fbpx

Лекарите во знак на револт се собраа во кругот на Клинички центар

-

Во кругот на Клинички центар „Мајка Тереза“ попладнево, група лекари се собраа во знак на револт против посегнувањето по животот на нивни колега. Претходно тие има координативен состанок во амфитеатарот на клиничкиот центар.

Според лекарот психијатар Викторија Вујовиќ, тој што кренал рака на бел мантил, исто како да кренал рака врз целиот свет.

– Тоа што се случи утрово е недозволиво. Сите ние губиме по некој близок, но да се крене рака и да се стрела во тој што помагал е недозволиво и ги преминува сите граници. Лично сметам дека виновникот треба да биде осуден и да добие висока казна – изјави Вујовиќ.

Според д-р Викторија Чаловски, денешениот собир бил израз на спонтан револт поради тоа што се случи утрово.

– Не беше нападата само лекарската професија, туку беше загрозен физичкиот интегритет на лекарите. Ова денеска е последица на една состојба која подолго време тлее. Лекарите работат под закани, под притисоци – изјави д-р Чаловска.

Таа рече дека нејзиниот колега максимално професионално ја извршил интеревенцијата, но, за жал, и покрај тоа, како што впрочем и се случува, пациентката починала. Чаловска истакна дека во 21 век вакви настани се недозволиви и дека треба да се преземат мерки за да се заштити професијата.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Изложба „Уметници и бегалци“ во Чифте Амам

Изложбата „Уметници и бегалци“ ќе се отвори во вторник (2 aприл) во Националната галерија Чифте Амам во скопската чаршија. Делата на изложбата се инспирирани од сведоштва кои биле директно раскажани...