Нов род пеперутки именувани според негативецот Саурон од „Господар на прстените“

Во новоименуваниот род веќе се додадени два вида пеперутки

Image by Wolfgang Orthgieß from Pixabay

Британски научници именуваа нова група пеперутки според негативецот Саурон од романите „Господар на прстените“ (Lord of The Rings) на Џон Роналд Руел Толкин, јавува Би-би-си.

Експертите го избрале името Саурона поради црните прстени на портокаловите крилја на пеперутките, кои ги потсеќале на „окото што гледа сè“ опишано во книгите на Џ.Р.Р. Толкин.

Природнонаучниот музеј во Лондон се надева дека необичното именување ќе го привлече вниманието кон видот и ќе придонесе кон повеќе истражувања на истиот.

Во новоименуваниот род Саурона веќе се додадени два вида пеперутки – Saurona triangular и Saurona aurigera, додека научниците очекуваат да им се придружат уште многу други видови.

Би-би-си пишува дека двете пеперутки, сепак, не се првите суштества што го добиле името според Саурон – блескавото око на негативецот се споменува и во имиња на бубачки од измет, жаба и диносаурус.