fbpx
Таг: истражување

таг: истражување

Поразителни бројки за судството: Судиите соочени со притисоци, не веруваат во Судскиот совет и не се чувствуваат безбедни

Притисоците или обидите за влијание врз судиите од нивните колеги или судиите од повисок ранг и од членовите на Судскиот совет се зголемени за повеќе од 10 отсто, во споредба со 2009 година. Судиите не се чувствуваат безбедни во секојдневниот приватен живот и во просториите на судот. Тие не веруваат ниту во Судскиот совет - 72 проценти од анкетираните...

Институт за демократија: Собранието го достигна дното на недоверба кај граѓаните во последниве четири години

На скалата од 1 (најлошо), до 5 (најдобро), во 2023 година граѓаните ја оценија работата на Собранието со средна оценка 2,2 која бележи пад на скалата споредено со изминатите четири години. Ова го покажува истражувањето на Институтот за демократија „Социетас Цивилис“ – Скопје, во рамки на Програмата за парламентарна поддршка (ППП). Институтот во периодот февруари – април 2023 година спроведе...

ЦГК: Недостигаат 340 пожарникари, а пожари се гаснат со возила стари по 27 години

Во земјава недостигаат 340 пожарникари, а противпожарните возила што ги користат во просек се стари по 27 години. Според најновите истражувања на Центарот за граѓански комуникации (ЦГК), слично е и кај амбулантните возила. Во земјава има 263 амбулантни возила кои се просечно стари по 12 години, а најчесто се и купени „на старо“. Само 30 од новонабавените вакви возила...

Граѓаните најмногу веруваат во верските заедници, а најмалку во судството, покажува анкетата на Институтот за демократија

Највисока доверба меѓу граѓаните имаат верските заедници, војската и полицијата, а најниска доверба имаат обвинителството, судството и Државната комисија за спречување на корупцијата. Ова го покажува последното истражување подготвено во рамки на „Програмата за парламентарна поддршка“, од страна на Институтот за демократија „Социетас Цивилис“. Теренската анкета била спроведена во периодот 22 февруари - 9 март годинава на примерок од 1.002 испитаници...

Нов род пеперутки именувани според негативецот Саурон од „Господар на прстените“

Британски научници именуваа нова група пеперутки според негативецот Саурон од романите „Господар на прстените“ (Lord of The Rings) на Џон Роналд Руел Толкин, јавува Би-би-си. Експертите го избрале името Саурона поради црните прстени на портокаловите крилја на пеперутките, кои ги потсеќале на „окото што гледа сè“ опишано во книгите на Џ.Р.Р. Толкин. Природнонаучниот музеј во Лондон се надева дека необичното именување...

Секој трет адолесцент има депресија, младите се борат во тишина поради стигмата

Секој трет адолесцент изјавил дека има симптоми на депресија. Многу поголема е веројатноста девојчињата да пријават симптоми на депресија во споредба со момчињата – дури шестпати повеќе. Околу 42 отсто од адолесцентите пријавиле дека доживеале умерени до сериозни симптоми на анксиозност, а пројавиле и повисок интензитет на суицидални мисли како последица на депресијата и стравот од ковид-19. Ова го покажало...

Секој министер се пофали и се сликаше за проектот „Една точка за услуги“, но тој никогаш не успеа

Канцелариите „Една точка за услуги“ кои беа отворени во Скопје, Куманово, Охрид, Битола и во Тетово со цел граѓаните да му кажат „збогум“ на чекањето на шалтерите, ќе бидат затворени и на нивно место ќе бидат отворени 333 шалтери низ филијалите на Македонска пошта. До неодамна, владините функционери го промовираа како „успешен проект“, па дури и пред претставниците од...

Еурактив: Мнозинството Македонци задоволни од реакциите на власта по руската инвазија на Украина

Mнозинството Македонци, Босанци, Косовци и Срби се задоволни од реакциите на нивните власти по руската инвазија на Украина, покажа истражувањето наречено Регионален барометар кое го спроведе Регионалниот совет за соработка, објави Еурактив. Резултатите покажаа дека 67 отсто од Македонците, 66 отсто од Босанците, 69 отсто од Косовците и 60 отсто од Србите се генерално задоволни од начинот на кој властите...

Микроорганизми што го јадат линданот може да нè спасат од огромното загадување од ОХИС

Разложување на опасниот токсин линдан со помош на микроорганизми е истражувањето кое го спроведе младата научничка Марија Тодоровска Ивковиќ со својот тим, во рамките на Програмата за поддршка на млади еколози „Д-р Љупчо Меловски“ на Македонското еколошко друштво (МЕД). Ослободувањето од отровниот пестицид, кој со децении го загрозува здравјето на жителите на Скопје и ги загадува почвата и подземните...

Нова студија открива кои работни позиции може да бидат заменети од чет-ботови

Кај речиси 80 отсто од работната сила во САД, најмалку 10 отсто од работните задачи би можеле да бидат засегнати од вештачката интелигенција, открива нова студија. Кај 19 отсто од работниците, пак, околу половина од нивните задачи може да бидат погодени од воведувањето на алатки за вештачка интелигенција како ChatGPT. Истражувањето е спроведено од страна на компанијата „Опен АИ“, која...

