This page was exported from Meta.mk [ http://meta.mk ]
Export date: Fri Nov 16 13:49:04 2018 / +0000 GMT

САД дава поддршка Македонија да стане членка на НАТО, рече Димитров по средбата со Помпео




Министерот за надворешни работи Никола Димитров вчера во Вашингтон имаше официјална средба со државниот секретар Мајк Помпео кој дал силна поддршка Македонија наскоро да стане 30-та членка на НАТО.

- Ова е многу важен момент за македонската дипломатија. Со државниот секретар Мајк Помпео денеска имавме средба што силно охрабрува - изјави Димитров по средбата.

Тој додаде дека тајмингот на средбата е од огромна важност.

- Како што е познато, фокусирани сме на домашните задачи. Потребна е победа на референдумот кој ќе го потврди Договорот што го постигнавме со нашите пријатели од Грција. Македонија има намера да стане рамнопрвна членка на воената алијанса, и нашите американски партнери даваат целосна поддршка во тоа - изјави Димитров.

Укажа дека со вакви охрабрувачки ноти од САД утре се враќа во Македонија лично да ја пренесе пораката до македонскиот народ.

Министерот за надворешни работи најави активна кампања во пресрет на референдумот во која преку медиумски и онлајн контакти со јавноста ќе појасни за историската важност на Договорот со Грција и влезот на Македонија во НАТО.

Помошникот државен секретар за европски прашања, Вес Мичел, го поздрави својот македонски колега за успешниот Договор помеѓу Македонија и Грција постигнат во Преспа.

- Како еден од архитектите на Договорот, министерот Димитров играше критична улога во целиот процес. САД силно ги поддржуваат напорите на македонската Влада. Ја цениме улогата што Димитров ја игра во целиот процес и САД пожелуваат и се надеваат на успешен референдум - изјави Мичел.
Post date: 2018-08-22 09:31:46
Post date GMT: 2018-08-22 07:31:46
Post modified date: 2018-08-22 09:31:46
Post modified date GMT: 2018-08-22 07:31:46
Powered by [ Universal Post Manager ] plugin. HTML saving format developed by gVectors Team www.gVectors.com