Бошкоски: Во затворите има осудени луѓе за кои не е докажано делото

-

„Ви гарантирам дека во затворите има и доживотно осудени луѓе, за кои не е докажано делото. Тоа е сериозен проблем со кој е соочена Македонија, проблем кој очекувам дека ќе биде решен и сериозно сфатен, а за мојот случај други зборуваат“, рече денеска лидерот на Обединети за Македонија, Љубе Бошкоски, пред почетокот на судењето за „Ровер“.

– Посебно сакам да зборувам за тие луѓе што останаа во „Идризово“ и во другите затвори низ државата за кои гарантирам дека повеќе од 50 проценти се осудени без докази. Деновиве особено се ангажирам за еден мој голем пријател од Косово со кого заедно поминавме пет години, господинот Флорим Малоку, кој осум години лежи за дело што не е докажано. Денеска сакам да апелирам за условите во затворот, да им помогнеме на затворските управи, на директорите на затворите низ државата за невозможните услови за живот во кои се наоѓаат затворениците низ затворите во државата – рече Бошкоски.

Тој истакна дека целиот политички кредибилитет го насочува кон подобрување на условите во затворите, а пред сè да се ревидираат сите постапки на затворениците кои се неправедно во затвор.

 

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Оркестар го придружи немиот филм „Уцена“ на Хичкок во Кино Милениум

Вчеравечер во салата на Кино Милениум се одржа проекција на стар филм. Филмот беше толку стар, што доаѓа од времето пред да има звук во филмовите, кога движечките слики...