fbpx

Нов протест на „Шарената револуција“, в среда во 19 часот пред СЈО

-

В среда, во 19 часот, пред Специјалното јавно обвинителство ќе се одржи протест на „Шарената револуција“, најави граѓанското движење на својата страница на „Фејсбук“.

„Уставниот суд да се произнесе за уставноста на Специјалното јавно обвинителство и на тој начин да се овозможи да одговараат сите функционери што преземале криминални дејства. Ова го бараат граѓаните, заедниците и политичките фактори што се борат за демократизација на Република Македонија. Заштитата на СЈО е гаранција дека ќе има правда во Македонија, но власта и Уставниот суд упорно се противат на волјата на граѓаните и подготвуваат опасен план за криминалот да продолжи да владее. Затоа, протестираме против овој режим! Протестираме за да има правда! Протестираме за одбрана на СЈО! Протестираме в среда, 6 јули, 19 часот, пред нашата тврдина – Специјалното јавно обвинителство! “, пишува во најавата за протестот.

Последниот протест на „Шарената револуција“ се одржа во петокот, на 27 јуни. Тогаш активистите побараа Уставниот суд да се произнесе за СЈО, како и граѓанскиот сектор да биде вклучен во преговорите.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

НБО вели дека поскапеното автоосигурување е реално, Битиќи бара повлекување на одлуката

Порастот на цената на полисата на задолжителното автоосигурување се должи на континуираниот раст на цените на реосигурувањето, автомобилите, резервните делови и на порастот на платите и постојаната голема инфлациона...