fbpx
Таг: ВМРО-ДПМНЕ

таг: ВМРО-ДПМНЕ

ВМРО-ДПМНЕ: Се зголемува паниката во организациите под контрола на СДСМ и на Сорос

„Како што на виделина излегуваат сè повеќе и повеќе детали за начинот на кој мрежата на организации под контрола на СДСМ и на Сорос го корумпира невладиниот сектор, така се зголемува и паниката во нивните редови“, се вели во денешното соопштение на ВМРО-ДПМНЕ. „Деновиве, како и многупати досега, повторно сме сведоци како овие т.н. граѓански организации повторно се обидуваат да се претстават...

ВМРО-ДПМНЕ: Владина коалиција без нас значи соочување со проблеми во иднина

„Секоја партија која носи одлука за формирање коалиција без партијата што добила најмногу гласови и најголема поддршка од народот на изборите, треба да знае дека во исто време носи одлука да се соочува со проблеми во иднина, својствени на ситуации кога се игнорира волјата на мнозинството граѓани“. Ова е ставот што лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, го соопштил на денешната...

Витанов: Бев изманипулиран од ВМРО-НП, давам оставка и ќе соработувам со СДСМ

Еден ден откако беше објавено дека преминува во советничката група на ВМРО-ДПМНЕ во Советот на општина Струмица, Методи Витанов, советник од ВМРО-НП, денеска соопшти дека бил изманипулиран од централното раководство на партијата поради одлуката да се коалицира со ВМРО-ДПМНЕ и дека наместо тоа решил од денеска да дејствува како независен советник, а ќе ја поддржува советничката група на СДСМ....

Јанкулоска: СЈО е секогаш тука кога СДСМ треба да постигне некаква цел

„Специјалното јавно обвинителство одамна го загуби кредибилитетот да води какви било постапки кои се повразни со правото, меѓутоа го задржа приматот на еден од најистурените организациони делови на СДСМ, односно алатка во функција на СДСМ секогаш кога ним им е потребно да постигнат некаква цел“, изјави денеска поранешната министерка за внатрешни работи и висок функционер на ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Јанкулоска, по...

Јанкулоска на распит во СЈО, засега не се знае за кој случај

Пoранешната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска, утрово во 10 часот се појави на сослушување во Специјалното јавно обвинителство, но оттаму ниту ја потврдуваат ниту ја демантираат оваа информација. Засега не е познато за кој случај Јанкулоска е повикана на сослушување во СЈО. За поранешната министерка за внатрешни работи и за висок функционер на ВМРО-ДПМНЕ се отворени повеќе истражни постапки од...

ВМРО-ДПМНЕ: Платениците на Сорос во Македонија и во САД по ист терк

„Невладината пешадија од граѓански сектор, киднапиран и злоупотребен од страна на Сорос во политички цели и за корист на СДСМ, и во Македонија и насекаде на планетата има ист начин на дејствување. Агресија, антидемократија и обиди за насилно уривање на власта избрана од мнозинството граѓани“, порача ВМРО-ДПМНЕ денеска во соопштение. Партијата обвинува дека СДСМ и Сорос се посветени и добро платени...

СДСМ покажа дека не знае да се справи со загадувањето во Куманово, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Дамјан Манчевски и СДСМ најдобро покажаа колку не знаат да се справат со загадувањето на воздухот во Куманово, кое често се наоѓа на врвот на листата на најзагадени градови во Европа, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ на денешната прес-конференција на Манчевски за загаденоста на Скопје. „Пропаднаа сите лаги на СДСМ за некаква гасификација на Куманово и на Струмица, градови во кои гасот...

ВМРО-ДПМНЕ: Со „Мој ѓердан“ и со „Мој стент на црно“ не се подобрува здравството

Во време на СДСМ, македонското здравство воопшто не беше ни рангирано на Европскиот здравствен потрошувачки индекс (ЕХЦИ), реагираат од ВМРО-ДМНЕ на прес-конференцијата на Злате Мехмедовиќ од СДСМ, за состојбата на македонскиот здравствен систем. „Факт е дека ова е така затоа што ЕХЦИ не рангира корупција, купување ѓердани за колешките како што тоа го правеше Владо Димов од СДСМ, ниту, пак,...

ВМРО-ДПМНЕ: Шилегов да го прочита Уставот, пратениците можат да бидат министри

Согласно членот 93, став 5 од Уставот на Република Македонија, постоечката влада на која мандатот ѝ престанал поради распуштање на Собранието, останува на должност до изборот на нова влада, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ на денешната прес-конференција на Петре Шилегов, на која СДСМ најави кривични пријави за функционери од ВМРО-ДПМНЕ. Од партијата појаснуваат дека според Уставот, претседателот на владата и министрите кои се...

СДСМ со кривични пријави за функционери на ВМРО-ДПМНЕ за анкетните листови

СДСМ ќе поднесе кривични пријави против министрите од ВМРО-ДПМНЕ кои се и пратеници и кои поднеле по два анкетни листа за имотната состојба до Државната комисија за спречување на корупција (ДКСК), еден како министер и еден како пратеник. - Во Изборниот законик јасно е наведено дека функцијата пратеник е неспоива со функцијата министер и дека со денот на верификација на...

