Истражување: Граѓаните немаат толеранција кон припадници на ЛГБТ заедницата, заболени со ХИВ и уште три категории луѓе

-

Резултатите од новото истражување на МЦМС „Толеранција и вредности на граѓаните“ покажуваат дека нивото на толеранција во земјава е ниско, а тоа е особено видливо кога станува збор за пет категории луѓе.

Според истражувањето, загрижувачки е што големо мнозинство граѓани не сакаат да имаат соседи кои се зависници од дрога (91%), зависници од алкохол (88,6%), луѓе со криминално досие (82%), припадници на ЛГБТИ заедницата (81%) и лица заболени од ХИВ (77%).

Мнозински, односно над 50% се вакви и одговорите кои се однесуваат на Ромите, имигрантите, лицата со хендикеп и припадниците на субкултурните групи. За граѓаните, помал проблем е ако соседите им се од друга вера, етничка припадност (освен Роми), друга политичка ориентација од нивната или невенчани парови кои живеа заедно.

Возрасните се потолерантни од младите. Меѓу испитаниците над 65 години и оние меѓу
18 и 29 години особено се видливи разликите во однос на Ромите, припадниците на друга вера, етничка припадност или политичка партија и се движат меѓу 22 и 32 процентни поени.

Испитаниците беа прашани за оправданоста на некои појави за кои покрај законските
ограничувања постојат и морални норми во општеството. Највисоки се бројките за
неоправданост на семејното насилство, самоубиството, проституцијата и хомосексуалноста и се движат меѓу 87% и 91%. За граѓаните, најмалку неоправдан е
разводот каде се зголемила оправданоста во однос на 2010 година.

Во поглед на тоа кој најмногу ги поддржува личните и потребите на заедницата,
граѓаните имаат поделени мислења. Синдикатите се најпрепознаени, па речиси една
четвртина сметаат дека тие даваат најголема поддршка и за нив лично и за заедницата.

Секој петти граѓанин ги гледа политичките партии во улога на најголеми поддржувачи
на потребите, лични и оние на заедницата. Речиси изедначена е перцепцијата за црквите и верските организации и граѓанските организации и се движи меѓу 15 и 17%.

Прашани и за односот кон природата и грижата за животната средина, речиси половина од граѓаните (49,5%) велат дека загадениот воздух е најголем предизвик за животната средина. За околу ¼ тоа е загадувањето на водите (реки, езера) и водата за пиење, а на трето место (18,1%) е загадувањето на почвите и депониите. Скоро половина ги посочиле граѓаните како најодговорни за состојбата со животната средина, а мало малцинство одговорноста ја гледаат кај државата и општините.

Анкетата ја спроведе агенцијата М-Проспект во ноември 2021 година, на репрезентативен примерок од 1.007 испитаници

Трамп го обвини Зеленски дека го загрозува мировниот договор

Американскиот претседател Доналд Трамп го обвини украинскиот претседател Володимир Зеленски дека го загрозува, како што тој го нарече, мировниот договор за завршување на војната во Украина, и даде најјасна најава досега...

Норвешка туристка алармира за нехумани услови во Скопската зоолошка градина

Норвешка туристка, Елена Хаген Мокошеин, испрати писмо до редакцијата на Мета.мк, заедно со фотографии, при што детално опишува сериозни пропусти во грижата за животните и недостиг на основни стандарди за нивна...

Земјотрес со јачина од 6,2 степени го погоди Истанбул и повреди повеќе од 150 лица

Силен земјотрес со јачина од 6,2 степени според Рихтеровата скала денеска го погоди регионот на Истанбул во Турција. Епицентарот на земјотресот во Турција е соопштено дека е на длабочина од 12 километри,...

Трејдинг за сиромашни – од живот без шеф до кампања за регрутација

Сѐ почнува со кратко видео: млада девојка во Дубаи, со лаптоп во скут и плажа во позадина, вели дека работи за себе, нема шеф и живее од тргување на берза. „И...

Трамп го обвини Зеленски дека го загрозува мировниот договор

Американскиот претседател Доналд Трамп го обвини украинскиот претседател Володимир Зеленски дека го загрозува, како што тој го нарече, мировниот договор за завршување на војната во Украина, и даде најјасна...