fbpx

Схинас: Европската комисија ги затвора извештаите за напредок

-

Европската комисија е во процес на затворање на извештаите за прогресот на земјите-кандидатки за членство во ЕУ, соопшти денеска портпаролот на комисијата, Маргаритис Схинас.

Комитетот за надворешни работи на Европскиот парламент утре ќе има средба со еврокомесарот за проширување, Јоханес Хан, посветена на прогрес-извештајот за проширувањето, но засега сè уште не се знае кога Европската комисија ќе ги објави извештаите.

– Сега сме во процес на носење одлуки во врска со извештаите. Бидејќи во тек е процедурата, би можел да ви дадам повеќе информации по неделниот состанок на шефовите на кабинетот, кој ќе се одржи денеска попладне. Затоа не би сакал да шпекулирам за што ќе разговараат. Кога ќе имам детали, вие први ќе бидете информирани – рече Схинас одговарајќи на новинарско прашање.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

В понеделник ќе биде врачена наградата „Роман на годината“

Во понеделник, на 20 мај, во Драмскиот театар во Скопје, со почеток во 19 часот и 30 минути ќе се одржи свечено врачување на наградата „Роман на годината“ за...