fbpx

УПОЗ и Здружението на судска администрација за утре најавија штрајк

-

Синдикатот на работниците од управата, правосудните органи и здруженијата на граѓани (УПОЗ) и Здружението на судска администрација за утре од 10.30 до 12.30 часот најави предупредувачки штрајк, преку кој ќе побараат измени во Законот за судска служба, пишува „Вест“. 

Од УПОЗ и од Здружението за судска администрација сметаат дека законот што почна да се применува од средината на февруари оваа година е несоодветен, демотивирачки и ретроактивен.

„Кога се донесе Законот за админстративни службеници, голем број закони се пресликаа директно во него. Оценувањето станува голем проблем затоа што со одредбите од овој закон се предвидува дека пет проценти од сите судски службеници мора да бидат казнети, а пет проценти наградени. Со една оценка „не задоволува“, судскиот службеник може да го изгуби работното место, со две последователни оцени „два“, пак ќе го изгуби работното место“, ја пренесува „Вест“ изјавата на генералниот секретар на Синдикатот на УПОЗ, Трпе Дејаноски.

Претседателот на Здружението на судска администрација, Борче Мирчевски, пак, на днешената прес-конферецнија, на која е најавен штрајкот, изјавил дека Законот бил донесен во „многу кратка и нетранспарентна постапка“, во која не биле консултирани „оние на кои се однесува ниту, пак, експерти“, што резултирало со „голем број технички грешки и законски одредби што го прават законот неприменлив“.

Според Дејановски и Мирчевски, со измените на Законот за судска служба се засегнати сите вработени во судовите, чиј број заедно со судската полиција, според нивните првични процени, изнесува 1.400 лица.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Столе Попов е добитник на наградата „Златен објектив“ за 2024 година

Столе Стојан Попов е овогодишниот добитник на наградата „Златен објектив“ која се доделува секоја година на 29 април по повод роденденот на Кинотека на Северна Македонија. Признанието „Златен објектив“ се...