fbpx

Илјадници административци го блокираа Скопје, бараат достоинствени плати

Револтирани од покачувањта на платите на функционерите, илјадници работници од јавната администрација, предводени од Синдикатот на работниците од управата, правосудните органи и здруженија на граѓани, излегоа да побараат плати за достоинствен живот

-

„За нас ѓеврек, за вас бифтек“, „Штитиме граѓански права, се повредуваат наши права“, беа само дел од транспарентите, со кои денеска неколку илјадници вработени во судската администрација, потоа, вработени во Јавното обвинителство, Фондот за здравствено осигурување и Канцеларијата на народниот правобранител и други здруженија, го искажаа незадоволството од, како што рекоа, ниските плати.

Тие реагираа против покачувањето на функционерските плати и побараа и тие да имаат плати за достоинствен живот.

Протестот беше предводен од Синдикатот на работниците од управата, правосудните органи и здруженија на граѓани (УПОЗ), а беа и присутни поддржани од Управата за заштита на културното наследство, од Пазарниот инспекторат, Агенција за филм, како и од други синдикати од јавната администрација.

„Новата просечна плата за месец септември изнесува 37.876 денари. Го повикувам Фатмир Битиќи да дојде овде и да праша кој од овие вработени има 37.876,00 денари плата“, рече Трпе Деаноски, претседателот на УПОЗ.

Речиси сите говорници на протестот остро реагираа против изјавата на вицепремиерот Битиќи за покачувањето на платите на вработените во ФЗО и во правосудството.

„Немаме проблем да ги зголемиме платите и во судство и во обвинителство ако при тоа граѓаните не чекаат по шест години за своите предмети за да им се реши судбината. Нема проблем, ќе решиме сè, само да не биде на штета на другите. При тоа треба да не заборавиме ако го зголемиме фондот за плати во здравство, во обвинителство, во судовите, ќе треба да скратиме од пензиите, ќе треба да скратиме од оброците за студентите, ќе треба да скратиме од книгите за учениците. Едноставно е, изборот е тој“, изјавил вицепремиерот.

Претставниците на синдикатот ја сметаа изјавата за крајно навредлива, бидејќи се обвинуваат судските службеници за одолговлечените судски предмети и се претставуваат нивните барања за повисока плата како штетни за други социјални групи.

„Немојте пред јавноста да ги навредувате судските службеници, немојте да ги злоупотребувате најранливите категории на граѓани. Времетраењето на постапките не зависат од судските службеници. Во кој рок ќе се достави писмена пресуда, писмо покана или каква било доставница, зависи од судијата“, изјави Јасмина Величкова, претседателката на Независниот синдикат на судска администрација.

Претседателот на УПОЗ оцени дека не личи, вицепремиер во Влада наместо, да ги решава проблемите на граѓаните, да ги хушка и да игра со емоциите на пензионерите, родителите и студентите, дека вработените се виновни за сè што се случува во државата.

Величкова дополни дека таквите изјави дека тенденциозна бидејќи сака да ги стави судските работниците на спротивната страна на социјално ранливите категории.

Членовите на УПОЗ штрајкуваат барајќи повисоки плати уште од септември годинава. Се состанале со претставници од Владата, но сè уште немаат постигнато договор.

„Ако пратениците не почнат да ја работат својата работа и не застанат на страната на работниците кога ќе го гласаат новиот буџет, да знаат дека се ближат избори, а вработените памтат“, дополни Деаноски.

 

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Дебар Маало го прослави роденденот на Горан Стефановски

Во чест на роденденот најпознатиот македонски драматург, во Дебар Маало денеска повторно се слушаше гласот на Горан Стефановски преку неговите аудио драми кои ги пушташе платформата „Самоглас“. На настанот организиран...