fbpx

Стипе Месиќ: Македонската политичка криза ја оптоварува цела Европа

-

Македонската политичка криза ја оптоварува цела Европа, изјави денеска поранешниот претседател на Хрватска, Стипе Месиќ, при посетата на Општина Тетово, каде оствари средба со градоначалничката Теута Арифи. Тој смета дека кризата треба што поскоро да ја решат домашните политичари.

– Тоа што се случува во Македонија со политичката криза не е случај само за Македонија. Такви прашања има во сите земји и тоа се прашања што мора да ги решат самите политичари. Политичката елита во Македонија треба да ја реши оваа ситуација, зашто таа ситуација премногу ја оптоварува не само Македонија туку и Европа – изјави Месиќ.

На новинарско прашање, поранешниот хрватски претседател даде и коментар за бегалската криза, за која смета дека може да се искорени таму каде што почнала.

– Проблемот треба да се реши со политички средства, а не со војн, и тоа таму каде што настанал, во земјите од Блискиот Исток. Бегалската криза нè изненади сите, го изненади светот. Особено тие што ја создадоа. Тие не ги зедоа предвид последиците. Најлесно беше да се урне Гадафи. Но, сега што имаме во Либија? Имаме пет племиња што војуваат меѓу себе, имаме две влади и една полиција која го чува аеродромот – изјави Месиќ.

Тој попладнево, на Државниот универзитет во Тетово, ја промовираше авторската книга „Како се распадна Југославија“. Во книгата се содржани неговите размислувања за причините поради кои се распадна Сојузната Федеративна Република Југославија.

Утре Месиќ на седница на Совет на Општина Гостивар ќе биде прогласен за почесен граѓанин на општината. Ваква титула на поранешниот хрватски претседател му додели и Општина Тетово пред три години.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...