fbpx

Бошкоски: Во ВМРО за Македонија нема место за луѓе инфицирани со груевизмот

-

ВМРО како код, како идеологија, оваа политичка гарнитура успеа да го руинира. ДПМНЕ е завршена работа. Кога ќе се расчисти оваа ситуација, ќе дојде време кога членови на партијата ќе се оградуваат и ќе кажуваат дека никогаш не биле членови на ВМРО, изјави лидерот на Обединети за Македонија, Љубе Бошковски во интервју за ТВ 21.

Бошкоски рече дека актуелен пратеник на ВМРО-ДПМНЕ, „инфициран со груевизмот“ моли да премине во коалицијата ВМРО за Македонија, но не го примаат.

„Не можеме да примиме човек во нашата партија кој е инфициран со груевизмот. Не е целта да добиеме 2-3 парламентарци, а партијата или коалицијата да ни биде изедначена со ДПМНЕ. Не е цел да прибираме членови кои цело време му даваа безрезервна поддршка на Груевски. Рековме дека дури ни претседатели на месни комитети не можат да бидат членови на нашата партија. Сите други можат да дојдат и ќе бидат заштитени од какви било реваншизми. Ова раководство нека си остане нека раководи, во некоја канцеларија, ние сакаме да го заштитиме членството на ВМРО“, изјави Бошкоски.

Во интервјуто тој говореше и за таканаречената тиранска платформа, која, според него, била резултат на предизборен договор меѓу Груевски и Ахмети.

„Таа е алат во рацете на квазипатриотите кои треба да ја дефокусираат македонската јавност од постојните проблеми со кои е соочена се уште владејачката гарнитура преводена од ВМРО-ДПМНЕ“, рече Бошкоски.

Зборувајќи за ВМРО-ДПМНЕ, повтори дека „ова ВМРО денес не е она ВМРО“, нарекувајќи ги „политички страшила и чудовишта“.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Млади иноватори изработија мобилна апликација за помош на дијабетичари

Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ се млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес за менаџирање на оваа состојба. Инспирирани од желбата да помогнат...