fbpx

Солунските трговски комори бараат да се отвори Евзони

-

Солунските трговски комори апелираат до грчките земјоделци и до грчката влада веднаш да се отвори граничниот премин Евзони за да не се направи дополнителен проблем за грчките компании кои се борат со последиците од финансиската криза.

Трговската и индустриската комора од Солун во соопштение истакнува дека поради блокадата голем број грчки компании и извозници повторно се соочуваат со проблеми во работата и со неможност да ги испорачаат и да ги увезат производите од своите клиенти и снабдувачи надвор од државата.

„Блокадата создава дополнителни сериозни проблеми за компаниите – членки на комората, особено извозниците, кои и онака се соочуваат со тешки проблеми, со обезбедување на суровини и нивно пренесување и со ова се загрозува нивното постоење. Континуираната блокада на преминот Евзони од земјоделските машини доведе до собирање на суровини наменети за индустриите на соседната држава на солунското пристаниште. Ова создава опасност да се искористат целосно складишните капацитети на пристаништето, што може да доведе до тоа бродовите кои пренесуваат стоки и суровини да ја сменат насоката, што ќе доведе до сериозни последици за имиџот на пристаништето во Солун, во особено критичен момент“, истакнуваат од Комората.

Апел за отворање на Евзони упатија и од Асоцијацијата на извозници од Северна Грција, кои посочуваат дека само една година подоцна по ланските блокади повторно се соочуваат со кошмарот од земјоделски блокади и сериозни проблеми со неможност да се пренесат и да се увезат суровини. Оттаму бараат владата и земјоделците да најдат посмирен начин и со дијалог да ги решат проблемите.

Сличен е и апелот на Асоцијацијата на трговци од Солун, кои изразуваат солидарност со земјоделците, но бараат од нив да не создаваат дополнителни проблеми за другите сектори.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Одбележани 121 година од смртта на Гоце Делчев

Претседателските кандидати Стево Пендаровски и Гордана Сиљановска Давкова положија цвеќе на гробот на Гоце Делчев во црквата „Св.Спас“, по повод 121 годишнината од неговото загинување. „Никој нема право да се...