Судењето на Јанкулоска за „Тенк“ продолжува на 29 август


       
Скопје, 29 јуни, 2018 - 14:26 (META) 

Судењето за поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска за предметот на Специјалното јавно обвинителство „Тенк“ е одложено за 29 август, бидејќи таа е на породилно боледување.

Одбраната на Јанкулоска денеска до Судот ја достави нејзината медицинска документација.

На Јанкулоска и се суди во раздвоена постапка во предметот „Тенк“, бидејќи имаше ризична бременост.

За случајот со набавката на блиндираниот „мерцедес“ по цена од околу 570.000 евра, поранешниот помошник министер во МВР Ѓоко Попоски беше осуден на шест години и шест месеци затвор, а поранешниот премиер Никола Груевски како поттикнувач за извршување на делото е осуден на две години затвор.