ЦГК: Недостигаат 340 пожарникари, а пожари се гаснат со возила стари по 27 години

Најстаро противпожарно возило од 57 години е камионот ТАМ од 1966 година, на валандовската единица

-

Во земјава недостигаат 340 пожарникари, а противпожарните возила што ги користат во просек се стари по 27 години. Според најновите истражувања на Центарот за граѓански комуникации (ЦГК), слично е и кај амбулантните возила. Во земјава има 263 амбулантни возила кои се просечно стари по 12 години, а најчесто се и купени „на старо“. Само 30 од новонабавените вакви возила се нови.

Резултатите од истражувањето покажале дека помалку од законски предвидениот број пожарникари има во 16 од 34 противпожарни едници во земјава. Најмногу пожарникари, повеќе од 200, му недостигаат на главниот град Скопје. Скопската единица има 190, а треба да има 405 пожарникари.

Следен град на листата со недостиг од пожарникари е Куманово, каде има 33 пожарникари помалку отколку што пропишува законот, потоа следи Битола со 21 пожарникар помалку и Тетово, каде недостигаат 17 пожарникари.

Од друга страна, како позитивен пример е Ресен со дури шест пожарникари над законски определениот број, и неколку општини кои имаат по четворица пожарникари повеќе од минимумот: Гостивар, Струга, Кичево и Делчево.

Инаку, 34-те противпожарни единици вкупно имаат 284 возила – половина од нив се постари од 30 години, додека само 15 проценти се стари до 10 години.

Во последните три години се набавени дополнителни 65 возила, но и тие се со просечна старост од 17 години, покажува истражувањето.

Фото: Центар за граѓански комуникации

Најстари возила со просечна старост од 39 години има новоформираната противпожарна единица во Старо Нагоричане.

Следно со просечно стари возила од 38 години е Кратово, а 36 години просечна старост имаат возилата на валандовската противпожарна едница.

Најнов возен парк имаат противпожарните единици во Велес и во Штип, чии возила се просечно стари по 12 години, наведуваат од ЦГК.

Фото: Центар за граѓански комуникации

Најстаро противпожарно возило, 57 години, е камионот ТАМ од 1966 година, на валандовската единица.

Возила произведени во 1967 година има во Македонска Каменица, Битола, Крива Паланка и Демир Хисар.

Од марките возила, најзастапени се камионите ФАП од кои има дури 50 возила, просечно стари 39 години, а следни се 28 „Лада Нива“, просечно стари 23 години.

Во однос на истражувањето и базата на податоци на амбулантните и санитетските возила на здравствените установи во земјава, од Центарот за граѓански комуникации соопштуваат дека во земјава има вкупно 263 возила за овие потреби.

Санитетско или амбулантно возило поседуваат вкупно 58 здравствени установи. Најстарото возило „мерцедес“ од 1988 година, го користи Болницата за респираторни заболувања од Отешево.

Најнови се две возила набавени минатата година, едното од Клиничката болница во Штип, а другото од Здравствениот дом во Тетово. Просечната набавна вредност на возилата е 38 илјади евра.

Најскапо купени се возилата подарени од Министерството за здравство на Клиниката за детски болести од Скопје во далечните 2001 и 2013 година, со набавна вредност од 105 и 135 илјади евра.

Дури 73 проценти од овој вид возила здравствените установи ги добиле на користење или како донација.

„Само околу 22 проценти од возилата, здравствените установи ги купиле со сопствени средства“, се наведува во соопштението.

Фото: Центар за граѓански комуникации

Министерството за здравство, посочуваат од Центарот за граѓански комуникации, најчесто се јавува како институција која им ги отстапува на користење возилата на здравствените установи, додека како донатори се јавуваат други земји, невладини организации или поединци.

Најчеста марка амбулантни и санитетски возила е „рено“, од која има дури 74 возила, од кои 62 возила се од моделот „трафик“.

Следни се „ситроен“ со 35 возила, како и „фиат“ и „фолксваген“ со по 26 возила.

Истражувањето е изработено во рамките на проектот „Мониторинг на јавните набавки“, што го спроведува Центарот за граѓански комуникации, а е финансиски поддржан од Фондацијата Отворено општество – Македонија.

Претрес во гостиварско, пронајдени четири кучиња кои се користеле за борби

Полицијата во Гостивар вчера извршила претрес во гостиварското село Врапчиште поради основано сомнение за сторено кривично дело „мачење животни“, соопшти Министерството за внатрешни работи (МВР). Просториите во кои бил извршен претрес ги...

По секоја цена да се оцрни ЕУ и да се оправда руската инвазија врз Украина

Вистиномер анализира објава на Фејсбук која вели: ЕУ ве лаже. Лаже за Романија, Молдавија и Грузија, ве излажа „Претседателот“ за вакцините против Ковид, корупцијата и трговијата со влијание. Се лаже за корумпираната украинска дикттура и војната што...

Верижен судир на скопската обиколница, повредени три лица

Три лица синоќа се здобиле со повреди во сообраќајна несреќа која се случила на скопската обиколница, кај клучката Бутел кај Смилковското езеро кон Арачиново. Од Министерството за внатрешни работи (МВР) соопштија дека...

Обид за убиство во Крива Паланка, нападната 22-годишна девојка

Јавното обвинителство вчеравечер соопшти дека е донесена наредба за спроведување истрага против 25-годишник од Крива Паланка за кој постои основано сомнение дека сторило кривично дело убиство во обид. Осомничениот, во семејниот дом...

Претрес во гостиварско, пронајдени четири кучиња кои се користеле за борби

Полицијата во Гостивар вчера извршила претрес во гостиварското село Врапчиште поради основано сомнение за сторено кривично дело „мачење животни“, соопшти Министерството за внатрешни работи (МВР). Просториите во кои бил извршен...