„Еко свест“ ќе ги истражува штетите од каскадите по сливот на Пчиња

Центарот за истражување и информирање на животната средина „Еко-свест“ ќе работи на научно истражување во сливот на реката Пчиња, преку кое треба да се дојде до одговори колку се потребни или колку се штетни каскадите кои се градат во реките како застарени механизми за заштита од поплави и за формирање рибници. Како што информираат од организацијата, за време на теренските...

ЕВРОМЕТАР: 72 отсто од граѓаните сметаат дека земјава се движи во погрешна насока, но ЕУ останува најдобра алтернатива

Високи 61 отсто од граѓаните сметаат дека во Република Северна Македонија нема демократија, а уште повеќе, 72 отсто, сметаат дека земјава се движи во погрешна насока. Перцепција за висок степен на корупција, слаба доверба во институциите, недостаток на владеење на правото и голема партизација на општеството, покажа истражувањето ЕВРОМЕТАР 22 на Центарот за европски стратегии „Евротинк“, спроведено во декември...

Океаните минатата година биле најтопли според досегашните мерења

Светските океани во 2022 година биле рекордно најтопли според досегашните мерења, што ги покажува длабоките и продорни промени што емисиите предизвикани од човекот ги прават врз климата на планетата Земја, пишува Гардијан, повикувајќи се на истражување објавено од американската Национална администрација за океани и атмосфера. Повеќе од 90 отсто од вишокот топлина заробена од емисиите на стакленички гасови се апсорбира...

Василеска: Илјадници научници работат за што поскоро да се добие првата плазма во ИТЕР

Минатата година, нуклеарната физичарка Ивона Василеска од Струга, дојде до откритие што може да ја поевтини струјата за цела Европа. Во време кога континентот се соочува со енергетска криза, поразговаравме со неа за тоа колку овој изум може да придонесе во ублажување на кризата, но и во функционирањето на долг рок на големиот фузиски реактор ИТЕР во Франција. Младата...

Новиот клинички центар за три години исцица половина милион евра за дваесетина хонорарци

Вистиномер го проверуваше секое лице на чија сметка се слеале пари во последните три години од проектната единица за изградба на нов Клинички центар – сумите се движат од 5.500 до 90.000 денари месечно. Што точно работеле овие лица останува нејасно, бидејќи нема никаква најава за изградба на нов клинички центар во Скопје, а не беше направена ниту реконструкција...

Истражување со фокус групи: Граѓаните сметаат дека политичарите работат само за свои интереси

Граѓаните веруваат дека кај политичарите не постои желба за вистинска промена и подготвеност за спроведување најнеопходни реформи. Оваа констатација произлегува од тематското Истражување од осум фокус групи кое го спроведе Институтот за демократија, со цел подобро да се истражи јавната перцепција на квалитетот на живот, довербата во институциите и политичките актери, како и поларизацијата во Северна Македонија. Според истражувањето, речиси сите...

Европа планира да одвои милијарди евра за активности во вселената

Европските министри за истражување денеска и утре се на средба во Париз за да се договорат околу издвојување на буџет од 18,5 милијарди евра потребни за понатамошни активности во вселената. Според Би-би-си, на агенда на вселенските истражувачи се мисии на Месечината и Марс, како и лансирање на сателити за набљудување на временските услови и шифрирање на глобалните комуникации. Предложениот буџет за...

Истражување: Граѓаните немаат толеранција кон припадници на ЛГБТ заедницата, заболени со ХИВ и уште три категории луѓе

Резултатите од новото истражување на МЦМС „Толеранција и вредности на граѓаните“ покажуваат дека нивото на толеранција во земјава е ниско, а тоа е особено видливо кога станува збор за пет категории луѓе. Според истражувањето, загрижувачки е што големо мнозинство граѓани не сакаат да имаат соседи кои се зависници од дрога (91%), зависници од алкохол (88,6%), луѓе со криминално досие (82%),...

Научниците идентификуваа нов вид був, предлагаат да се класифицира како критично загрозен

Нов вид був, којшто се огласува со невообичаени звуци, нешто налик на „стрижењето“ на штурците, е идентификуван на Принсипе, мал остров во Атлантскиот Океан во близина на Западна Африка. Принсипе, инаку, се смета за дом на повеќе видови птици што ги нема на друго место, известува „Вашингтон Пост“. Научниците новооткриениот був го опишаа во списанието „ZooKeys“ и го нарекоа „Otus...

Публикацијата „Мапирање на супкултурите“ ќе се промовира утре во социјален центар „Дуња“

Во социјалниот центар „Дуња“ утре со почеток од 19 часот, ќе се промовира публикацијата „Мапирање на супкултурите“, што ја иницираше Одделението за едукација на Манифеста 14 и која помогна да се расветли природата на супкултурните движења во Приштина, Скопје и Тирана. Автори на истражувањето во Скопје се Артан Садику и Ѓорѓе Јовановиќ, а е спроведено во рамките на 14-тото издание...
Горан Стефановски фото: Општина центар

УКИМ ќе основа Фондација „Горан Стефановски“

Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје (УКИМ) соопшти дека денеска донел одлука за основање на Фондација „Горан Стефановски“. Одлуката ја донел Сенатот на УКИМ, во очи роденденот на...