одложена главната расправа за судскиот случај „Ровер“, бидејќи на закажаното рочиште не се појави адвокатот по службена должност на четворицата првообвинети странски државјани, Предраг Чубрило, Милан Илиќ, Милорад Ковачевиќ и Вук Вукичевиќ. На рочиштето од оправдани причини не присуствуваше ниту обвинетиот Ивица Ристиќ, бидејќи вчера бил примен на лекување во кумановската болница. Наредното рочиште е...

Бошкоски: Во затворите има осудени луѓе за кои не е докажано делото

„Ви гарантирам дека во затворите има и доживотно осудени луѓе, за кои не е докажано делото. Тоа е сериозен проблем со кој е соочена Македонија, проблем кој очекувам дека ќе биде решен и сериозно сфатен, а за мојот случај други зборуваат“, рече денеска лидерот на Обединети за Македонија, Љубе Бошкоски, пред почетокот на судењето за „Ровер“. – Посебно сакам да...

Го апселе нечовечки за да му удоволат на Мијалков: Детали за „Тортура“ и „бомбата“ број 3

„Бескрупулозно“, „нечовечно“, „дискриминаторско“, „понижувачко“, „сурово“ се термините со кои обвинителката на Специјалното јавно обвинителство, Фатиме Фетаи денеска го оквалификува апсењето на претседателот на Обединети за Македонија и поранешен министер за внатрешни работи Љубе Бошкоски во 2011 година, ден по изборите. Фетаи, пред да почне со образложувањето на случајот посочи дека за разлика од „Титаник“ каде осомничените со „беспрекорна дисциплина дејствувале...

Љубе Бошкоски на распит кај Катица Јанева

Денеска, околу 13 часот, во просториите на Специјалното јавно обвинителство (СЈО) на распит е доведен Љубе Бошкоски, осуден во случајот „Кампања“, за незаконско финансирање на партијата Обединети за Македонија. Во моментов Бошкоски е во просториите на СЈО каде трае распитот. Предметот „Кампања“ е еден од случаите што СЈО ги презеде во своја надлежност. Пред десетина дена во СЈО на распит беше повикан и...

ОБСЕ/ОДИХР: Одредени портали се создаваат само за да добиваат државни пари за изборите

Изборите во Македонија беа добро организирани, но имаше остра реторика, а недостига и регулација во сферата на онлајн порталите. Ова е генерално оценката на набљудувачите на ОБСЕ/ОДИХР и на...