fbpx

Сивата економија во државата изнесува 26 проценти

-

Сивата економија во државата може да изнесува и до 26 проценти, иако податокот до кој дојдовме вели дека тој процент е 22,5 отсто, истакна првиот човек на Сојузот на синдикати на Македонија, Живко Митревски.

Поради ова, ССМ во следниот период ќе почне со кампања против непријавената работа. Една од мерките ќе биде едукација на младите за нивните права, односно дека треба да одбијат работа на црно.

– Непријавени работници има во земјоделството, во градежништвото, во трговијата, во хотелите. Непријавените се на возраст од 15 до 30 години. Но, ние за работа на црно ја сметаме и прекувремената неплатена работа, како и исплатата на дел од сработеното во плик – истакна Митрески.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Вучиќ кон Пикси откако автобусот се заглави во песок: „Тешки сме Драгане“

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека е договорено финалето на Лигата на Европа на УЕФА во 2028 година да се игра на Националниот стадион во Сурчин. Вучиќ на...