fbpx

СДСМ: Додека Црна Гора чекори напред, Македонија со Груевски стои во место

-

Дебаклот на економските политики на Никола Груевски е проследен и со уште еден пораз на меѓународен план, реагираат од СДСМ.

„Министерскиот совет на НАТО донесе одлука Црна Гора да биде поканета за нова членка на Алијансата. СДСМ им честита на граѓаните на Црна Гора за овој успех на земјата. За жал, додека земјите од регионот чекорат напред во евро-атланските интегративни процеси, Македонија, со Никола Груевски, десет години стои во место“, пишува во соопштението на СДСМ.

Оттаму додаваат дека за Никола Груевски приоритет во изминатите години не биле решавањето на отворените прашања, реформите и напредокот на земјава, туку тендерите и бизнис-интересите на фамилијата.

„Поради погрешните политики на Никола Груевски, Македонија и сите нејзини граѓани неповратно загубија десет години“, наведено е во соопштението на опозицијата.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ОБСЕ/ОДИХР: Одредени портали се создаваат само за да добиваат државни пари за изборите

Изборите во Македонија беа добро организирани, но имаше остра реторика, а недостига и регулација во сферата на онлајн порталите. Ова е генерално оценката на набљудувачите на ОБСЕ/ОДИХР и на...