fbpx

Составот на преодната влада – главна тема на утрешните преговори

-

Бриселската рунда преговори помеѓу четворицата лидери на најголемите политички партии во Македонија ќе почне утре околу пладне, во зградата на Европската комисија, потврдија за „Мета“ дипломатски извори во Брисел.

Еврокомоесарот Јоханес Хан прави сè за пронаоѓање решение за излез од политичката криза, и речиси целиот ден му е резервиран за македонските преговори. Нејасно е дали тие би продолжиле утредента, но формално на агендата на Хан стои патување во Босна и Херцеговина в четврток наутро.

Дипломатски извори за „Мета“ велат дека утрешната рунда им е посветена на разговори за принципи, а не за детали на решението.

Едно од главните прашања ќе биде составот на преодната влада и кој ќе ја води.

Лидерите треба да пристигнат во Брисел утре наутро.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ОБСЕ/ОДИХР: Одредени портали се создаваат само за да добиваат државни пари за изборите

Изборите во Македонија беа добро организирани, но имаше остра реторика, а недостига и регулација во сферата на онлајн порталите. Ова е генерално оценката на набљудувачите на ОБСЕ/ОДИХР и на...