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ своевремено во здравството го имплементираше системот „Мој ѓердан“

Македонија во време на СДСМ воопшто не ни беше рангирана на Европскиот здравствен потрошувачки индекс (ЕХЦИ), бидејќи Европа не предвидува рангирање за ѓерданите што ги купуваше Владо Димов за своите колешки и за стентовите кои лешинарите од СДСМ ги продаваа на црно, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ, на соопштението на СДСМ за состојбата на македонското здравство. „Според извештајот на ЕХЦИ, системот „Мој термин“...

ТМРО бара ВМРО- ДПМНЕ да се произнесе за тврдењата на ДУИ за прифатената двојазичност

Лидерот на ТМРО, Ванчо Шехтански, денеска негираше дека Коалицијата за подобра Македонија ја прифатила двојазичноста која е предвидена во платформата на албанските партии. „Јавно дадените изјави на Али Ахмети и на Бујар Османи, дека Коалицијата за подобра Македонија ја прифатила платформата на албанските партии за редефинирање на државата со воведување двојазичност на цела територија е апсолутна невистина, а она што...

И со ВМРО-ДПМНЕ и со СДСМ немаме разлики за употребата на албанскиот јазик, изјави Османи

Портпаролот на ДУИ, Бујар Османи, синоќа во емисијата „Топ тема“ на „Телма“ изјави дека и со ВМРО-­ДПМНЕ и со СДСМ се усогласиле за примената на албанскиот јазик. - Првпат немаме никаква разлика со ВМРО-ДПМНЕ и со СДСМ за етничките прашања. Ако досега целата дилема беше околу членот 5 од Уставот, дали употребата на албанскиот јазик е на локално ниво или...

СЈО се претвори во филијала на СДСМ, велат од ВМРО-ДПМНЕ

За повеќе од една година, Катица Јанева потроши околу 4 милиони евра, а не направи ниту еден чекор со кој ќе ја увери јавноста во својата професионалност, објективност и непристрасност, стои во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ. „Напротив, СЈО се претвори во филијала на СДСМ. Покажуваше интерес и иницијатива само кога требаше да се спасуваат од одговорност, криминалци како аболираниот Заев или...

ВМРО-ДПМНЕ: Ќе ја продолжиме соработката со амбасадорите – пријатели на Македонија

ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение порачува дека не е против амбасадорите, „туку принципиелно реагира кога некои амбасадори ќе ги пречекорат своите овластувања и дјствуваат како замена за пратениците и владата избрана од граѓаните“. „Дежурните самопрогласени интелектуалци и платеници на Сорос не треба да стравуваат, ВМРО-ДПМНЕ не е против амбасадорите, туку принципиелно реагира кога некои амбасадори ќе ги пречекорат своите овластувања и делуваат...

ВМРО-ДПМНЕ ќе ги тужи Шилегов и СДСМ поради кривичните пријави за министрите

ВМРО-ДПМНЕ попладнево најави дека против Петре Шилегов и СДСМ ќе поднесе кривична пријава за лажно пријавување, откако портпаролот на СДСМ објави дека партијата ќе поднесе кривични пријави против премиерот во оставка, Емил Димитриев, и против министрите во оставка Никола Попоски, Никола Тодоров и Елизабета Канческа-Милевска поради прекршување на Изборниот законик. Партијата вели дека според Уставот, владата на која ѝ престанал...

ЛДП: Да престане хајката против амбасадорите пријатели на Македонија

Либерално-демократската партија изрази загриженост за последните соопштенија на ВМРО-ДПМНЕ, со кои, како што велат, свесно се нанесува штета на односите помеѓу државата и западните земји - пријатели на Македонија. „ВМРО-ДПМНЕ во еден ден успеа да се скара со САД, Германија и со ЕУ, откако без трошка срам и почит кон функцијата, безочно бараше „виновници“ за политичката криза во амбасадорите Бејли, Алтхаузер...

ВМРО-ДПМНЕ: Секој кој ќе излезе на улица, може да види во чие време се градело

Македонија денес е една од најмалку задолжените земји во Европа и покрај европската должничка и светската економска криза, што е резултат на успешните економски политики на ВМРО-ДПМНЕ, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ на соопштението на СДСМ, во кое се повикува министерот за финансии, Кирил Миноски да каже за што ги задолжувал граѓаните 40 милиони евра месечно. - Лагите на СДСМ...

ВМРО-ДПМНЕ: Вандализмот и анархијата на Сорос наидуваат на отпор низ целиот свет

„Вандализмот и анархијата што ја промовираат платениците на Сорос, наидуваат на сè поголем отпор и во Македонија и низ светот“, велат од ВМРО-ДПМНЕ и додаваат дека „веќе никој не верува во продавањето лаги спакувани како некаква борба за отворено општество“. „Станува јасно како бел ден дека скапо платените вандали на Сорос уништуваат сè пред себе за дебели пари. СДСМ и Сорос...

ВМРО-ДПМНЕ повторно со напад на Катица Јанева и на СЈО

ВМРО-ДПМНЕ продолжи со нападите врз СЈО и неговиот прв човек, Катица Јанева, и претпладнево обвини дека работат за Зоран Заев. Порача дека „со повлекувањето на предметот „Пуч“ и аболицијата на криминалецот Заев, Катица Јанева ја поништи и основната причина за постоењето на СЈО“. „Јанева и СЈО се срам за правосудниот систем. СЈО се заортачи со аболираниот криминалец Зоран Заев и...

Не е точно дека француски трупи пристигнале во украинскиот град Славјанск

Станува збор за некритички пренесена вест од опскурен Телеграм канал „Воена хроника“, непознат во пошироката јавност, а неговата релевантност и кредибилност се под голем знак прашалник. Оваа вест не ја...